Се вративме од одмор ние, бевме прв пат во Никити, прекрасно си поминавме. Го препорачувам местото за сите со мали деца Градската плажа е сосема ок, наутро тивко и мирно море. Сепак ние повеќето утра одевме на други плажи во околината на 5-7-10-14км, седевме таму до 13ч и после се враќавме во смештајот. Оваа недела и таму беше мн топло, 35-36 степени. Поручек околу 17ч одевме на градската плажа, преубаво зајдисонце имаше. Навечер шеталиштето полно, ресторани еден куп со превкусна храна. Пак би отишле таму, вториот крак е далеку поубав од првиот според мене, водата проѕирна, чиста, за милина.
Zdravo Dali leptokarija e pogodno mesto za odenje bez kola i dali ima nekoi mesta koi sto se ubavi za poseta i dali peski mozi da se pojdi do drugi mesta pr nei pori paralia….
Да, за во Лептокарија не ви треба кола. Има за шетање, плажата е океј. Има Лидл, Дисконт Маркет, Масутис. Пешки не можете до Паралија и Неи Пори, многу голема километража е за така, околу 30км во правец е до Паралија, нешто поблиску е Неи Пори. До Неи Пори можете со воз, 19 минути трае за некој си 3-4€ во правец. Исто со воз приквечер можете и да ги прошетате Лариса и Катерини за слична сума. До Паралија мислам дека постојат локални туристички агенции што имаат тури до таму на цел или половина ден за 10 - 15€.
Девојки кажувајте некоја добра крема или било што што можам да го земам во Грција ми се укочи цел врат неможам да мрдам?
Малце каснам со закажување одмор ама единственото нешто што го најдов слободно е кон крај на август и почеток на септември. Дали мислите дека ќе е доволно топло тогаш?
@Ahoy Ај, едно брзинско прашање? Дали Сивири е мирно и мало како Олимпијада или е малку поголемо? Најдовме солидно сместување на плажа, па се мислиме да одиме. А нејќам да е пусто ептен, иако Калитеа е близу, па ќе одиме и таму.
Убаво е ,да одите ние два пати сме биле и мене ми беше ептен топ со мало дете Во кое сместување сте ?
Кастело апартмани, на плажа се. Случајно ги најдов по српскиве страни. Не сме го букирале уште, денес тоа. Оваа година во 5 до 12 Среќа што уопште најдовме нешто. Ако имате предлози за друго сместување, кажете. Апартманиве не се нешто вау, ама дека на плажа, плус паркинг имаат. Фала ви
Да ги знам,на сама плажа се,и пријатели беа таму,рекоа дека не се нешто вау,ама ок се за на плажа Ние сме биле во Алкиони кога големава ми беше бебе и тие се на плажа ама може сега се скапи,исто сме биле и Галанис апартмани,тие се повнатре втор трет ред,ама имаа убав двор со играчки за деца.Едни комшии беа сега во By the sea .
Прв пат ќе одам во Грција во месец септември искуства какво е морето и времето тој месец? (Почеток до средина би било ) .
Ако знае некој брзински одговор ми треба за полихроно конкретно маи апартмани. Дали бил некој и за со деца како е? Благодарам. https://www.facebook.com/profile.php?id=100093149842265&mibextid=ZbWKwL
Во Кипар бевме во мај, малку надвор од сезона, па во однос на сегашните цени не знам дали има разлика. Тогашните цени на храната и пијалоците по кафанчињата беше иста како во Грција во јуни, баш правевме споредба. Хотелско сместување букиравме 2 месеци однапред, 55 евра ноќевање за двајца, сосема пристојно. После тоа цените рапидно се зголемуваа, затоа е важно навремено да си букирате. Освен ако не одите преку агенција. Летавме со Рајан ер од Солун, 20 евра во еден правец по лице, багатела. Не знам Визер ер кои цени ги има сега, тогаш немаше летови од Скопје. Плажите им се преубави, песочни, но бидејќи водата беше ладничка тогаш, бевме два-три пати само, памтам на едната цена за 2 лежалки плативме 10 евра, на друга 7,5 евра. Кипар е преубав, со богата историја, преубаво море, живописни гратчиња, островот има содржина несомнено. Има толку многу работи да се видат, нема да згрешите ако одите и само за урбан туризам. Автомобил обавезно ако сакате да го исшетате островот. Се вози од лева страна, по енглески, цени за рентакар не знам. Нас не шетаа тамошни пријатели. Друго не ми текнува во моментов што би дополнила.
Здраво, дали сте патувале со куче во Грција на еден ден? Дали освен вакцина за беснило и пасош бараат уште нешто?Сите ветеринари даваат различни информации.. Благодарам однапред.
Кипар бев летово пак, плажите ми се преубави. Од Солун до Ларнака лет, се сместивме во Аја Напа. Пак ќе одам, одлично е. Мене гратчињата не ми се ништо посебно, ама плажите, морето баш ко што сакам. @orevokrsacka, до Пафос бевте со Рајан ер? Мислам дека нема со нив лет до Ларнака. Јас само во Пафос не сум била и во турскиот дел.