Метаморфози е интересно местенце, воздушна бања е и има преубава природа. За навечер имаше каде са се сврти по некое кругче и имаше како луна парк за деца, ова последно кога бев пред некоја година, ама само на една вечер како за прошетка. Плус Никити ви е исто одма тука на некоја минута со кола. Плажата не знам каква е, имам слушано секакви коментари, веројатно зависи од делот. Мислам дека не е типично убава како за вториот крак ама не верувам да е ни нешто лоша, просек претпоставувам. Инаку локацијата на кракот му е совршена, ако сте малку флексибилни одлична база е за обиколка на кракот, многу од оние преубави плажи и познати со тиркизно море се на некој 5 - 10км. од Метаморфози.
Здраво Дали можеби некој бил накај Волос и околината на летување? Би била благодарна ако бил некој и ми пише да се исконсултирам нешто Фала
Дали некој бил на одмор на грчкиот остров Родос? Желба ми е да го посетам островот оддамна, па ако некој бил би ми било мило да сподели со мене, како најбрзо да се стигне, најдов некоја опција со кола до Атина, па од таму со траект некој 18 саати до Родос што ми е премногу пат, барам некоја друга алтернатива, дали со кола до Солун, па после со авион до Родос.. Ве молам ако има некој искуство, да сподели..
И јас го меркам Родос подолго време Реално, патот е проблем, предалеку е со траект, ама пак од друга страна којзнае колку е живописно тоа патување по Егејско море, со сите острови уз пат Инаку од Солун има многу летови дневно до Родос, често и по прифатливи цени. Друга опција за авионски е Ер Србија, Скопје - Белград - Родос, мислам дека ја имаат линијата до Родос и би требало да е добро поврзана со Скопје. Па после таму рент - а - кар. А можеш исто да разгледаш и со српскиве агенции, ништо чудно да имаат и некој чартер лет од Ниш.
Ништо нема да видиш од островите, јер најчесто се патува ноќе конкретно за оваа релација кон Родос бидејки е најдалеку од сите други грчки острови.. Иначе знам колку е убаво со траект, бев на крф со траект и преубаво беше, ама не се споредува 2 саати пат со 18 саати пат..
Неи Пори дефинитивно, ние лани бевме со деца од 4 и 6 години си поминавме топ. Плитко пред се, знаменитости има без број. Луна парк, огромно шеталиште, паркови и триста други тракатанци.
Никити и Неи Пори немаат споредба едно со друго. Плажите и водата во/околу Никити се 100 пати поубави од Неи Пори. За лулки, колички и такви занимации, има и на двете места. Шеталиште има и на двете места, гужва исто така. Неи Пори е поефтино, Никити е поскапо.
Апс Апсолутно! Водата на краците, бојата на морето, нема споредба со сите места во Неи Пори и околината. Но пак затоа имавме прилика на еднодневна тура од Неи Пори до островот Скијатос. кое беше едно посебно и незаборавно доживување. Оваа тура ја нудат многу од агенциите во Неи Пори, и топло ја препорачувам
Zdravo me interesira predlog mesto za odmor za juni za so deca 3 godini i bebe, gi gledav Neos Marmaras, Paradiso beach na vtor krak i Olmpijada da ima ubava plaza, ubavo setaliste?
Олимпијада според мене. Плажата е преубава и морето преплитко, децата ќе се изнауживаат. Има и мало како паркче со некои играчки за нив. Нема многу за шетање, една улица покрај море, ама мене ми е многу симпатична, како и целото место. И Парадизо е убава, само за шетање ќе треба до Неос Мармарас, а тоа е на околу 1км. Плус Неос Мармарас мене ми е малку напорен, целиот е нагоре - надолу и некако ми нема воздух, и постојано е гужва. Секако за плажата нема збор.
Агенцијата ти праќа податоци од сметка на газдата и уплаќаш депозит, јас преку Wise имам плаќано, ти даваат од Никана на кои начини можеш да платиш.