Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.730
    Допаѓања:
    18.424
    Пол:
    Женски
    Се мислам дали тука или Солунска регија (има апартман за одлична цена, дури и ефтино е), па да шетаме на прв крак Калитеа Ханиоти Пефкохори по еден ден.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    29.380
    Пол:
    Женски
    Да си го надополнам постов од лани :D
    Погоре со медузите и Калитеа како да сум се урочила. Лани бев првата недела од септември, првите денови не видов ниедна, ама последниот ден огромни имаше бев просто шокирана, од оние кафеавите. Ама водата беше сон пречиста, само лично ми е негативно што е многу плитка. И препорака за плажичка и смештај Галини.

    Го шеткав малце поише вториот крак па да споделам импресии.

    Метаморфозис се наоѓа на преубава локација во борови шуми, има многу патеки за шетање во шумата и ако сте за поактивен одмор е идеално. Централниот дел на плажата е многу тесен и не ми се допадна, меѓутоа делот накај кампот, десно од центарот е широк и скоро жива душа немаше лани крај на јуни. Е сега мене не ми се допаѓаше што не е песок, туку во водата има камчиња, мене лично ме нервира тоа, да сакав со камења ќе се бањав во Охрид :D Ама водата е поприлично чиста и топла, медузи не видов. Има паркче и мини луна парк за деца, по некој кафич и ресторанчиња, пекара, слаткарница, ама нема нешто кој знае колку за шопинг да речеме ако си сакате џиџи миџи.

    Вурвуру мене лично ме воодушеви, посебно Кариди плажата леле сон е. Бистра плава вода и плитка е, секаде е песок, се осеќаш ко на некој остров да си, а не на заливче. Сабајле рано кога отидовме немаше жива душа, ама до 10:30 плажана беше преполна. Не препорачувам за време на викенди оти е ту мач немаш кај да се свртиш. + За тоа што има дрва па можеш да се стационираш под сенка.

    Неос Мармарас лично мислам дека не би се сместила, премногу бучно ми е и ради пристаништето не би одела баш на градската плажа. Инаку преубаво градче е, живо, како за млади идеално, посебно ако сте со кола може да си шетате на околните плажи.

    Геракини е мало местенце, меѓутоа има продавници, ресторанчиња, не е до толку досадно да речеме, ама сепак повеќе е како за пензионерски одмор :D Плажата е ептееен широка, водата е убава и чиста, и е песок.

    Сега последнава недела од јуни одам на трет крак, смештај имаме во Јерисос и ќе го шетаме тој предел па ќе споделам импресии. Желба ми е Амулијани да го видам, ама ќе видиме дали ќе се натерам да се качам на брод (facepalm)
     
    На kjofti4, JustBeautiful, Ani93 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.530
    Пол:
    Машки
    Солунска регија каде? Неа Флогита/ Плагија/ Каликратија/ Мудања или Переа/ Неа Триада/ Неа Михаониа? Многу зависи од тоа.
     
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.730
    Допаѓања:
    18.424
    Пол:
    Женски
    Каликратиа, Флогита, Плагија.
    Последните две сосема ми се непознати.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tete Capdevila

    Tete Capdevila Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Ве молам мислење за Дионисиос? Каде се наоѓа ова место? Какви се плажите, има ли за шетање навечер?
     
    На DInka11 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.525
    Допаѓања:
    17.278
    Пол:
    Женски
    Дечки какво искуство имате во Неа Плагиа?Плитко ли е ситен песок?Водата каква е?
     
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.530
    Пол:
    Машки
    И тие ви се супер опција, слични со Неи Пори. Јас би избрал некое од нив пред Неи Пори веројатно, меѓутоа не рачунам на опцијата шетање на кракот, според мене е далечку, посебно во сезона кога се прави огромна гужва и неретко се заглавува во сообраќај. Еден ден да, можеби, и тоа не подалеку од Калитеа или Сани на другата страна.

    Другиве се одма до Солун, и не се многу познати меѓу туристите, освен Переа можеби, па затоа и веројатно не ти се познати.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.730
    Допаѓања:
    18.424
    Пол:
    Женски
    Во план е еден ден во Калитеа да одиме, еден во Ханиоти. Останати денови на Сахара. Ова од Каликратиа.
    Со мало дете сме, станува рано, би тргнале околу 8 и пол, и тоа време може да фатиме гужва?
    Вредат околни места како Плагиа Флогита да се посетат или исти се со Каликратиа.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.530
    Пол:
    Машки
    Јули и август обавезно, посебно па кога ќе ви дојде за враќање. За Калитеа можеби и нема да ви биде толку проблем, најжустро е после Калитеа кај Криопиги па натака.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tikii bonbonaa

    Tikii bonbonaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво дали може некој да ми даде мислење за местото Никити? Како се движат цените, цени на лежалки и некои искуства?
    Би ви била многу благодарна бидејќи одиме прв пат во Грција.
     
