Јас па имам информација дека пасошот може да се користи до истек, ова важи за Грција, доколку не леташ со авион,како и да е треба да се провери информацијава
Предложете ми некое хотелче во некое место што е поблиску, може и олимписка регија, да е ок и да е со пристојна цена. Исто така да одговара за со мало дете. Благодарам
Проверено и сигурно Од ден на влез во шенген зона треба да имаш пасош валиден најмалку 90 дена. Тоа што те буни дека може да се користи до истек е тоа исто. Иде вака: ние ко државјани на мк имаме право на престој во еу (шенген зона) 90 дена. Затоа и треба да имаш пасош кој ти важи повеќе од 90 дена, зашто коа ќе влезеш во еу можеш да седиш 90 дена и треба да имаш валиден пасош за тие денови и тоа значи тоа користење до истек
Чим е проверено сигурно е така, пријатели што често патуваат за Грција викаат дека не прават проблем на граница ама јас немам такво искуство и не можам да тврдам дека сим во право. Ти благодарам.
Ова е вака според закон и правила. Надвдор од правила секогаш има по некој пример и јас бугарска ја иам поминато на една недела пред истек со мито. Ама тоа не е за пример и да велам дека можеш да поминеш
Хотелско или апартмантско сместување? Апартмантското е катастрофа, односно беше, ама не мислам дека е реновирано. Собите никакви. Инаку базенот, локацијата, плажата и морето тука предобри.
Ние ќе бидеме тогаш во Сивири, зар нема ништо да се работи тогаш ни маркети ни продавници итн ресторани, плажа?
Каликратија е многу убаво местенце симпатично градче. Градската плажа е убава со ситен песок и е огромна. Има место и за свое има и доста кафичи. Во однос на цените ми кажаа дека биле малку поткаченки, ама сепак поефтино е него на прв крак. Предност исто така е шо е доста блиску од кај нас, па не се мрцвариш по пат. Исто и за со деца е супер и плажата, ама има и за да си прошеташ навечер. Има и кафанчиња, тавернички и кафичи у центарот и една пешашка улица со свашта. Јас ја сакам каликратија зошто не е панаѓур како полихроно, калитеа и слично. Исто и блиску е до крак па можете и да прошетате некои плажички
Каде е подобро за со деца за во септември втор крак или накај Кавала? Накај Кавала натака не сум била па ако може мислење
Хелп Неможам да се одлучам помеѓу Неа Каликратија, неа врасна и Јерисос.. Искрено се двоумам меѓу Каликратија и Јерисос, но планираме да одиме на крајот на август па ми е страв да не дува многу ветер. Некако повеќе ме влече Јерисос, какво е?
1. Јерисос; 2. Неа Каликратија; 3. Неа Врасна, веќе ако мора. Ваквиот редослед е ако плажите и морето ви се приоритет. Ако преферирате поживи места, тогаш Јерисос преминува на трето место. Ако сакате во близина да има некои интересни знаменитости, историја, тогаш и Јерисос и Неа Врасна ви се погодок, регионот меѓу и околу нив е баш интересен.