Оваа година се донесе нов закон во Грција, каде задолжително е 70% од плажата да биде без лежалки. Така да мора да има простор каде ќе можиш да си поставиш сопствена лежалка/крпа.
Се мислиме на кој Грчки остров да одиме, женско друштво сме, средни 20сети - предлог? Евиа, Тасос, Крф? Би оделе преку агенција со автобус па сакаме нешто поблиску да е и таму да не ни биде проблем што не сме без превоз. Преку ден би седеле на плажа, навечер би прошетале и би седнале на пијачка. За Евиа траект од Волос знам се фаќа а за другиве места?
По ова шо напиша, најдобра опција-остров ви е Скијатос. Таму имате многу добро организиран градски автобуски превоз, до речиси ~90% од плажите и населени места, со шо најдобро би ви било да се сместите во гратчето. Денски со автобус до плажите, а навечер пешки до кафичи, ресторани и ноќни клубови. Инаку, за Скијатос се фаќа траект од Волос. Што се однесува на Тасос и Крф, за таму ќе ви треба кола за убаво да прошетате. На крф има автобуси, но сметам дека е доста малтретирање зашто понекогаш е потребно прекачување за на некои плажи. За Евиа не знам.
Градските плажи на островите не се нешто нај нај. Тасос е мал остров, да бевте со кола, има што да се посети. Овака ќе морате со автобус, а не знам како стојат со превоз. Ако одите на Крф, исто е тапа да дремете само на градска плажа. Преку агенција имате организирано факултативни излети, крстарења, има убави места кои треба да се видат и посетат. На Евиа немам отидено.
На Евиа нема што да барате, таму одат пензионери , плус споредбено со другиве острови е ништо посебно. Траектот иначе не се фаќа од Волос за Евиа, од таму за Скијатос, Скопелос, Алонисос и Скирос, а за Евиа од Глифа. Меѓу другиве два, и едниот и другиот се добар избор. Главната разлика е морето, Јонско вс Егејско, што значи дека во зависност од периодот на патување Јонско знае да биде поладно, а и воопшто на Крф морето знае да биде поладно ако ги посетувате плажите на западната страна, а таму се најубавите . Тоа се веќе сепак ситни преференци. Крф се бира и за журкање, потоа за Керкира, главниот град, прекрасна и нешто поинаква од другите типични грчки туристички места. До Крф можете со траект од Игуменица до Керкира, тоа е поскапата варијанта, или од Игуменица до Лефкими како поефтина варијанта. Тасос е исто убав, пофамилијарен ама и доста младешки, ако можам така да речам. Плажите се прекрасни, пристапот до сите релативно лесен. Не се издвојува нешто посебно така за посета како Керкира, ама пак од друга страна ако одите на Крф уз пат ќе ја посетите и Кавала, и ете прекрасен грчки град. Траект до островот или од таму, или од Керамоти, со што вторава опција е доста поефтина и покористена. А ако одите со агенција и автобуски превоз, иако не си го спомнала, и јас гласам за Скијатос
Zdravo... Nekoj ako moze da spodeli po koj pat e najdobro da se odi za tretiot krak? Dali da se odi preku Stavros, pa nadolu spustanjeto pokraj more ili preku drugiot Sto odi Kako po sredina na poluostrovot? Vi blagodaram
Преку Дорјан, потоа е автопат до Стварос, па има мал планински дел и стигате Јерисос, па Неа Рода па Уранополи. Преку прв крак, ќе заглавите на обиколница за џабе.
Тасос прескапо. Крф е ок. Мој совет оди Евиа. Од таму фаќај си тури за каде сакаш- џабе пари се, а сепак според мене најниски цени има од било кој остров. Мирен, тивок остров, нема галама, храната можам слободно да речам најубава од било каде во Гр.
Јас планирам во август да одам еден ден на еднодневна екскурзија за Грција зависи каде имаат понуди дека ви август е малку поилабавено, поладно...
Може да споделите нешто за Неа Флогита? Дали е плитка плажата, или одма почнува длабоко? Песок е внатре во водата или камчиња? Навечер има каде да се сврти некое кругче за шетање?
Песочни се плажите и плитко е. За шетање имаш шеталиште поврзано со Неа Плагија, таверни, барови на плажа, а за журки и забава некоја нема.
А навачер има ли каде да се прошета во Евиа, се мислам да не ни е досадно. И ако имаш инфо до каде се има тури
Ае се одлучивме за Тасос, искуства совети кои плажи вреди да ги посетиме, има ли некои факултативи, што има да се види, со автобус ќе одиме така да со превоз сме лимитирани, има ли градски превоз таму како е организиран, или скутери за изнајмување ма да не возиме па страв ми е некако и патот до таму колку е отприлика, како што сфатив траект или од Кавала или од Керамоти може
Тасос има градски ама не знам колку е добар. Ние лани бевме ама со кола. Плажите на источната и јужната страна се најубави, север и запад не. А како најубави и интересно место би го издвоила гиола лагуната
Јас бев во Неос Мармарас минатата година и можам да кажам дека ми е во топ 3 места за одмор. Точно, има многу удолници и угорници ама зависи каде ти се наоѓа и апарманот, плус ако сте со кола тогаш не е страшно. Има многу убави beach bars кои не се скапи воопшто. Ние бевме лани во септември и плаќавме околу 5 евра лежалка од личност јас мислам. По рестораните не е скапо а се многу убави со убава храна. Има многу бутици, улички и места за сликање. Мене градчето лично ми е топ и не ми сметаше што има малку угорници и удолници, некако млади сме и се навикнавме, плус онака живеам во град што е ридче-долче.. така да. Ама јас мислам дека ако отидете дека нема да згрешите, многу убаво си поминавме ние, дури ни беше жал што уплативме за 7 а не за 14 дена. Наоколу има уште поубави плажи за со кола одење. Едно од поубавите места дефинитивно.