Бевме во Никити на еден ден на плажа. Имаше доста гужва, ама таму секогаш има. На семафорите во градот е секогаш гужва, пола саат во кола одседовме дури да ја поминеме таа раскрница. Паркинг се наоѓа тешко на улицата покрај плажата. Лежалките беа 20-25 евра за двајца со конзумација во цената, зависи од кафичот. Значи до таа сума можеш да пиеш и јадеш, над неа ќе си доплатиш. Искрено мене ми се виде скапо, зошто во Псакудија која е пред Никити нема минимален износ кој мора да го платиш за лежалки. Седнуваш на лежалка и нарачуваш колку сакаш. Ние во просек поминувавме со две-три пијачки и не потрошувавме ниту 20 евра. Никој не ти прави проблем и ако нарачаш само едно кафе... Лидл е блиску до градот ама толку многу туристи имаше што се распродаваа продуктите до крај. Во среда (кога завршува една неделна понуда, пред да почне друга во четврток) влегов и немаше речиси ништо што барав... Од другата страна на кракот - на плажата Ливрохио цените за лежалки беа поголеми - 30-40 евра за две лежалки со конзумација.
Zdravo od mene .. sakam da ve prasam dali nekoj vo brzo vreme bil vo Grcija Nea skioni me interesira kakvo e mestoto, plazata , cenite i itn itn , nemozev da najdam tema na forumov ili odgovor pa da ve prasam za iskustvo i fala vi odnapred ☺️
Здраво друштво ајде мала помош каде е подобро за одмор Неа Пори, Торони или Паљури за со мали деца? Плитки песочни плажи и да не е премногу гужва. И предлог сместување блиску до плажа.
Резервирав на третиот крак за почеток на август. Не сум била, па ако може препорака за плажи, ресторани, места што треба да се видат. Со кола сме, така да план ни е да прошетаме. Сместени сме на почетокот, во близина на Неа Рода.
Јас сега купив од Космооте15 евра 100 или 120 гига за 30 дена.Има и од Водафон ама незнам цена види онлине.
Сите 3 се добри за деца, со тоа што паљури нема баш смештаи до плажа. Торони не е многу плитка водата, и не е брашно песок како во Паљури.
Амуљани на 1 ден обавезно. Има траект од пред Уранополи, ептен брзо се стига. Уранополи нема многу за шетање, само на крајот на местото од кадешто почнуваат манастирите, има тури по море да ги видите света гора. Јерисос има убава плажа, за еден ден да смените е исто ок.
Здравоо, може ли подетално објаснување за патот низ селцата? Гледаме опции како да избегаме гужви ако е можно, на 1ви август баш тргаме, а по селцата патот не сме го возеле до сега, на мапс не го дава никако.. И дали некој бил на Дојран или Битола по границите сега брзо? Како е таму со гужвите?
Србите го открија Дојран па и тсму е гужва, со оглед на тоа што е мал премин. Битолс најчесто нема некоја голема гужва, ама ако одите на краци ви е многу вртење. Битола е добар избор ако одите надолу - јонско
Ние бевме јуни месец, убав одмор истеравме. Бевме сместени во Јерисос, за мој вкус не ми се допадна премногу плажата, убава широка ама многу длабоко за деца мали. Периодот ние кога бевме секој ден наутро имаше премногу бранови. Е од поручек беше убаво, ние секое сабајле одевме на друга плажа а поручекта си седевме во Јерисос на плажата. Според мене за шетање од плажи обавезно Ксиропотамо на другата страна гледа према 2 крак, преубава плажа, бел ситен песок и најважно долго и плитко за деца мали преубаво. Исто и Какудиа веднаш после Јерисос преубава плажата, ако можете овие две да ги видите. Исто и манастир Каково, на излез од Јерисос на 7км е, многу убаво место, гостопримливи срби се, еден ден поручек можете на кафенце нудат и мастика мислам беше и локум што го прават они, и не ни дозволија да платиме.
На прв крак ќе одиме, ама на Дојран и Гевгелија премногу е гужва, а со мало дете патуваме што не трпи кола ич, па се препотувам од сега што ќе биде Дојран баш познаници ни кажаа колони има исто ко на Гевгелија баш поради тоа што е мал преминот е гужва ептен На Битола ми кажува на мапс 50км плус имаме, што и не е нешто многу.. Уште начин за обиколницата како да ја избегнеме, да одиме по селца
Ај ќе се најде за некој друг. Сивири е фино ептен, нема гужва, баш онака за одмарање. Има зеленило, водата е супер. Деца имаше претежно помали, вака супер си поминуваа, претежно играа. Поголеми не видов. Има доволно места за јадење, пиење. Срби имаше доста надолу.
Сите три места се на различни делови: првото е надолу кон Олимп, второто е втор крак, третото е на првиот крак од Халкидики. Сум рекла и друг пат од краците вториот ми е најдобар. Убави плажи кои се така поставени што не те фаќа сенка ни попладне, ни наутро. Некои од нив имаат толку бел песок што водата е како од разгледница, зелена и проѕирна. Сите се различни плажи и релативно се блиску без разлика дали гледаат кон едниот или другиот крак. Ако имаш кола за кратко може да стигнеш до различни плажи ама треба да си негде на средината од кракот ситуиран. Торони е помало градче, има зеленило, скоро сите смештаи се блиску до плажата што е голем плус кога тегнеш триста работи со мали деца. За мој вкус е малку прејужно, зошто сакам да не седам секој ден на иста плажа. Пр. од Торони некои одат до плажата Каламици која се наоѓа исто долу на кракот, гледа кон третиот крак. Можеби со мали деца Неа Пори ти е најдобра опција. Брзо се стигнува до таму, нема да заглавувате со чекање на заобиколница кај Солун. Водата е плитка и ќе се изнаодиш во плитко дури дојдеш до длабоко. Има најголема песочна плажа, најширока и со ситен песок. Единствено ако си со мали деца да не земеш смештај далеку од плажа, како што се зезнавме ние една година. Се изнамкнавме по жешкото со колички, душеци и гуми.. И втора забелешка, сегде има комарци, ама како во Неа Пори што има нигде нема толку многу, најверојатно имаат некој канал.. Една година сменивме студио заради наезда на комарци во првиот смештај. Земи си повеќе од едно шишенце Аутан ако одиш таму, средства за во штекер и обавезно нешто против каснатинки. Во Паљури не сум била најискрено, ама сум била во сите места северно од него, по истиот брег и не ми е подобар од вториот крак. Некои плажи попладне немаат сонце, некои се претесни, пренатрупани, не се со така чиста вода. И мислам дека е поскап од вториот крак.