јас изгледа ќе одам во грција.... а уште ли не го признаваат пасошот и ги даваат тие листовите како замена??
Дечки некој збор за Ставрос, кој бил? Плажата, водата, ноќниот живот, место за шетање, гужви има-нема
Јас бев мината година за Неа Врасна и еден ден отидовме за Ставрос бидејки е само 10 минути оддалечен. Местото не е баш мало има разни продавници , ресторани.. Има малце гужва а плажите се добри
Јас сум била и мн е убаво.И морето,плазата,се .Има дискотеки,продавници,ресторан.А за гузва зависи кое време ке одиш.
Фурка е убаво помало местенце, каде има и млади, меѓутоа воглавном се тоа фамилијарни луѓе. Има само една јавна плажа, убава е ама премала, другото се се приватни, што на хотелите, што на тие што нудат приватен смештај. Има многу Срби гости (ко и сегде веќе ), и многу Македонци што работат. Цените се ко во Солун отприлика, ништо поскапо. Има неколку кафичи-дискотеки кои што не се пунат баш full со луѓе. Сите објекти се интернет-кафиња и онакви ко флиперници. Е таму место фаќање тешко, врие од деца. . Ja би го сместила во средна категорија, не е лошо, меѓутоа му фалат луксузни хотели, ресторани за да стане баш привлечно. Вака се вади само дека на море излегува. Ако сакате малку поchill одмор таман ви е.
Грлс.. некоја од вас ќе оди накај 10 јули за Грција, на вториот крак.. мармарис.. се вика местото мислам..?!
Мармарис не е лошо ама плажата не е убава и е пристаниште колку што се сеќавам сум била таму и не знам колку е чиста водата, ама во околината има убави плажи блиску до Мармарис.
не одам преку агенција имаме број од газдите на едни убави апартмани,кај што неколку години со ред одат наши пријатели иеве годинава по втор пат ќе ги дружиме . А како е преку агенција не знам.
Па цените се отприлика како на краците а за некои работи е и дури поевтино, ретко има макдеонци па е прав одмор без цели куќи со македонци и оговарање по цел ден на плажа, повеќето се скандинавци англичани, французи, германци, дури и срби има малку. ете на пример ние за простран голем апартман со две спални кујна дневна купатило и балкон голем , одалецени на 50 метра од плажата плаќавме 40 евра денот за 4ца.
Јас пред една недела се вратив од Ханиоти,и сум презадоволна.Многу ми се допадна местото.Кафичи има,дискотеки не.Најблиска дискотека е 10км од Ханиоти.Е сега зависи каков одмор сакаш.Ако одиш за журкање...па и не е баш такво местото.Има и доста постари луѓе и баш бев зачудена колку ги имаше,а има и млади секако.Најмногу има срби,па македонци,руси...А плажите ми беа убави И најважно да кажам дека е скапо,прилично поскапо од кај нас Ако те интересира уште нешто,прашај Позз!
Ако одиш на краците добар избор си направила со Ханиоти. Другите околни туристички места се доста помали. Во ханиоти има доста кафиќи и голем број на коктел барови. А дискотеките се да, како што кажа феминката погоре некои 10 км оддалечени од ханиоти. Сепак ако имаш прилика можеш да ги посетиш зошо стварно вреде да се посетат. Посети ја пеарл ор ејнџел. Има доста добри журки. Тие се пред калитеа. Иако навечер и во кафиќите во Ханиоти е сосем ок. Сум била во неколку кафиќи покрај плажа навечер и таму е мн интересно.или иди во хотели. Ке можиш да влезеш. Посебно таму кај шо е ол инклузив.(спријатели се со некој таму, и онака се му е платено) Е таму навечер, знаат да се направат многу добри журки. Посебно ако руси отседнале у хотелот Јас летово ке бидам у полихроно ама нонстоп планирам да си го посетувам ханиоти и околните места
Мислиш на Неа Мармарас, така? Таму во гратчето нема некоја посебна плажа, тоа место ти е само за шетање. А пред гратчето и после него има хотелчиња и убави плажи. Јас лично ти ги препорачувам плажите Лагомандра и Елиас - до нив се доаѓа преку скалички од патот надолу. Во тој дел каде што се симнуваш има карпи, ама плажите се песочни, има и крупни камчиња. Водата е многу чиста и топла, само знае понекогаш да има многу морски треви исфрлени на брегот. И велат дека има ежови, ние не видовме ниеден. Има доста хотелски капацитети, ама Ситониа во глобала е помирен крак, односно, нема толку места како Касандра.
И Метаморфозис е мн убаво мало место со мн борови дрва , карпи песочна плажа и чиста вода. МНогу мирно мести инаку се сејќавам Неа МАрмарис е прежешко, едно од најжешките места кај шо сум била, нема воздух на вечер не се диши. Ситонија е најубав од краците и е за вистински одмор, бев кафичи журки мн и такв работи прекрасна природа и мир .
Mармарас е поексклузивно од Метаморфози, повисоки цени каде каде бидејќи таму повеќето што идат се со подлабок џеб, врие јахти, ексклузивни скапи аута и нормално е.