Здраво девојки, дали би сакале да ми предложите каде би можела да отидам на одмор со нормални цени во Грција со дечко ми навистна не ми се познати краците и местата досега немаме одено на одмор во Грција.
Нормални цени во Грција годинава тешко. Од краците како пар гледајте ги Калитеа, Афитос, Пефкохори на прв крак, Неос Мармарас и можеби Сарти, Никити на втор крак. На трет крак нема што да барате, освен ако не сте за ептен лежерен одмор и талкање по прекрасни плажи. Ако одите со сопствен превоз може да ја разгледате и Кавала, Неа Перамос и Неа Ираклица околу неа. Исто Тасос е со доста прифатливи цени, плус е остров. Скијатос како остров е исто прекрасен за млади парови и има супер прифатливи пакет аранжмани по агенцииве, ама таму само ако одите со организиран автобуски превоз, инаку за со кола траектот е изгор.
@Ahoy moze li predlog za odmor vo grcija za par, ke bideme so kola i sakame mesta koj imaat ubavi plazi, kade ima za setanje odnosno da ima sto da se vidi i ne tolku mirni mesta moze i kade sto ima guzvi i zurki
Дали може некој да ми ја каже какви се цените во Калитеа, летото ќе одам и не сум била едно 5 години, од тогаш драстично се е променето но, слушам дека за лежалки се плаќало 50€ од ден што за мене малку не е нормалнп. За рестораните претпоставувам дека се тие цени,ништо специјално скапо да кажеш дека не можеш да си дозволиш…. барем такс мислам. Но, за лежалките ме највеќе интересира. Ако знае некој нека ми каже, ви благодарам❤️
Ако е некој будала толку да плати. На острови не се толку скапи, арно ама краците се надминаа во цени на било што…
Полихроно беше 30 евра ама тоа е како конзумација т.е.за тие пари даваат јадење или пиење ама мислам дека не важеше за цел ден туку 4 саати така нешто, на плажите после Пефкохори беше над 30 евра ама без конзумација. Да претераа ама веројатно сакаат да го намалат бројот на туристи а да останат само тие што се со повеќе пари. Не ги кривам, претераа особено Србите со тоа лежење на плажа на 10 лежалки со едно фрапе од 2 евра и тоа оставаа пешкири и цел ден ги немаше. Иначе правилата на дел од плажите се напишани и на српски, сакаат и од нив и од нас да се отарасат немаат нешто преголем ќар реално од патлиџан туризам.
здраво ме интересира некој доколку знае добра понуда за Торони , барав меѓутоа е све сопствен превоз .
Полихроно 30 евра ??????? Боже, бев во Полихроно пред 2 години и беа по 10 евра од особа за 8 саати, ма да вака ко го кажувам исто му доаѓа, сега е 15 евра од особа,фактички пар 30. За Калитеа немам зборови. Добро, секаде ли се толку по 50 евра , тоа е 25 евра за 4 саати, кој може тоа да си го дозволи? Еве јас и да можам да си го дозволам не сакам да дадам толку за една лежалка. Штета што веќе одморот ми е уплатен, инаку одамна ќе го откажев
Па, освен „патлиџан„ туристи кој ќе им седи во чкљ класа „апартманите„? Мислам, да бидеме реални, тоа што они го нудат е таман за туристите што им доаѓаат. Тие кои што имаат пари, ретко одат во апартмани од 61-ва, најчесто во хотели се. Што се однесува до лежалките, нели од оваа година треба да има поголем број слободни места за сопствени лежалки? Лани се протестираше за тоа и колку што знам од оваа година треба да се применува. Ние 2021 бевме во Калитеа и многу малку имаше слободно место за сопствени лежалки, а лежалките тогаш беа мислам 50Е од човек пошо корона.
Во право си, јас никогаш не би се сместила во тие крш апартмани, лани бев на еден ден за викенд да посетиме едни пријатели кои беа таму инаку на одмор таму не одам веќе подолго. Па уште сите плажи ги направиле приватни, изгор скапи лежалки и плус не те пуштаат без резервација.
Ајдееее, сега треба и резервација за лежалки аман бре не бива одам во некој луксузен ресторан ,а не на обична плажа, страшно. Мислам дека ова се случува само во Калитеа, лани имав прилика да одам во Ница на неколку дена летување, таму лежалка беше околу 15-20 евра и немаше потреба ниту од резервации ниту од некакви други глупости , но Грција нешто многу се испозанесе овие последниве години и тоа мислам дека е само на краците. Во Паралија на пример не е така ниту пак Неос Мармарс, а лично на мене ми се 3 пати поубави места од Калитеа или Полохроно… барем има каде да прошеташ и не се плажите тесни.
Ве молам споделете искуство за Неос Мармарас и Сарти? Кое место е подобро за одмор, за двајца млади? Прочитав за Неос Мармарас дека било угорница - удолница, па каде е најубаво за сместување? А за Сарти пак, чув дека брановите биле голем проблем. Многу сум во мислење за овие две места, која е подобра опција...
Здравоо на сите, летово одам за Скијатос па сакам да прашам дали некој бил во Хотел Белведере ама во бунгаловите да сподели искуства?
Ако ви е за грчка, каликратија ви е најблиску, а сепак е убава вон сезона. Има голем избор на смештај на букинг завсии шо ви одговара
Дали во Пефкохори има плажи кај шо можеш да си ставиш твоја лежалка? Некој лани што бил. Читам у Калитеа немало место за твоја лежалка. Реално џиш се цените за лежалка, со тие пари ќе седнам барем оброк ќе јадам.