Се исплати ако таму изнајмите мотор или кола. Инаку ќе треба да се стационирате на една плажа, шо е особено жално за Лефкада.
Јас сум била со бус на лефкада к воопшто не седевме на една плажа. Сите плажи ги испрошетавме со брод цело време. Така да дс една опција ви е да изнајмите кола, а втора ви е да дознавате за тури и да се шетате така. Лефкада се едни од најубавите плажи во цел свет па би било греота да не ги видите., а тотално е изводливо да одите без кола
Да пишам впечатоци од трет крак дур ми се свежи. Возевме од кај двете езера, патот што е за Ставрос. После Ставрос се вози низ планина и има кривини, ама не се толку страшни колку што очекував, мене ми се лоши за време на возење вообичаено, ама овие ги издржав без проблем. Ептен е живописен патот со преубави глетки накај морето од горе. Бев сместена во Јерисос, и искрено ептен позитивно се изненадив. Градчето е големко и има се, од пекари, ресторанчиња, гиро, продавници, аптеки, доктори, има и Лидл и Масутис. Луѓето се преуслужливи, еден ден бевме да си купиме чадор и немав земено доволно пари со мене, дедото од продавницата ми го тупна чадорот во раце и ми рече оди уживај на плажа, вечер дојди ќе ми платиш Цените за нијанса ми се чини се поефтини од прв и втор крак. Инаку ич немаше гужва, што мене ми се допадна. Плажата е голема, со песок и има дел со сенки од дрвца. Можеш да си ставиш чадор, столчиња, има доволно место, а има и дел со лежалки. Е сега водата нагло станува длабока така што ако сте со деца јас не би ги оставила сами без надгледување, меѓутоа имаше многу деца што си се шлапкаа во ептен плиткото. Има и забавен парк за деца и едно на вода, паркови, така што за деца е рај. Е сега можеби за некого е негатива ама често дува и водата не е толку мирна, меѓутоа има многу мали бранчиња и е пречиста, што мене ми беше скроз нелогично, вообичаено се заматува од бранчиња. Има доста воден свет, така што препорачувам да си земете маска и да гледате, или да не гледате ако се плашите Е сега за млади ако барате журки и слично не е баш, мислам има кафичи и има кај да се излезе на пијачка ама не е party место. Би рекла дека е за прав лабав релаксирачки одмор, мозокот да ти се одмори. Во околина има преубави плажи, не се многу далеку за возење, а препорачувам посета и на Уранополис и Амулијани. Неа Рода е исто убава. Во Уранополис како што влагаш во градчето почнува да мириса на темјан и е стварно специфично место. Таму цените се малку поскапи. А Амулијани има ептен што да се види, здравје нареден пат таму сакам да се сместам и да ги шетам плажите со кола. Инаку вриеше комарци, типично, не знам што мутирани суштества ќе беа, со три средства се мачкав против комарци и апаратче стававме во соба и пак јадеа. Септември здравје рецензии за нови места
Би сакала да прашам,планираме да одиме во Јерисос на одмор,не сме биле до сега,битно ми е дека ќе одиме со дечиња(внуците) дали е плажата убава,кои плажи и места би ги препорачале и дали влезот во морето е постепен или е одма длабоко ?? Најдовме апартман преку We travel агенцијата ,смештај за 6 лица ,т.е 5+(2) само за 450 евра за 8 дена
Здраво дечки! Сакам да прашам дали знаете за некои превози кои носат во одредени места во Грција?Бидејќи ние сакаме до пријателите да одиме но до агенција некако не можеме да најдеме нешто што ни одговара.Дали има автобуси што носат така?Имаме по 18 19 години и се уште не ни е сигурно да патуваме со кола сами
Во било која агенција можете да уплатите само превоз, ќе ве кошта 40 -50€ повратна. Тоа сепак ќе бара да се прилагодите, затоа што нема секојдневен превоз од кај нас, туку е еднаш неделно.
Како се годинава во Грција со цени (генерално храна, лежалки) некој што бил годинава да сподели па да се преброиме Неи Пори ќе одиме, па за на таа страна ако некој има искуство од година, уште подобро
Од Неи Пори си дојдовме минатата недела. Има многу beach barovi па не можевме да одиме во сите. Не плативме лежалка нигде ,пиво на лежалка 5 € ,коктел 8.5-9 € зависи каде,сок 4-6 €. Во анемос горе поците беа 11-14 € зависи каква ама стварно големи ние двајца со мм плус 3 г дете не можевме да ја дојадеме. Во едно kyma мешана скара мислам 15 € беше буквално за двајца беше скарата и пак остана. На пирате бич исти цени ,ама водата со камчиња и подлабока. И имаше едно албатрос ,најубав впечаток ми остави лежалки на широко не едно врз друго да си ,носеа чадори плус ако побараш. Цените тие плус имаше happy hour , пиво плус пица \клуб сендвич 10€ или коктел +пица/клуб сендвич 12€ . После неколку порачки имаше и частење од нив еден ден беше овошје ,друг беше солена палачинка Криво ми е само што не ја откривме порано плажичката. Во маркетите цените разлика со кај нас некои 20-30 денари.
Дали бил некој во Пефкохори како е да ми каже?мми кажаа дека ежови имало многу во вода? Плажата ме интересира ради дете
Во студио бевме ,далеку ни беше така да стварно не знам . Од агенцијата ни рекоа 60 м од плажа ама не беше толку имаше околу 300...
Планирам да одам за викенд , смештај најдов до Паралиа, на друго место или нема или е прескапо.Во Паралиа два пати сум била, не ми се допаѓа.Е сега со кола сакаме да одиме на друго место, овде само за преспивање. Нешто во близина да има интересно, или некој ресорт каде што може да се изнајмат лежалки и слично?
Бил ли некој сезонава во Никити, што цена се лежалките таму и на околните плажи? Има ли простор за сопствени?
Океј местенце, најголемо на третиот крак. Има сé што е потребно за убав одмор, вклучувајќи и големи маркети. Плажата е широка и убава, морето е чисто, е сега брзо е длабоко и знае морето да е немирно затоа што тука е отворено. Местото нема ништо посебно што може да воодушеви, мене ми е и некако без душа од што е мирно. Народ има, доста Македонци и Срби, раздвижено е ама... онака. Локацијата му е одлична за истражување на прекрасниот Атос, Амулијани и околината.