Натерај се околу 15-20 мин е возење со брод од Уранополис и не е многу страшно. И јас не сум фан на бродови. Вреди… Мене одморот во Јерисос и Амуљани ми е преубав.
Одличен избор за пар, градчето е многу убаво, со многу скали, со преубави продавнички и убав народ. Ако сте со кола има многу убави плажи во близина, градската е некако мала, има доста народ и мислам дека не е баш песочна. Сме биле на Тасос јуни и септември, септември водата е потопла, ама денот е помал. Баш во септември бевме со помало дете, бевме сместени на една голема песочна плажа, мислам голден бич беше, таму песокот е баш ситен и е погодно за со дете.
@Ahoy или некој друг шо има искуство со резервации на апартмани преку никана.гр. Како е најпаметно да се направи уплата на резервација: девизна сметка(преку банка), wise или paysend?
Dali e ubavo nea pori za so mali deca? Kakva e plazata i dali znaete nekoe dobro smestuvanje hotel i slicno ili nekoja agencija da predlozite so dobra ponuda. Blagodaram
Преку пејсенд е најлесно ама обавезно препрашај дали примачот има сметка или не - од искуство ни заглавија пари зошто ни рекоа платете така, ама искочи дека газдите не ни имале акаунт, па после 200 мејла да се објасниш.
Јас секогаш преку банка, мене ми е најсигурно, а и не е нешто комплицирано. Супер е за со мали деца. За сместување нашиве агенции не се нешто баш, гледајте Хелена Травел од Србија, имаат над 35 вили во понуда за Неи Пори.
https://www.booking.com/Share-aq1pUwV Лани бевме на неколку дена во Септември , плажата е песок , морето плитко и супер за со мали деца . Од хотелов сме задоволни , на сама плажа е со базен и бич бар .
уплатив одмор од 15 Јули а пасошот ми истекува 9ти септември, уште ли важи правилото да се оди најмалку 3 месеци пред истек? или може и вака ?
Здраво , дали некој бил во Криопиги поточно во хотел Paradise , по сите фб страни многу малку е спомнувано местото а најдов убава понуда , дали може искуства
Малку е спомнувано зашто Криопиги е практично рид на којшто се широко распространети милион хотелчиња и вили, со една пешачка улица со продавничиња која што воедно е и магистралниот пат кој ги поврзува Калитеа со Полихроно (понатака и Ханиоти, Пефкохори), и е константна гужва. Настрана тоа, морето во Криопиги е генерално убаво, има неколку плажи и повеќето се песочни, така што ако не ви се погоди првата, пробајте 200м лево/ десно, ќе најдете подобра. Како што гледам на Гугл Мапс конкретниов хотел е на убава локација блиску до плажа каде што е баш мирно. Немате апсолутно ништо за шетање, но секако околните места (Афитос, Калитеа, Полихроно, Ханиоти, Пефкохори) ви се тука на само неколку километри.
Да во суштина и сакаме мирно место ке одиме со бебе од 6 месеци и батко од 6 год ококу 120 метра е одалечен од плажа , со појадок и вечера и плус лежалки на плажа тоа е понудата
Лани бевме во Криопиги,во Касандра Палас.Резортот е убав,морето не.Мн карпи имаше плус медузи.Плажата тесна.
Ако одите на прв крак со кола во Пефкохори или Ханиоти, моја перпорака да го посетите Паљури, водата таму е најубава, чиста, има многу плитко а плажата со ситен песок
Е да. Само што не сум била таму од поодамна, и сега гледам две лежалки 20 евра. Многу ми се виде некако. Оставиле само мал дел од плажата слободен, и тука на глава си седат луѓе. А дека е една од најубавите плажи на Халкидики нема збор.
Еден апдејт за цени, ако ве интересира. Ова се цените во барот на плажа во комплексот апартмани кај што сме сега. Услугата не е нешто посебно, ќе се изначекаш малку додека ја добиеш нарачката. Две лежалки и чадор си следуваат со секој апартман, од барот не е задолжително да се нарачува, може од апартман да си носите јадење и пиење, па и кафе. Местово е Парадисос пред Неос Мармарас на втор крак. Преубаво е, водата е чиста, плажата на чекор до апартманот, не е преку улица.
Е супер што ти текнало вака да не апдејтнеш, ама ко што гледам ја цениве не се разликуваат нешто од лани... Изгледа само смештајот го поскапеле годинава
Јас не сум била на одмор во Грција од 2019, така што мене ми се виде поскапено доста. Ама генерално гледано, ако се собере, ова што го трошиме тука за јадење и пиење, ќе го потрошиме и во Охрид, само што сместување не плаќам таму. Секаде се кренати цените, не е само тука.