Препорачајте ми на Халкидики атрактивно туристичко место за млади. Сум била само во Калитеа, сакаме годинава да одиме Грција на одмор ама не ги знам местава за да се одлучам.
Се согласувам со ова лани бев и секој ден огромни бранови невозможно беше да се плива и ДА баш досадно место е Врахос
И јас сакам некој предлог за некое убаво место на прв или втор крак(освен Сарти ради ветерот) ☺️ И некој ако бил Фурка искуство за таму да сподели
Камења, одма е длабоко и има бранови. На таа страна подобро Платамона. Мислам само Калитеа е такво место. Оди Закинтос
Торони или Сарти за пар? Или на прв крак нешто со убава плажа али неискомерцијализирано како Калитеа, Пефкохори..
Предлог за место што има песочна плажа во Грција ама да има и каде да се прошета во околината? Да не е само едно градче.
@macysh Сарти не сум била, а Торони има убава плажа и во околина голем избор на едни од најубавите плажи на вториот крак, меѓутоа Торони нема забава, повеќе идат фамилии со деца или ако сте за одмор во права смисла на зборот е ок за забава ќе треба да идете накај Неос Мармарас Сарти е по раздвижено од тоа што сум слушала, само на градската плажа тој дел од морето има некои опасни струи, скоро секое лето има по некоја несреќа но и од таа страна на кракот исто се едни од наујбавите плажи.
Д Дали и торони има ветер како што кажуваат за Сарти или е мирно море? Лани бев Врахос и нонстоп ветер и бранови
Препорачајте ми хотели во Калитеа или Неи Пори во август ( каде е поубаво за плажа, за шетање со деца ) ? Ќе бидеме со скоро 2 годишно дете , може и уште едно семејство ќе ни се придружи
Според мене и мое искуство Торони ми е многу боље, во смисла на помирно е, Сарти е мн комерцијализирано и има пемногу гужва на сите страни и лудница е и за возење и за паркинг. Како на прв крак. Торони и плажата е многу поубава и морето. Башка што ако одите со кола може да си шеткате секој ден на различна плажа, а навечер може и да излезетепо други места и мирно да спиете, што од мое искуство на Сарти ми е невозможно.
@Zumbulce9 @awkey Фала вии Договорот падна за Торони, и мене некако поише ми правеше ќејф Торони. Не би требало да ни е досадно, идеме баш на одмор - одмор да лежиме по плажи и да шеткараме по ресторанчиња а не за журки. Додуша, со кола ќе идеме па ако ни прифали журка ќе тркнеме еве до Неос Мармарас.
Може некој да ми предложи место, не многу далеку од граница, со смештај до плажа за неколку дена? Сакаме да одиме на 3,4 дена, а трудна сум, па да не ми биде мачење. Од ваше искуство некој предлог?
Еве ме 3 дена вртам само за некаде, ама пак очи ми боде Ситонија, Никити или Неос Мармарас, а не ми се трга од друга страна што 7ми месец ќе сум
Каликратија или Флогита до неа би ти препорачала, од причина што имаш се до тебе што ти треба, плажите се убави, песочни и плитки, нема да имаш мака да влезеш во вода. Инаку моја пријателка, брмеена, лани отидоа (пред да се породи во јуни) во Геракини и беа многу задоволни. Преку некоја од нашиве агенции, релативно блиску ти е и тоа немаш гајле (разликата од каликратија и геракини ти е 20 мин.)