Некој да бил во камповите Кастело и Арменистис? Чисто за споредба, како е на едното, како на другото место?
Можеее може Кажи ми кои плажи највеќе ти се допаднаа за со мали дечиња и дали на сите плажи може да се носи лежалка чадор.Има ли нешто интересно да се прошета освен Ставрос?
Iskustvo so Neos Marmaras vtor krak? Konkretno za vila Gyalos, za so malo dete, kakvi se plazite, dali ima blisku za setanje? Dali se cisti plazite?
Сите се топ за со мали дечиња, на сите имаше доста родители со деца. Посебно градската во Олимпијада, плитко ти е едно 200 метри сигурно, и под плитко мислам баш плитко, а чисто. И сите плажи околу се генерално плитки, единствено минимално подлабоки се таа дивата под Стагира на 500м. од Олимпијада и Амос. Стагира е преубава, дива, со природни сенки, за нијанса поладна вода, е сега може нема да ви одговара за со деца пошто е со камчиња и подлабочка. Од друга страна, Амос не смеете да ја пропуштите, бел песок, тиркизно море, сон е и за со деца. Не сум бил на Тотос и Балконаки затоа што на прв поглед не ми се допаднаа и продолжив на други, така што за нив не можам да ти тврдам, но и искрено штом сте со сопствена опрема не ни има потреба да одиш на нив, има далеку поубави. Бабилон е исто доста плитка, огромна плажа. Знае да има и бранови ама и за со деца се уживанција, морето сон чисто и тука. Има и една друга дива, преубава, Зугла, ако одите околу 10 наутро едно час - два и сами ќе бидете на плажа, е сега не е означена убаво, и има мал ден за одење по неубав пат некој си 100 - 200 метри, ама вреди. Ако се одлучите и за неа ќе ти дадам насоки како да стигнете. И да, секаде си слободна да носиш своја опрема, и јас така правам, на сите има доволно и премногу простор за тоа. За шетање, Ставрос и Аспровалта, можете и Неа Врасна ма да и неморате. Јерисос исто иако е малку подалеку, а и нема нешто посебно да се види таму. Имате во близина водопади, манастири, историски обележја и слично, ама ништо не е прикладно за со деца според мене, посебно не во овие горештини.
Оваа година сакаме со друштво да смениме и да не одиме на краците. Дилемата е каде да се оди. Ќе бидеме со кола така што тој дел од патувањето ни е среден. Сакам некое место што ќе биде комбинација од: да не е прескапо, да има убави плажи и навечер да има да се прошета. Ги гледав Тасос, Крф, па дури и Парга и Атина како дестинации. Најбитно ми е само да не е прегужва и натрупано со туристи, како што е Закинтос на пример.
Тасос, Крф, Скијатос, Парга, Кавала, сите тие ви се супер дестинации. Атина не ви треба, можете нешто во близина пример Глифада, ама пак, мислам дека Атина не е за во ек на лето.
Јас би идела Скијатос со посета до Скопелос. А општо за помалку гужви било каде само во септември. Закинтос бев средина на септември, преубаво си поминавме, имаше луѓе ама не премногу, водата претопла.
Леле браво женска како добро објасни за се фала ти најмногу на одвоеното време.Одиме 22 ри се надевам се ќе биде добро.
*Дечко Ќе си минете преубаво, ако ве интересира нешто плус или таму ви треба совет, слободно пиши ми.
Јас би ти препорачал Крф или Лефкада ако сте со сопствен превоз. Скијатос со сопствен превоз не, траектот е изгор скап за со кола - над 200€.
И јас би Скијатос како @Skyler . Па чим сте со кола, плус друштво, можете и да искомбинирате интересна тура. Пример, на одење или враќање да го посетите Волос, секако од тука ќе треба да се качите на траект. Преубав е и навечер, па дури може и да преспиете. Потоа на пример 7 вечери останете на Скијатос, две на Скопелос, а одвојте ден и за Алонисос, дали како екскурзија или и таму едно ноќевање, мада мислам нема потреба. Или 9-10 ноќевања само на Скијатос, па со екскурзија (или две ) до Скопелос и Алонисос.