Не сум била никогаш во Гр, може некој да ми каже дали Крф е океј? Има понуда за во Вила Елена и Вила Александрос? Има што да се види? И како се патува од едно место до друго, цените како се? Планирам да одам сама, да го пуштам мозоков на пасење ама исто така да запознаам и другарчиња странци, ќе бидне?
Има што да се види ако одиш на тури/факултативни излети кои се организирани од туристичката агенција. Имаш организирано крстарења и прошетка до други места и плажи. Не мора да одиш на сите, твој избор. Цените се од 10, 20, 30, 40 евра, зависи од излетот, мислам дека крстарењето е најскапо, пошто е цел ден од сабајле до вечер, имаш и ручек на бродот. Виливе се во Ипсос, имаш долга градска плажа и шеталиште. Можеш и 7 дена да поминеш само во Ипсос, но веќе кога одиш на остров би било тапа да не посетиш нешто плус.
Каде да ги видам тие тури? Преку кои агенции се? Планирав во Вила Александрос да идам преку Ескејп травел
Скроз доле скролај, имаш факултативни излети со цени. Тоа е преку агенцијата организирано. Ќе си прашаш подетално и во агенцијата. Со автобус ваљда ќе одиш, сите од тој бус ќе одат на некои тури, ќе се запознаеш со луѓе, ќе се снајдеш. https://escapetravel.mk/patuvanje/vila-aleksandros-krf-2024-grcija-leto/
Здраво дечки, да ми предложите место било каде Грција за млад брачен пар со прифатливи цени, само да не е олимпик и слично тој дел во близина.
Јас не сум била ама моја блиска другарка беше. Кажа дека не е толку скапо само 1-2 евра нешто да е разлика. Не е било никогаш толку скапо по ресторани и маркети, дури ние некои работи и поефтини ги наоѓаме. Така да нема страшно
Јас од втор крак се вратив пред некој ден Гиро 4.5 до 4.7 евра или во порција 9 евра Октопод порција 14-20 евра зависи каде Пиво на плажа и во ресторан 4.5 до 8 евра Скара за двајца 20-30 евра зависи каде Другите порции од 9 до кај 14 евра 2 лежалки и чадор на Лагомандра 10 евра, вода таму е 2 евра, гранита мислам 5 беше Во маркет овошјето беше изгор ама нели од локалците купуваме.. Другите работи не беа многу разлика во цена од претходните години или пак додај некои си 20-30% на нашите цени во Рамстор или Веро
Како не е скапо, лани во септември бевме во неи пори и тоа тука на форумов ми кажаа едно од поевтините места е, јас мм и мало дете кое слабо јаде, плус носев од дома нешто, не јадевме во ресторани, само две гира купивме и насабајле кифли за плажа и тоа кифличињата по 3,4 еу толкицли не вредеа. За ручек зимавме од околните маркети сува храна. За три дена потрошивме 200еу ко ништо, башка ко што реков носев од дома за малово сок, супа, палента, бисквити за нас макарони, конзерва некоја..изгор годинава не ми ни текнува на Грција. Бар да јадев по ресторани да не ми беше криво. Изгор е .
Е не знам … тогаш може е до буџетот. Јас знам кога бевме лани на одмор и тоа бев на 4 одморс во Грција, секаде ми е исто не знам. Тука на пример крофна да купиш е 120 денари, таму е 180 да речеме. Кашкавал што купувавме беше 5 евра, млекото не знам сега колку од прилика беше.. чоколадно млеко 2,5 евра 500мл, ете тоа е поскапо. Ама мора да има поскапи работи не може да е исто како тука. Овошјето е 1 до 2 евра поскапо.. ништо дс речеш спектакуларно но, мора да признаам на пример цреши, вишни, јагоди тоа им е изгор скапо, има некои овошја се изгор, но зборам во глобала. Пример ко бевме во Париз, се гледаше разлика, еден сендвич обичен од маркет беше 7 евра кафе 4,50.. веќе тоа е бааги разлика од кај нас, јас за такви разлики зборувам. Во Грција никогаш не сум искусила толкава разлика .. освен лежалки тоа е веќе изгор ама тос е општо познато дека грците немаат контрола со цени на лежалки, ставаат од ракав цени.
Дечки дали некој е бил во Лефкада крај на август ? Планираме да одиме 20-27 август оваа година , па некој ако бил да ми предложи некој убав апартман
Девојки, дали сте пливале во море при менструација? Јас гледав кога ќе идам, и се совпаѓа со деновите баш коа ќе менструирам, а таблети за одложување не доаѓаат во предвид, не се заебавам со хормониве. Што да правам
Сум пливала. Ништо страшно. Не нема да ти тече, се ствара вакум во вода и не тече по тебе. Можеш да облрчеш купаќи да влезеш у вода и да излезеш да се пресоблечеш. Или можеш и тампон да ставиш.
Некој што бил минатата година во Сарти да сподели искуства. Места каде може да се шетне, кафич/ресторан убав за седнување, со цените како се движат? Фалаа
Јас бев. Цените на апартмани се од 50 евра па нагоре, преку Booking ако одиш. Преку агенција може и поевтино