@IRBBB убава ли е таа градска плажа во Никити, скоро сите апартмани што ги гледав се наоѓаат во близина или на градска плажа? Мора ли лежалка да се земе или може и со крпи? Со 2 деца сме, а планираме агенциски да одиме, не со кола, дали е се близу што би ни било потребно? Исто читав дека еден дел бил со поситен песок, друг со камчиња и камења, на што да внимавам при барање сместување? @happygirl вие во која вила резервиравте?
Ние букиравме во Мавридис. Со кола ќе одиме здравје, па планираме да го прошетаме вториот крак, да видиме различни плажи.
Океј е градската плажа, ама не е кристално тиркизна за разлика од тие во околината. Има дел што е со лежалки и слободен дел за крпи, тука каде што е слободниот дел песокта е ситна и мека. Никити е големо, имате лидл понастрана, тука имате масутис (мислам дека така се вика, исто огромен евтин маркет), кафичи, таверни, ресторани, големо шеталиште, доктор, аптека...мислам дека има буквално се шо можи да затреба за со деца. Со кола е убаво да одите за да прошетате по околните плажи, ама и ако ви одговара да сте само на едно место,мислам дека ќе сте задоволни, бидејќи стварно има сѐ.
Jas i sin mi za 3nedeli kje odime na Krf, potočno Ipsos. Može dokolku nekoj bil da mi kaže kako e, kade da šetame...
Сум била пред 5 години. Скоро сите вили се со поглед на море и само улица ги дели од морето. Плажата е широка и долга со ептен ситен песок. Водата е чиста, ама е често разбранувана. На нас од 7 дена само еден ден не беше со бранови, и тоа баш бранови што те плеснуваат на земја. Воопшто и не се бањав тој одмор. Неколку таверни/кафиќи имаше, можеби и два само да беа, 3 продавнички и толку. Ноќен живот, сендвичара, слаткара, ништо нема. Според мене многу досадно место. За шетање, можеш да шеташ по улицата на тротоар, околу 2 км мислам дека има за одење од почеток до крај. Врахос е место кој сака одмор само да спие и да седи на плажа (иако со брановите е непредвидливо и бањањето).
Ме интересира доколку некој бил на одмор во Флогита во некоја од овие две вило да ми даде мислење - вила Тасоула и вила Хрисанти?
Здраво ве молам споделете хотел во Грција или Турција за одмор за двајца во Август. Буџет 1000-1200€...
Theoxenia Ouranoupolis, Akrogiali Olympiada, Olympic Bibis и Porto Matina Метаморфози, хотелите во Фурка...
Градот Крф обавезно повеќе пати навечер да го шетате. Прекрасен е. Потоа има еден како дворец на врвот на планината, има и Aqua park во ридовите. За плажи и убави погледи одете на север (Каналот на љубовта, Палеокстрица и слични). Само на север водата е прилично ладна (дури и во Јули).
Не е туристичко место иако е покрај море, и на лето местото е буквално мртво, без туристи. Има рудник, па ни морето не е нешто. Како база има супер локација, на разумна оддалеченост ви се и плажите околу Олимпијада кои се рајски, но и Атос и Амулијани. За друго, не.
Прв пат и јас го гледам местово. слушајно ми излезе една вила со двор на сама плажа. ама не би сакала да шетам секој ден по плажи дека сум со мало дете. Абе нема смештај луѓе, дури ни за пари и тоа шо е останато е 90-100 евра од ден.
Гледајте прв крак, повеќе Неа Скиони и Фурка, втор крак не гледајте, евентуално Метаморфози, Сикиа и Геракини, трет крак обично е поефтин, сите места (Јерисос, Уранополис и Неа Рода), потоа Олимпијада исто на Атос, и Ставрос секако тука во близина. Можете и Неа Каликратија, Неа Плагија, Неа Флогита и Неа Мудања. Во овие места би требало да најдете смештај по пристојна цена на Халкидики. Ако не сте стриктно одлучени за Халкидики, можете да го ѕирнете и Неи Пори. Ако не ви е проблем да одите на остров, Тасос знае да биде поефтин, а и траектот не е многу скап.