Годинава ќе сме сместени пред Неос Мармарас. со детенце мало сме, кое преспива т.е. од секогаш не сме седеле цел ден на плажа, те.е излегуваме рано и 12 се враќаме назад. дете да прспие, мама салата да направи за со ручече, па после 5 пак одиме на плажа. Лани кога идевме надвор од местото кај шо сме сместени одевме од сабајле и пример таму сме 2-3 саати и пак назад дома, па поручек на локалната плажа. Така ќе е и годинава, но вториот крак има преубави плажи, па си правам план како повеќе да видиме а да не остануваме на плажа цел ден, оти на плажа нема да заспие малото. Лагомандра гледам дека е на само 2 км од смештајот. таму секако ќе се иде. Градската на нес мармарас секако ќе идеме и порто карас. Никити, торони, каламици, ... таму сакам да идеме. Други плажи? како да се организирам, оти ќе сме двократно на плажите
Тргнете порано, после полноќ. Сега и србиве дека идат ептен шпиц сезона па затоа има мнпгу повеќе гужва. Секако ќе чекате ама, бар по мое, нема да е толку многу. Гужвата на обиколница е кога грците одат и се враќаат од работа, колку што видов јас.
Здраво ние сакавме да одеме почетоко на септември Ставрос, Аспровалта ама има термини само после 6/7 септември. Па сакав да прашам некој што е одил дали е океј? Мислам се оти е веке накај средина на септември а со мало дете сме. Август ми е ногу топол.
Напротив, баш дека сте со мало дете средина на септември ви е најидеално. Температурите се обично пониски, водата е топла. Мене најубав ми е септември за одмор, нема да згрешите воопшто.
За викендот ќе одиме на одмор во Грција, е сега ме кочи што девојчето ми се разболе има високо АСО вредности 400 бактерија стрептокока, незнам дали е идеално да тргнеме па пат , во мислам ми е незнам што да правам, ќе го заврше антибиотикот баш за викенд ама ќе треба повторно да се направи контрола за да се продолжи со антибиотик, ваш совет? ќе се консултирам и со матичниот секако
И ние не сме го возеле прв пат ќе одиме сега, ама по другите села што сме возеле било ок патот. Како кај нас, дури по подобар. На мапата не го дава како опција треба ти сама да си го обележиш. За обиколницата на солун сите што биле е како ќе ти се погоди. Може и за 40мин да ја поминеш, може и за 2 часа. Се вози по неа само со колку км на час зависи од гужвата. За да избегнете гужва на границата гледајте околу 4ипол на границата да сте да може до кај 5ч да поминете после тоа се прави мн гужва. За на богородица имаме приметено дека освен сабота и недела, понеделник има исто така многу гужва, еве сега да окл камери да видиш само неколку коли има.
Понеделникот беше преполно на Богородица, цел ден гледав камери, само коли коли... Вчера немаше, еве денеска има пак, плус има пожар долу прочитав на никана или грчка инфо беше, не ги пуштаат да минат граница и да влезат Грција... Најверојатно ќе одиме ноќе искрено, поради малото, да спие ноќта, а и од Тетово до Богородица имаме само 2ипол часа пат, па за другото плус... А и идеме баш на 1ви август, најголемата гужва, па и споен викенд кај нас...
Да да има пожар, затворена е границата во 2 правци затоа има и коли на наша страна. Инаку сабајле кога ви одговорив немаше повеќе од 10 коли на наша страна. Сега веќе е гужва страшна ќе ги пренасочуваат. Штом сте од Тетово и до богородица имате 2ипол-3 часа колку што можете по рано тргнете. Се случувало во 5ч наутро да има колона до фламинго казиното, можете на мапата да видете колку е оддалечено од границата.
Дечки како е со гужви околу 20ти август? Што да очекуваме отприлика. Две години не сум била во Грција и не се сеќавам воопшто за гужвиве
Некој да има искуство со плажата Тиганиа? На Tripadvisor прочитав некои коментари дека персоналот бил многу безобразен, дали е точно?
Па има Ја со моите идам Лани баш бев до 25.08 прв крак, Срби и Румунци крцаше Сега сум на втор, Румунци и Бугари да ринеш со лопата ама буквално. Срби и наши рееетко Има гужва секад
Да бе, нема? Баш Халкидики, особено прв крак е пун со наши и Срби. Или годинава решиле да ја бојкотираат Грчка? Ти на втор викаш си, на Ситонија ама и таму бе идат по местенцата.. Ме зачуди сеа. Ќе да се сепак на прв.
Некој да сподели искуство со наоѓање смештај на лице место како се движат цените од вечер на прв и втор крак