На вториот крак можете да си терате цел одмор, 3 - 4 дена ви се малце. Јас би одел надолу кон Кавала, во самиот град или Неа Ираклица/ Неа Перамос/ Палио. Исто и Олимпијада може, со тоа што таму е баш мирно, ама ресторанчињата и атмосферата се преубави.
@Ahoy Proti Ammoudia ili Babylon? која е подобра при ветар? веќе 3 ден во Олимпијада дува до кај 7, баш кога сме на плажа, после ливче не мрда
Бабилон. Бранови знае да има и на двете, со тоа што на Проти Амудија, т.е. Амос се поизразени зашто е подлабока и капење да не е возможно. На Бабилон е плитко и кога има бранови е баш интересно за сите, подносливи се. Барем моето искуство е такво.
Не знам дали некој ти одговорил, цел живот одиме на одмор почеток на септември. На краците водата е супер, бич баровите нормално си работат, има народ како на почеток не е како во пикот на сезона. Што се однесува до островите, појужните острови ти се одличен избор за одмор во септември.
Да, средина на јули. Август ако имаат накачено толку ама ми е нереално...5 гофини одам во неа флогита толку си е 2 евра лежалка и 2 евра пијачка
Да напишам збор - два за моменталната ситуација во Грција со пожарите. Имено, во моментов неколку региони во Грција се соочуваат со катастрофални пожари кои засега се тешки или невозможни за контрола поради силните ветрови во Грција. Ако само малку претходно ваква беше ситуацијата на Родос, сега е многу поблиску до нас и на оваа катастрофа денес и вчера можеа да сведочат и многубројни туристи на Халкидики, Пиерија, Тасос и секако Тракија. Во моментов најтензично е во приморскиот град Александрополи со околината, кој се наоѓа во близина на Турција и за среќа во целата несреќа, таму нема многу туристи, особено не од Македонија. Сепак, ветрот значајно го шири не само пожарот, туку и дим и пепел од него, нешто што денес било лесно забележливо од Халкидики и најпознатите туристички места за нашите туристи. Пепел, затемнето магливо небо, мирис на чад... фотографиите кои се споделуваат се апокалиптични. Според Грците овој пожар е меѓу најкатастрофалните во Грција, градот Александрополи е опколен со пламен кој се гледа дури и во непосредна близина од болницата во градот каде се згрижени стотици пациенти, а има и 18 потврдени жртви само досега. Според сателитските снимки, чадот и димот од овој пожар веќе имаат стигнато и до Италија... Понатака, пожари има и кај Комотини и Ксанти, во близина на Кавала, поточно меѓу Кавала и Александрополи. Од овие пожари афектирани се истите региони како и погоре, но овој пожар е значајно поблиску до неколку повеќе познати туристички места, односно: Кавала, Неа Перамос, Неа Ираклица, Палио, Тоска, Керамоти и островот Тасос. Друг пожар кој потенцијално би засегал повеќе наши туристи има и на Евија, но не во близина на најпознатите за нас Пефки и Едипсос, туку поблиску кон главниот град Халкида и туристичкото место Еритреја за каде има и хотелски понуди од нашите туристички агенции. Пожари во моментов има и северно од Атина и на островот Китнос. Опасност нема во најпознатите туристички места, освен непријатната атмосфера и апокалиптични сцени таму за кој сведочат објавените слики по социјалните мрежи и медиумите, а кој не би ги објавувал тука. Сепак, бидете претпазливи, следете локални предупредувања, бидејќи покрај другото, може да има затворани планински патишта како превентивни мерки, како на пример до најпознатата плажа на Тасос - Marble Beach, па да не западнете во неповолна ситуација. Во такви ситуации не барајте споредни патишта ако еден е затворен, за да не ја загрозувате сопствената безбедност. Препорака од мене е и да ја симнете апликацијата Windy како доста корисна апликација на која можете да следите каде има пожар, афектирани региони и слично. Освен тоа, оф - топик, тука имате и реални податоци на интерактивна мапа за температура на воздух, водни површини, влажност на воздух, ветер, големина на бранови, облачност, загаденост, и многу други опции. Сé на сé, исклучително корисна алатка. Каде можете да се информирате за актуелните случувања? Доста корисни можат да бидат фејсбук групите на српските туристи како исклучително активни, пред сé Grčka Info и Live From Greece, Фејсбук, а особено Инстаграм страните на @nikana.gr и @grckainfo, вебстраните на грчки медиуми како protothema.gr (грчки), ekathimerini.com (англиски), kathimerini.gr (грчки), greekreporter.com (англиски), greekcitytimes.com (англиски), kontranews.gr (грчки), итн. @Kallias2 и @koritsaki , ако не се лажам бевте во близина на пожарите, се надевам дека сте добро, нека сé се заврши што побрзо и што побезболно.
Фала ти што помисли на нас, јас сум добро во Мк сум месец и пол , брат ми е на Тасос од вчера и баш кажува дека е мрачно во областа Потамја , небото е портокалово на плажата паѓа пепел , ветрот го носи од тие предели во пределот на Ксанти мм кажува дека некои села горат, немам инфо дали пожарите бар таму се ставени под контрола...
Здраво дали има некој искуство од хотелите Makednos2 Nikiti и Koviou Holiday Village Nikiti ? Фала ви
Каков реферат си напишал/а браво, алал вера , новинарство да не имаш завршено? Се шалам, секако. Пожарите беа страшни, се е точно што си напиша, инаку во Кавала немаше пожар, помеѓу нас и Александруполи имаше во неколку села, ама во вторникот поготово имаше темен облак од чад кој доаѓаше од таму и паѓаше пепел од небото беше загрижувачки навистина. Среќа се заврши скоро и мислам дека нема сега тука во моја близина.
Da mi predlozite mesto za pocetok na septemvri 7nokjevanja grcija za 2ca(trudnica) i da ne se cenite vo oblaci
Olympic beach мирно место е побарај на Booking(таму најубаво ќе ги видиш цените за било кое место) би требало да се океј цените за тој период
Неи Пори, Олимпијада, Јерисос, Уранополис, Неа Рода, Неа Перамос, Неа Ираклица, Сивири, Неа Мудања, Неа Каликратија, Неа Флогита/ Плагија, Неа Потидеа. Евентуално ако имате среќа да најдете смештај по нормална цена уште поубаво и во Никити или Пефкохори, Ханиоти.
Zenskı aj kazete mı kade moze da se otıde najblıksu od Solun nekoe mesto plaza? Ednodnevno. Ne sum bıla dosega do Grcıja na more zatoa preporacajte
Paralija potamoz, околу 40км после солун е. Има неколку бич барови едно до друго. Убаво средено е. Има јадење од бич баровите. Лежалките се со консумација на тој бар кај што бевме. Еве слика од гоогле мапс каде да ја бараш