Јас би го избрал Неи Пори пред Полихроно само поради огромните плажи и широкиот слободен простор. Во Полихроно плажите се ептен тесни и слободниот простор е минимален, во сезона треба во 5 да станеш за место да зафатиш, и пак сите еден врз друг ќе бидете на плажата.
Морето и плажата во Калитеа се супер. Местото е бучно и раздвижено, центар за младите од Солун и регионот, со бројни ноќни клубови, па не е баш мирно. Најмногу зависи каде ќе сте сместени во Калитеа, ако не бидете на сама плажа ќе имате над 100 скали до истата, или стрмни патчиња нагоре/ надолу.
Imate iskustvo so vila ameli vo nei pori? Dali imaat mini kujna vo soba ili nadvor od soba? I kako se so ceni po marketite, priblizno kako kaj nas?
Ние бевме викендов во Парга, на градската плажа беа по 10/15евра . На Валтос беа 15 евра, ама последните 3 реда лежалки беа бесплатни, барем во делот каде што бевме ние, Cactus се викаше локалот
Знае ли некој дали постои пребарувач за сместување во Грција каде можам да ставам период од-до, да пребарува број на ноќи, наместо точни дати да ставам? Вака со дати кога барам некогаш за ден-два (кои мене не ми прават разлика) не ми дава слободни сместувања, а не можам ден по ден сите да ги вртам. И на кои страни пребарувате за Ситониа?
https://nikana.gr/sr/grcka-letovanje-slobodni-termini Просек, според мене ништо посебно. Поубаво ми е Пефкохори, ако ви е во опција. Инаку плажите и морето си се одлични во Ханиоти, како и на најголем дел од Касандра, првиот крак. За посетување освен многу прекрасни плажи во околината, околните места, со акцент на Афитос како поавтентичен и магичен, нема друго. Имате опција и за еднодневна тура со брод до вториот крак, од Пефкохори.
Одлична, за нијанса поефтина варијанта на краците. Морето е супер, плитко, плажата песочна, има каде да се прошета. Посебно е супер за со мали деца, паркчиња милион. Мене единствено што ми смета е што нема поголем маркет како Лидл, Масутис и сличните, ама ако сте со кола не е проблем, Масутис има во Платамона која е патем преубава за прошетка на 3км., а Лидл во Лептокарија на 30км.