Здраво Ќе може ли искуства за Амулијани, плажите знам дека се убави но дали има раздвиженост навечер и некоја рекреација за деца?
Местото е многу мало, има едно маркетче мало, едно гиро, една слаткарница, една Џиџи миџарница, два три ресторани. За шетање нема баш. Лево од местото има долга песочна плажа која не е многу далеку може и пешки да се стигне, а десно (мора со кола но блиску е) е Лагониси плажата која мене многу ми се допаѓа затоа што дел е со природна сенка, а и како заливче е, па водата таму нешто потопла е. Никити е на 10 минути, па ако сте сместени таму, за шетање ти е блиску.
Здраво девојки, дали некој бил во кефалонија поточно порос, гледам нехар травел нуди ми изгледа убаво
Порос, според мене, е меѓу најлошите бази за сместување на Кефалонија. Речиси сите убави плажи се на спротивната страна на островот. Ако не се лажам, преку нашиве агенции само Порос го нудат како опција бидејќи и е меѓу поевтините локации за сместување, а воедно и да те намамат за користење на факултативи до плажите и Аргостоли.
Јас бев пред 2 години, можам да кажам дека се заљубив во островот барем од тоа што го посетив и дека дефинитивно ќе се вратам пак, и се сложувам дека не е за одење со агенција, подобро со сопствена режија да одиш и да бараш сместување блиску до убавите плажи
Кефалонија е преубав остров. Го имам посетено од лефкада со брод и ме има воодушевено. Бев пред неколку години, но знам дека овие две години цените се драстично зголемени.
Навистина се цените драстично зголемени. Можеби и затоа кај нас се нуди само Порос. Лани, цените за двокреветен апарт. околу Аргостоли за 8 дена, во главно беа над 1300€.
Препораки за локација ама за со бебе на одмор (ќе има 10 месеци), конкретно на втор крак, ситонија? може и смештај ако има некој предлог
Торони. Мирно и тивко место, плажата е убава, голема и чиста. Неа мармарис е многу гужва, од другата страна Сарти знае да биде морето лошо со струи
Здраво, предложете ми некое место во грција за 1ви мај каде е убаво за капење а да не е мн далеку од солун да можам и таму да прошетам?
Први мај шанса нема да влезеш у море, ладно е. Особено не горе кај солун. Крит можеби, знае да е потопло, пример лани на крај на мај беше топло, можеше да се бања ама како у охридско. Кипар е топол, таму може и во мај
Дали некој бил на крф преку ескапе травел во вила елени или случајно ако бил преку некоја друга агенција?
И ние сакаме летово крит, моите ќе бидат 3г и 5г. Се мислам како да стигнеме а да не е со кола. Гледав некој летови преку тирана ама не сме одлучиле сеуште