во врасна има аптеки? каква е плажата? Баш во врасна, не во неа врасна. Бидејќи сме со мало дете најдов вила подалеку е од плажа, на 200 метри е, но е со голем двор и играчки, секако нема да сме на плажа по цели денови, па се одлучив на оваа варијатна отколку да сме во вила на плажа и на кат и да дреме дете на тераса цело време.
Нема во Врасна аптека, во Неа Врасна и Ставрос да. Не би требало тоа да ви биде проблем ако сте со кола, пет минути возење. Плажата лично не мислам дека е за со дете, морето е брзо длабоко и често има бранови по 1 метар. Од 8 дена кога бев, само 3 се капевме на таа плажа, не само што беше невозможно од брановите, туку и водата беше ептен гадна и после нив некое време додека се исчисти. Иначе местото како место е баш пријатно. Во тој регион подобро најди смештај во Ставрос, има баш како што ги опиша, ама гледај да не е нов Ставрос (на иста страна како Врасна). Плитко, почисто море и нема бранови, т.е. и да има поради длабочината не се страшни. Или Олимпијада, најидеална, има и аптека. Врасна мене ми е катастрофа во тој поглед.
Ако ви е толку по мерак, одете, можеби вас ќе ви се погоди и допадне. Ако се погодат бранови, секогаш можете барем до Ставрос, 10 минути работа со кола
Здраво, дали некој лани бил на Скијатос, да сподели искуство, дали го препорачувате, дали е океј за млади, и како се движеа цените?
После короната лани прв пат бев во Грција и Скијатос ми беше скап. За јадење во градот мислам на третата станица има супер маркет Масутис со многу пристапни цени, цените на пијачките 10 евра, после 11 мислам дека не може пиво мора коктел така нешто. Барај смештај во градот а до плажите имаш редовен автобус лесно се стига и не е скапо. За екскурзии немој никако преку Магелан, избегнувај со најдобра намера ти кажувам. Ако сакаш до Лаларија и до Скопелос (Мама миа тура) има бротчиња на пристаништето ќе си закажеш таму, едниот од бродовите го држат Македонци од Скопје се. Можам да го препорачам само заради тоа што имаше убави плажи, за мене најубава беше Банана Бич по старо сега е некој резорт. Како што ти кажав до плажа имаш бус не ти треба рент а кар мал е островот. За сите плажи подетално убаво има објаснето еден член во форумов на тема Скијатос можеш да прочиташ нас тој пост ептен ни помогна. И најбитното за млади не е хаха. Никако не очекував дека ќе видам место на кое 90 посто од луѓето седат навечер по ресторани и јадат, бидејќи до пред 10 години се знаеше дека е место за млади. Има 2-3 кафичи така со забавна музика ама нема журка само седиш на пијачка и слушаш убава музика. На улицата Пападијаманти низ тие уличките има уште 2 места кај што има свирка ама ич не ми остави впечаток. Од сите места кај што сум била Скијатос е убедливо најтапа за млади баш ми беше некако пензионерско и навистина има многу пензионери и фамилии со деца а бев од 10 август.
Здраво Дали има некоја агенција или превозник кој вози од Халкидики или Солун до Скопје? Ми треба само карта во еден правец, од Грција до Скопје. Има секој ден автобус, ама нема во недела, а јас ќе мора да се вратам во недела. Имате некој предлог? Ви благодарам
Плажата во Ханиоти каква е ? дали е веднаш длабоко или ? не ми текнува, сум заборавила каква беше а и во Сивири исто?
Симеонидис Турс вози од Солун до Скопје, ако одговараат термините. Друга опција е било која друга туристичка агенција, ЈК Травел пример, секоја недела оди до Халкидики, само превоз е 45€.
Некој да сподели искуство за патот до Јерисос дали е подобро да се оди преку Ставрос или од другата страна преку Полигирос?
Враќањето не е проблем ќе ве пуштат, обично одењето е проблем. За влез во било која земја на ЕУ пасошот треба да има најмалку 6/или 3 месеци важност пред датумот на истекување.