Времето верувам ќе ви се погоди, ама не очекувај топла вода. А зависи и каде. Пред две лета во средина на јуни Егејско беше малку стоплено и можеше. Лани исто прв пат средина на јуни се бањав на Афитос ама до кај 4 после фаќаше веќе доста ладно.
ПА доколку е топол базенот, ако они го топлат и ако е сончево надвор мислм дека ќе ви биде таман. Но за море крај на мај мислам ќе е ладно. Реално ни деновиве не се нешто посебно топли. Земете си купаќи па ако не ви е ладно бањајте се
Искуство со Никити, за со мало дете? Немаме одено таму, се мислевме дали пак да одиме во Неи Пори, ама сакаме да смениме годинава па уплативме во Никити. Кои плажи да ги посетиме на 2 крак? @Ahoy тебе те барам тука за совет
Пред неколку години бевме крај на мај на викенд во Полихроно, јас се бањав, маж ми не. Дека е топла, не е , ама се издржува
Ние лани бевме во Никити, веројатно и оваа година ќе ни биде избор. Преубаво место, океј градска плажа, плажите песочни, водата пречиста и плитка, во Никити има шеталиште со ресторани, кафичи, таверни, баш сѐ шо треба за одмор со деца. Ние лани ги посетивме Калогриа, Ковиу, Лагомандра, Елиа, Агиос Јоанис, Трани Амуда и Лагониси. Која од која поубава. Се надевам дека ако одиме таму и оваа година, ќе успееме да прошетаме барем дел од тоа што ни остана.
Супер е Никити за со мало дете, убав помин и максимално уживајте Од плажи, Лагомандра зашто изобилува со природни сенки, Ковиу и Калогриа веднаш до Никити, па и Спатиес од тие тука, Лагониси и Ормос Панагијас (Трани Амуда) од другата страна, Елиа, Кариди до Вурвуру... има многу, сите се преубави.
Пред можеби 10тина години. Преку Јк Травел, Вила Фиоре. Убава местоположба, блиску до центар и до Писо Крионери и Крионери градската плажа. Вилата барем тогаш беше со мали соби, скоро пак нефункционални шпорети, постар мебел. Нас не ни сметаше ама во секој случај далеку од луксузно. Плус подалеку од Валтос, најголемата плажа што е таму.
Генерално Парга не е преголема како место, мене и ми остави преубав впечаток. Меѓутоа од Фиоре до Валтос секој ден повеќе од 20 минути имавме за пешачење. Плус скали за искачување така да таа страна од кај Валтос мислам дека е многу подобра.
Некој што бил во Кавала да ми каже што да се види, каде да се прошета, апартман/хотел блиску до центар да препорачате? @Kallias2 Ако не се лажам живее таму, извини ако грешам.
Ние бевме исто преку ЈК Травел, меѓутоа во хотел со полупансион. Хотелот не ми текнува како се вика, меѓутоа беше во градот, заразлика од оваа вилата која беше малку понастрана, ние бевме ептен топ локација. Појадокот беше во самиот хотел, а вечерата во таверна блиску хотелот. Исто така, си доплативме за превоз. Супер бевме задоволни од организација од агенцијата. Плажата градска ни беше блиску и таму одевме кога не мрзеше. До плажата валтос има и бродчиња што работат како такси и ги има цел ден наваму-натаму, немора пешки да се мкнете. Исто така, доколку се одлучите за Парга, не пропуштајте да одите на Паксос и Антипаксос*9 Јас сум била, меѓуто ван сезона да речам, најчесто во Септември. Лично за мене за јули/август ми е многу гужва. Инаку Каликратија како градче е убаво, многу чисто и средено. Има огромна градска плажа со бич барови, меѓутоа има и место за своја опрема, ако неќеш да плаќаш. Плажата е со ситен сив песок убава е и плитка, за со деца е одлично. Во центарот, по шетачката улица, има многу барови, кафани, кафичи за седење, ручек сл. Најубавото гиро е исто во центарот во Гирадико со доста присотјни цени. Мислам дека заразлика од краци, лично, Каликратија е поефтина.
Како е во Неа Потидеа? Заинтересирана сум за JK blue saphire вилата на сама плажа. Ме интересира што има во близина, дали има маркети, ресторан..?
Вилата е надвор од Неа Потидеа, на 2-3км., нема ништо во близина. Веројатно ќе ви се допадне единствено ако сакате мир и само мир. Во спротивно не би ја препорачал Неа Потидеа.