  11. Despina !

    Despina ! Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2022
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Луѓе дајте предлог за сместување во Сарти !
     
  12. Butterfly1212

    Butterfly1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Препорака на најубава плажа и beach bar во Ханиоти, Пефкохори или Полихроно?
     
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.406
    Допаѓања:
    171.753
    Пол:
    Женски
    Ако сте во Каликаритија нема што да ги посетувате Флогита и Плагиа.
    Флогита е иста скоро како и Каликратија , А Плагиа си е селце ,споено со неа .
    Плажите се исти на сите три места
    Е веќе Калитеа ,Ханиоти ....сосема друга димензија е натаму :)
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.406
    Допаѓања:
    171.753
    Пол:
    Женски
    На 3 км пред Неа Модења или поточно после Неа Каликратија .
    Нешто како населба му доаѓа
    Две улици се
    Има 2 -3 таверни , 3 кафичи , 2 за гиро , една преубава слатката , и 3 малски продавници за храна . И убаво игралиште за деца .
    Плажата е солидна .
    Не е скапо , вилите се скоро сите исти .
    Со големи тераси и бавчи скоро во секоја вила .
    Нема за шетање нешто навечер .
    Ако сте со дете е ок да одите , ама за помлади лица искрено Не е .
    Додуша не знам што "бараш" од одмор за да дадам конкретно мислење :)
     
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.730
    Допаѓања:
    18.424
    Пол:
    Женски
    Фала. :)
    Таков е планот, да одиме по еден ден во Калитеа и Ханиоти. Трет предлог имаш? Од 8 дена планот е 4 дена на шетаме. Ако има уште убави плажи, сподели ги да ги ставам во план. :D
     
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.406
    Допаѓања:
    171.753
    Пол:
    Женски
    Не знам колкаво ти беше детето , т.е сака ли да се вози.
    Ние лани со 8 мес бебе бевме на еден ден до Калитеа , супер пројдовме .бевме сместени Дионсисос.

    Би ти дала предлог и до втор крак да појдете еден ден
    Или Вурвуру или од другата страна до Неос Мармарас .
    Вториот крак е неспоредливо поубав од првиот , има шума , морето е "другчие" ...
    А не е со мн подалеку од местата кои планирате да ги посетите на прв крак .

    Едит :
    Ханиоти би го скокнала
    Мене ми е мн џунгла таму ,нервоза за паркирање , гужви ...
    Ама вие си знаете
     
    На Ahoy, MilaSs12 и Cosmi им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.191
    Допаѓања:
    88.806
    Пол:
    Женски
    Морето на прв и втор крак не се споредува со овие Каликратија,Флогита,Плаја.
    Ако е малку разлика во цена па и малку разлика бирајте прв или втор крак .
     
    На Ahoy и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.406
    Допаѓања:
    171.753
    Пол:
    Женски
    Точно
    Нема место за споредба на плажите и водата на краците со оние на Кал,Флогита ...
    Но цените на краците се малку повеќе од дупло повисоки , на све .
     
    На MilaSs12 и Cosmi им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.191
    Допаѓања:
    88.806
    Пол:
    Женски
    Не знам како е годинава и лани(бевме друга дестинација)
    Но порано и не беа нешто многу разлика апартманите на прв крак,вториот бил поскап од секогаш ама и со право.
     
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.730
    Допаѓања:
    18.424
    Пол:
    Женски
    Големо е, тогаш ке биде 4 години и обожава да се вози.
    Еден час возење има, дефинитивно и Неос Мармарас ке го посетиме. Фала.
    Уште бич барови ако имаш да посочиш, средена плажа со јадење, многу ке сум благодарна.
    Разлика е дупло, буквално. На краци не најдов ништо под 80 евра. И тоа за 70 беше мизерно. Овде најдов нов смештај за топ цена.
    Плус тоа ке ни е втор одмор.
    Патем во Каликратиа не, Сахара ни е изборот.
    Пишав и погоре, втор одмор ке ни е, и немам намера да плаќам 80 евра ноќ. Во Никити најдов на сама плажа ама премногу е за спиење само во апартман.
     
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.