Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.634
    Допаѓања:
    174.887
    Пол:
    Женски
    Прво ми кажи дали си била Сахара до сега ,па за кратко ќе ти одговорам на другите прашања
    Да го нахранам детето :)
     
  2. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.634
    Допаѓања:
    174.887
    Пол:
    Женски
    Од мој аспект
    Сахара е Ок да идеш еден ден на плажа и толку .
    Нема ништо таму .
    Десет реда лежалки , еден бич бар каде чекаш саат ипол за кафе , и напред некои лејзи бегови со години неисперени . Па и во сива боја
    Нема зеленило за лек
    Како права пустина е
    Јас лично не би одела веќе ,нема таму детето што да прави
    100 пати поарно е Каликратија да си седите на плажа ,водата е скроз иста ,ама бар има народче , дрвца :) некоја лулашка има , слаткара ...ако му здосади на детето ќе има со што да го занимаваш
    На Сахара нема НИШТО!

    За Мармарас неможам да ти кажам име на бич бар( не ги памтам) . После пристаништето ,према Порто Карас има неколку . Не се лоши .
    Од плажите во Неос Мармарас не очекувај нешто Вауу
    Јас го дадов како предлог бидејќи гратчето е стварно убаво и вреди да се посети .
    Поубави плажи има накај Сарти ( ама подалеку е тоа ) ,исто пред Мармарас има едно место Метаморфози, ќе го видите . Е таму е преубаво
    Ама каде и да отидете на плажа на втор Крак ќе ви се допадне .
    Освен Никити,мене тоа место ич не ме бендиса .
    Морето е рај за очи на тој дел .
    Ние 2-3 год одевме Неос Мармарас ама шетавме по цел крак , секој ден на разни плажи.
    Цените на Лежалки , јадење и пиење во бич баровите се малку пониски од тие на прв крак .коа зборам прв крак мислам. На Калитеа ,Афитос и Ханиоти.


    Мало ми е детето па затоа годинава го скокнав втор крак па еве следна недела пак ќе одиме Дионисос
    Ама у август ќе стиснам заби и ќе одеме Олимпијада
    Мене и таму ми е преубаво

    @MilaSs12
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    3.826
    Пол:
    Женски
    @Ahoy како извор на информации, но и сите кои знаат можат да ми кажат. Каде можам да купам картица за интернет? И каква би ми препорачале/ кој оператор?
    Конкретно одиме на тасос, па ако тоа е од помош
     
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.725
    Допаѓања:
    41.616
    Пол:
    Машки
    На Еко Пумпа после Евзони има штанд на Водафон, ако не се лажам 15€ неограничен интернет за 30 дена. Ова ми изгледа како најпрактично, но има и други опции. Србин го држи, па и тоа е предност во однос на активација и сл. Ако не најдете тука, на Тасос има Водафон во Лименас, можете и таму.

    Можете и со Космоте, нивната картичка доаѓа околу 11€ со истите услови, но можете да ја најдете само во нивни салони или во продавниците Германос. Не знам дали ги има на Тасос, но би требало.

    Е сега ако случајно имате некој што пред да одите минува низ Хрватска, имаат страва опција, Томато картичка, 3€ 8гб., важи за цела ЕУ, 30 дена. Јас се опремив со неколку, во Грција беспрекорно ми функционираше, а и насекаде низ ЕУ. Можеш сама да бираш кој провајдер да се користи во страна земја, ако еден не функционира најдобро и тоа е огромна предност. Пример ако Водафон изгуби сигнал, можеш да си се префрлиш на Космоте, А1, или било кој друг достапен. Таква флексибилност со грчкиве картички нема, мора да користиш исклучиво она што си купил.
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Томато картицата не е 3 евра за 8 ГБ, 30 дена. Може сега да е промо период, ама и не е некое правило. Во принцип е 14 евра за 13 ГБ, што ако не работите преку интернетот, е и повеќе од доволно. Јас сум презадоволен од Томато картиците, голема предност е тоа што можеш да бираш кој сакаш оператор кога еден не функционира.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.725
    Допаѓања:
    41.616
    Пол:
    Машки
    Можеби, не знам. Јас во мај се снабдив со неколку картици по таа цена, можеби е и некоја промоција. Исто и јас сум презадоволен, и осум гига за десет дена не ги потрошив целосно.

    Дознав и дека може да се надополнува таа картичка, сега ќе се регистрирам преку апп., па ќе ја видам и таа варијанта за следно кога ќе ми треба.
     
    На awkey му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    957
    Најчесто даваат промоција за секоја нова картичка, ама не се исплати секое одење нова да употребуваш. Имаш апликација на андроид/иос, си правиш акаунт со бројот, и си ја надополнуваш онлајн. Јас веќе година дена така терам. Има дневни понуди, има месечни промоции, има временски ограничени промоции, па се наоѓа за секој по нешто според потребите.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dance27

    Dance27 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2018
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    3.139
    Пол:
    Женски
    Искуство и мислење за Пефкохори?
    Прв пат таму одиме,дали е добро за мали деца(3год).Има ли нешто околу што вреди да се посети.
     
  9. Nevenche5

    Nevenche5 Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2022
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Здраво,ве молам искуства од Парга.Сакаме да одиме парови таму за прв пат.
     
