Искрено лично не сум се сретнала со такво нешто, сум била повеќе пати. Мене Сарти ми е многу повеќе гужва и панаѓур од Вурвуру пример
Вурвуру е местото каде што некој редовно гребе коли со македонски регистрации? Како за него да пишуваа по групиве за одмори, а се фалеа преубаво било независно од инцидентиве.
Ако не се лажам тоа беше на прв крак некое. Знам дека на Калитеа нон стоп има некои инциденти. Јас како што кажав сум била неколку пати, немав никаков проблем апсолутно со ништо.
На Калитеа лани им ги кршеа стаклата на колите, демек паркирале непорписно околу тој големиот хотел Амон Зеус, како не било заради македонските таблици. Како и да е за Вурвуру и имам слушнато и прочитано пофалби, сигурно е убаво. За Калитеа можам да потврдам дека е ок.
Тоа да, секаде може да се случат инциденти. Вака ми текна се жалеа масовно во тие групите за одмори, првично дека македонски биле регистрациите, после испадна лошо паркирале и блокирале влез до хотелот. Што било, како било навистина кој да ги знае точно. Знам многу одеа агенциски со автобуски превоз заради ова да избегнат можни проблеми.
Ја *куца у дрво* со години одам со кола ништо не ми се десило. Али знам дека имало инциденти кај што и нашиве нешто се курчеле па грциве да им вратат им ги оштетуваат колите. Абе хаос
Дали некој бил или е во Грција периодов? Дали е за бањање и кои места се така поблиски за викенд, гледав Афитос, Паралија...предлози?
Што е работаца со Booking, на сите места во Грција гледам по 10-15 properties за во Август. Дали уште немаат објавено?
Лани бевме Лептокарија , убаво беше освен камењата и веднаш длабоко во морето. За годинава бараме некое слично место со слични цени да има и детско игралиште ама песочна плажа и плитко . Мм не сака на краците баш во тоа време кога бевме ние се изгубија децата од тука и некако одбивност му се створи. Па размислуваме за Паралија (другарка ми рече дека е нечисто морето ама била пред 10 тин г... .),Ставрос или Кавала. Некој што бил скоро да каже како е ?