Не знам дали постои некоја ваква тема и не знам на друго место кај да прашам Дали некој бил и има искуство со Golden Park Parking во Солун? Ова е паркинг кај што ја оставаш колата и со shuttle bus те носат до аеродром. Бака изгледа многу блиску, пишува 3 мин. со бусчето. Многу поефтина варијанта за оставање кола него ли на самиот аеродром. Искуства за дали се добри?
@Harley Quinn конкретно со овој паркинг немам искуство, но имам со parkfly.gr и сум презадоволна. За 8 дена кошташе 30 евра, во кои имаш превоз до и од аеродром.
Од 20ти септември времето на краците беше за никаде, кои отидоа како за ајвар правење во соба, бесплатна струја де, дај шта даш. Шега на страна блиски беа неколку дена муфлисале во соба, после стоплило ама водата ладна. Е почеток окт. затопли за 11ти би се капеле?
Зошто ваква информација? Јас бев од 22 до 29 во Полихроно, умрев од жешко, немаше еден ден да биде студено и да не може да се сончаш и да влегуваш во вода. Цел ден седев на плажа, до 7-8 навечер. Ниту дожд, ниту ветер, ниту бранови, ништо. Еден ден насабајле беше минимално облачно, ако веќе бараме игла во сено. Зошто ти, а и повеќето балканци, мислите дека септември и октомври на море се лоши? Дали треба да гориме како ракови на плажа, за да се смета океј одењето на одмор? Крај краева, одиме на одмор, не на потење.
Не гледаш на норма е пуштена членкава, со мислења? Во сите возможни теми, колку да се искоментира нешто…
Меѓу хотел Македнос и Ковиу вилиџ кое сместување би го препорачале? Видов дека Македнос е поблизу до плажа, но освен тоа има ли друга предност пред другиов? Ковиу вилиџ ми изгледа некако поново сега по реновирањето и попогодно за деца со дворот.
Сум бил само во Ковиу и бев презадоволен од секој аспект. Ова пред некоја година. Имаше многу фамилии со мали деца. Дворот и базенот се супер. Има безбеден премин под магистралата за на плажа. Ковиу е полупансион, Македнос мислам дека имаше единствено опција за само доручек.
Здраво дали некој бил во Coral Blue Beach hotel во Геракини ? Конкретно за хотелот читав реценензии ама повеќе ме интересира каква е водата и плажата и дали во околина има маркет/ресторантче нешто за шетање или слабо ?
Дали некој ги гледал понудите за Грција 2025? Има ли нешто интересно и каде би препорачале со 1 годишно бебе на одмор? Мајка му плаче за убаво бањање и лежалка )))))
Здраво дечки, годинава планираме одмор во Кавала. Ќе може ли некој да пише каде отприлика да барам смештај. Сакам за бидам блиску до плажа пошто сум со две мали деца, и да бидам блиску градот сепак сакаме навечер прошетка
Моја препорака е Неа Ираклица. Јас да можам и апартман би си купила таму. Мало место, голема плажа,преубава, не е преоптеретена а жива е. За навечер не треба кола да палиш. Имаш се на 2 чекори. Се наоѓа некаде 12 км пред Кавала
За сместување имаш грчка агенција со веб страна која нуди таму и го држи цело место Ако те интересира нешто повеќе слободно пиши ми порака ќе помогнам колку можам
Ме интересира кое е слично место на Неи Пори,широка плажа ,песочна и убаво шеталиште за навечер... Предлози? За со мало детенце секако
Која плажа е поубава во Неос Мармарас - делот кај стадионот или Парадисос? На слики првата изгледа многу поубаво.
Градската кај стадионот е преубава. Долга, не многу широка, ама не е ни тесна, песок. Има место секогаш, ние на пладне одевме најчесто таму ако се имавме вратено за дремка во апартманот.
https://www.ikoepiloges.gr/en Ако сакаш и во порака ќе ти пишам и едни др апартмани кај што бевме ние. Јас два пати имам одено, еднаш преку агенцијава еднаш во др апартманќ