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.725
    Допаѓања:
    41.616
    Пол:
    Машки
    Супер е за со деца, плажата и морето се солидни, и за шетање има навечер таман. Многу симпатично место ми е мене Пефкохори.

    Од околни плажи, одете до плажата во Паљури, страва е, а преблиску од Пефкохори. Има и два/ три бич барови, мене Cabana Beach Bar беше супер.

    Одличен избор за парови, ќе ви биде супер. Парга е бајковита, како местото кое е сликовито и преубаво за шетање, така и околните плажи кои се преубави. Плус имате избор и за излети, крстарење до Паксос и Антипаксос ако сте без кола, ако сте со кола можете и до Лефкада, Превеза, Сивота, и многу други преубави плажи во близина. Совет од мене да гледате смештај блиску до Piso Krioneri плажата зашто е блиску до шумичка, а Парга е спарна. Плус, од градските плажи мене оваа ми е фаворит. Валтос е позади тврдината, а Лихнос малку подалеку од градот. Градската плажа во центарот на Парга не ми се допаѓа нешто баш.
     
    На Nevenche5 и awkey им се допаѓа ова.
  11. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    3.826
    Пол:
    Женски
    Фала ти за инфо, да знаев кога бев у хрватска ќе земев, вака сеа касно ки е, но сигурно и ова ќе ми заврши работа.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jana*

    jana* Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2021
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Мислење и препораки за Крф, за пар, Грција не сме биле
    Конкретно за понуди преку агенцииве сместување и превоз.
    Е сега понудите за сместување се скоро секаде истите вили, во описот мирниот дел на Ипсос,место Пирги, 300м од плажа веројатно се мисли на градската.
    Некои совети препораки, искуства
    Благодарам
     
    На TinkaGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. T-e-s-a-kam

    T-e-s-a-kam Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    17
    Здраво, на денот на одење пасошот ми влегува во 90ти ден пред истекување, дали некој има искуство со влез во Грција а пасошот да му важи помалце од 90 дена?
     
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.725
    Допаѓања:
    41.616
    Пол:
    Машки
    На awkey и anaja1 им се допаѓа ова.
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    4.791
    Ние во Неа Муданиа застануваме по пат, има космоте и германос и со пасош земаме припејд 12 еур за 7 дена неограничен интернет. За тие на граница читав се жалеа.

    Ми се уврте во глава Скијатос во септември. Дали бил некој лани или годинава, колку е фери од Волос и дали само 3 има на ден? Друго се мислам каде да барам смештај, дали близу плажа негде или во градот. Ќе шетаме на плажи секако, сакаме да го видиме островот, ама од друга страна сме со 20 месечно дете па некој ден може нема да ни се пали кола. Во градот ако сме се мислам дали паркинг лесно се наоѓа да не се стресирме со тоа по 2 пати на ден, ама па пекари, продавници, ресторани се тука, бар за храна нема да се секирам.
    Ако има некој предлог за сместување ќе ми користи многу или агенција која го работи Скијатос. :bow:
     
    На awkey и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.725
    Допаѓања:
    41.616
    Пол:
    Машки
    @Mucika за фери може да гледате на FerryHopper, имаат и апликација, еве јас рандом избрав на 12 септември чисто информативно, цените се од 24.70€ до 32€ по човек плус автомобил од 72€ до 103€. Ова се цени за еден правец. И мене ми дава три пати дневно. Траектот до Спорадите е дефинитивно еден од најскапите во Грција и пошироко, ако не и најскап за не така долга релација (2 - 3 часа пловење).
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  17. oblinessa

    oblinessa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    - JK travel
    - MT travel
    - Nehar Travel
    - Biser prom
    - Balkan Express

    Devojki, imate li iskustvo so avtobuski prevoz od ovie agencii do grcija (pefkohori)? Da spodelite mislenje, koi avtobusi se najnovi najdobri? Ili da predlozite avtobuski prevoz od druga agencija :)

    Vi blagodaram odnapred :l::l::l:
     
  18. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    593
    @Ahoy извини што ќе те замарам со ознаката/прашањето ама ти некако најинформиран си :)
    ПСАКУДИА какво место е ,со мало дете сме па ми значи морето да е чисто песочно и плитко. Last minute гледам и има поволно за тука. Би ми значело ако ми одговориш ,фала :)
     
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.725
    Допаѓања:
    41.616
    Пол:
    Машки
    Не сум бил лично, но немам нешто особено позитивно чуено за Псакудија, освен што е мирно место и нема ама баш ништо, освен хотели кои точно, се со попристапни цени.

    Мислењата се генерално поделени, мојот заклучок е дека зависи како ќе се посреќи, но би требало да биде ок морето, просечно. Не очекувајте тиркиз и сино море како што има на вториот крак.

    Јас лично не би ја одбрал како дестинација, освен ако е последен избор и нема алтернатива.
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    4.791
    Не памтам за длабочина, веројатно нормална длабочина, а не нагла удолница, чисто е и песочни плажи, во август сум била тогаш водата е претопла до степен да не можеш да се разладиш. Има една уличка неколку продавнички и во главном тоа, мало селце, халкидики стил.

    Септември дали е Тасос ладен? Ме предомислуваат за Тасос наместо Скијатос. Бил некој септември Тасос или Скијатос, водата дали е топла, тоа ми е важно заради детево.