Скопје - Атина - Крит (Ираклион, Хања) со Aegean (Olympic). Или Солун - Крит, Ryanair лета до Хања (и Aegean), Sky Express и Aegean и до Ираклион. Исто мислам дека летово ќе може и преку Белград од Скопје или Охрид, само не знам како се поклопуваат конекциите.
Може ли некој да сподели искуство за метаморфозис??? Кога би го споредиле со Неа Флогита кое е подобро според вас???
Зависи што сакаш. Метаморфозис е мирно место, не е ни градче- селце е. Има многу шума наоколу и прекрасен воздух. Воздушна бања е. Има места за јадење, малку за шетање, и мал дел со играчки за деца. Плажите се убави. Споредено со флогита, поголема е и од оба горе набројаново има дупло. Ако бараш мир и релаксација тогаш метаморфозис. Башка и убава појдовна точка ти е за шетање на втор крак
Ние букиравме конечно после 2 месеци интензивно барање смештај, цела Гр ја прошетавме ми се чини Торони ќе одиме здравје само, да го прошетаме долниот дел од 2 крак годинава.
Зависи што барате и очекувате, за со мало дете е ок. Ние бевме кога бебето беше 9м, секаде е песок, не е баш бистра водата дека е и внатре само песок, има плитко, нема ветер. Вилата ни беше преку пат, а на плажа огромни дрва, пред еден камп бевме сместени, не во центарот, па таман навечер со количка шетавме до збиднувањето. Селце со мал Луна парк за деца, неколку таверни, продавнички, аптека.
Од прилика тоа и барам. Со мало дете исто, сакам мир и тишина, ние да одмориме и он да има кај да поигра. Не сум ни по шетање ич, сакам баш одмор одмор. Фала ти
@happygirl бевме лани во х. Toroni blue sea во новиот дел. Предност е дека е на сама плажа, па за со дете е идеално. Од храната не сум нешто воодушевена јас иако се вкусови во прашање така да не значи ако мене не ми била нешто посебно дека истата не чини а имаше различни работи секој ден.
Некој има одено на третиот крак Урануполис, Неа Рода ? Ние ќе одиме 5 дена здравје јуни, ме интересира мислење доколку некој има одено
Некој да сподели искуство од Тасос? Како е со цени и дали е океј место за со деца ? Сакаме почеток на Септември да одиме од 1ви во Лименарија. Ќе шетаме по плажи така да дајте и предлог за плажи.
Лани бевме крај на јули почеток август, баш во најголемиот ек. Бевме баш во Лименарија. Што се однесува до градот ништо посебно, лоши плажи (барем мене не ми се свиѓаа). Општо Тасос е повеќе за фамилија и да не кажам пензионерски ама и пар ако знае како да живее ќе си помине преубаво. Дефинитвно да се оди со кола бидејќи е релативно мал остров а има што да се види. Ние го свртеме лани цел. За плажи мене омилена ми беше Алики. Значи ВРВ. Песочна плажа, кристална вода. Мала плажа со лежалки е. Ние што бевме на едниот дел беше 50 евра за 2 лежалки и чадор, ама во тие 50 евра ти спаѓа и јадење од ресторанот, т.е. јадеш и пиеш се до 50 евра, а ако надминеш си ја доплаќаш разликата. По мое мислење мислам вреди бидејќи ние одевме во 10 саат на плажа и седевме по цел ден, така да баш беше тоа топ, ручече со поглед на море. Плажава беше на некои пола саат од Лименарија. Golden beach исто така преубава песочна плажа плажа само што е далеку од Лименарија, на околу саат време. Во километри не е многу ама дека се е кривини многу подолго се вози. Лежалки во последните редови беа околу 15 евра. Marble beach демек најпозната плажа на Тасос, ама не ја препорачувам. Кола да искршиш додека стигнеш таму (во буквална смисла). Камења е се што јас мразам, ама па водата е бистра и сина. Релативно скапо беше, ама па убава е да се види. Имаше уште една многу убава плажа негде на средина меѓу Лименарија и Потос ама да ме утепаш не ми текнува како се вика. Има преубав манастир Архангел Михаел мислам се вика, ама може и да сум грешка. Бесплатен влез со најубавиот поглед. Вреди и тоа да се види. Ние вака дечко и девојка сами преубаво си поминавме. Има доста ресоранчиња и барови во Лименарија така да нема да утнете за Тасос. Се надевам ти помогнав нешто