Девојки предлог места Грција за почеток на јуни период 3.06-15.06 најдоцна кај е најтопла водата , Ваша препорака?
Дали некој од вас бил во Camping Castello на вториот крак? Со години го меркам, ама никако да се решиме. Каква е водата, плажата, местото, итн...
Бев пред 4 год.да го видам. Прекрасен е, среден, убав, има убави бунгалови,.плажата убава,морето мирно,за со мали деца идеално.
Предлог чист хотел или апартман со пристапна цена во Грција (Калитеа, Ханиоти, Пефкохори, Полихроно) ?
Ние бевме лани на почеток на септември, малата ми беше точно една година, на плажата во Сарти бевме само првиот ден.Премногу дуваше, ( многу ми беше шубе за малата оти мене ми беше ладно од ветерот не па неа) нас и два дена ни врнеше, моравме секој ден да одиме со кола по други плажи, а смештајот ни беше веднаш до плажа Се надевам вас ќе ви се погоди времето.Инаку местото е убаво за шетање и има мн убави плажи во околината.Поздрав
Предложете некои добри дестинации за пар за 7 дена. Размислувавме за Лефкада, Нидри бидејќи не сакаме да одиме со кола, не знаеме колку е паметно да се оди таму без кола, но читам тука дека може да се изнајми кола, мотор, велосипед па би сакала ваше размислување. Забави, дискотеки, ресторани не ни се во план, сакаме да посетиме интересни места и убави плажи. Да има што да се види и ако не си на плажа. Некој да сподели како се движат таму цените и дали е океј место за крај на јуни? Некои ваши други предлози? @Ahoy како поупатен ..
Здраво, место за одмор за пар ќе ве молам? Да нема премногу гужва, но и да не е мртво(ако ме разбирате). Да има по некое ресторанче, кафич т.е место за шетање. И на кое место од краците има најубави плажи кои се близу апартмани? (бидејќи не ни се развозува со колата по плажи, сакаме поблиску до сместувањето да ни е) Фала вии
Лефкада без кола не, но да, таму може да изнајмите кола/ скутер. Инаку е прекрасна дестинација. За без кола може да се сместите во Нидри или во Лефкас, па потоа да го обиколите островот. Од Нидри има и тури со брод до најпознатите плажи на Лефкада, плус некој околни острови, како Кефалонија, Итака и сл. Друга препорака од мене би бил Скијатос. Таму можете без кола, можете, но не морате да изнајмите, колку што знам локалниот превоз таму е одличен и можете комотно да го користите. За островот не мора да зборувам, нема лоша плажа. Плус имате можност за излет со брод до Скопелос и Алонисос. Ако не сакате остров, може Парга или Кавала. Парга е преубава, располага со неколку прекрасни плажи достапни пеш. Ако одите во Парга, не пропушајте излет со брод до Паксос и Антипаксос, со најубавата плажа во Грција. Од друга страна, Кавала е веќе голем град, со развиен туризам и многу убави плажи во близина. Можете и на Тасос да скокнете од таму. Е сега, не знам со каков буџет располагате, ама гледам од летово ќе има чартер од Скопје до Кипар, тоа ви е одлична дестинација, иако Кипар не е во Грција. Можете по агенциите да разгледате понуди и за Родос, тоа исто така би било авионски. Пак ќе речам, зависно буџетот.
Ако сакате на Халкидики, тогаш Калитеа, Пефкохори или Сивири на првиот крак. Афитос е најубав таму, ама до плажа ќе треба со кола. На вториот крак можете Никити и Неос Мармарас со сместување близу стадионот. Инаку најмногу мислам дека би ви одговарало Парга на Јонско море.
Здраво Планираме на одмор почеток на јуни, со две деца од 8 и 10г. на кои им се здосадува само плажирање. Услови ни се сместување на плажа, а,, зад нас'' да е градот и да има за шетање. Лани бевме во вила Оазис во Аспровалта и беше совршено-се беше тука. Препорака?
Agora Beach Bar, Elani, Elephant Beach Bar, Sani, Faros Seaside Bar, Leuki Ammos Beach Bar, Cabana Beach Bar, Eldoris Beach Bar на прв крак. На втор крак Tigania, MOA Seaside Beach Bar, Las Bandidas Beach Bar, Barbatolis, Monte Cristo Beach Bar, Chica Beach Bar, Estrella Bar & Taverna, Ark Beach Bar, Manassu, Talgo. На трет не знам баш, Тотос, Балконаки, Амос, Акрогиали и Perroquet во Олимпијада само.
Некој/а што е бил на одмор во Грција крај на мај-почеток на Јуни какво е времето, топла ли е водата? Што да очекувам?