Да, Неос Мармарас е на втор крак. Не сме одлучиле каде точно, а и релативно брзо може да се стигне до било каде, па планот ни е да шетаме. Така да, секоја препорака е добредојдена
Сивири или Пефкохори? Сакаме фино место, ни премногу пусто ни премногу дискотеки. Убава плажа, односно вода. Да има каде да се прошетаме, да јадеме и најважно да има доволно занимации за 6г дете (Сме биле Ханиоти и убаво сме си поминале- знам слично е со Пефкохори)
Не знам ама мене Ханиоти и Пефокохори ми се 2 различни димензии… мислам дека Сивири е подобро место за каков одмор сакате според опишаното
Ако тргате за Грција и терате преку Солун или обиколница, спремете се за Солунски патрдии. Ќе заглавите и на двете места, саат ипол - два тука ќе изгубите, лудница е. Чисто информативно, бидете спремни, носете вода, грицки, претходно застанете на бензинска за во тоалет...
Друга опција за да се избегне гужвата е низ селата да фатите, разликата е околу 20км повеќе. Патот е добар,не е автопат да се вози брзо, асвалтирано е. Тоа само ако одете на прв или втори крак.
Пефкохори не сум била, лани бевме во Сивири и мене лично не ми се допадна. Плажата е претесна (инаку песочна и со бистра вода), занимации за деца има, сѐ на едно место на куп, умот да ти зајде, место за шеткање има, ама е тесно, па со тоа има гужва.
Бидна нашето, тука сме веќе. Во Неа Иреклиа сме, под Солун, не знаевме за друга опција,мислам нема. Иначе, водата е претопла како за овој период. Еве и кратко инфо:на плажа Сахара, кафе 5 евра, пиво 6. Лежалки не ни наплатија посебно, можеби дека дојдовме касно попладнето. По кафани, гиро порција 9 евра, во пита 4,5.
Ако одите по гоогле мапс како опција не ви го дава тој пат. На лити кога ќе дојдете тргнете спрема agios vasileios и долу на thermi да дојдете, ќе излезете пред аеродромот во солун. Можете за кога ќе се враќате назад да видете.
Купи си menstrual cup, има во ДМ. Доколку е аплицирана правилно, до 8h можеш да ја носиш без проблем, дури и ќе заборавиш дека имаш менструација. Подобра опција ти е од тампон, бидејќи тампонот на 4h мораш да го менуваш, а ако си на некоја плажа без тоалети, тоа е малку покомплицирано.
Минатата недела цели два часа заглавивме на ring road, па после кај делот Никити-Неос Мармарас уште добри 45 минути. Границата исто имаше гужва ама не чекавме толку многу, околу 45 минути двете граници. Денес на враќање релативно брзо поминавме на обиколницата, ама за тоа на грчка граница отепавме 2 часа, а на македонска за 15 минути поминавме. Ако ова го налагаат европските стандарди човече, сто пати подобро ни е надвор од Европа.
Чекајте сега сакате да ми кажете дека на последниот ден од одморот кога ќе одам во трговскиот центар Космос на крајот од Солун ќе треба специјално да чекам 2 саата во гужва? Апсолутно прекрасно, поубаво да не ни одам тогаш
Сивири според мене, Пефкохори во вода има камења огромни, ова беше пред години, не знам дали нешто менале. Иначе најдобар избор на прв крак е Ханиоти дефинитивно