Поскапени се и траектите, јас 2019 гледав за Крит 200 евра беше правец, сеа ме мрзи да барам ама којзнае колку е.
Од Волос отсекогаш биле скапи траектите, всушност најскапи во цела Грција се за толку кратка дестинација, затоа и не препорачувам за тие шо сакаат со сопствен превоз.
за викенд, (сабота) сабајле кое време е најдобро да си на македонско-грчка граница? за да не не фати гужва
Предлог за одмор во Грција, за со мали деца, по можност пошироки плажи и поплитко, да не е ко Ханиоти, Калитеа и сл. таму е убаво ама претесно. Поздрав
Како и да е , можеш да најдеш сенка или да седнеш некаде на ладно . А и ако стигнете порано секако ќе си прашате дали собата е слободна , бар ние никогаш не сме чекале чек ин во 14:00 .
Спремен ранец со купаќи, пешкири, вода и се потребно за на плажа. Стигаш, се пресоблакаш и до check in уживаш. И ние до 4 максимум сме на граница, нема шанси да дремам со саати на пекол.
Здраво, јас бев лани во Скијатос. Бевме без кола, затоа што е скап траектот за со кола. Мислам дека беше 200-250 евра. Имате автобуски превоз кој е многу добро организиран и до сите плажи ве носи. Ако ве интересира повеќе, напишав пост на темата Скијатос на форумот, може да си прочитате.
Фалааа. Малата е 2 години и ич несака да се вози во седиште. Оваа опција ми е нај ок. Ем ќе спие во кола ем нема да се чека на граница. Инаку ќе биде хорор. Подобро во двор ќе седам или плажа отколку на граница по пеколов.
Здраво не можеме да најдеме смештај се е пополнето ајде ке ве молам дајте име или тел број на апартмани кој знае во Сивири ,Пефкохори,Каламитси, Торони. Благодарам