Хотелот (ова е за пред 5,6 години) не беше реновиран, имаше неубави соби ама имаше и доста солидни со широки тараси и без мувла, храната беше убава , се водеше лајт алл инклузиве, ми одговараше бидејќи децата беа мали а и поевтино ми излгеуваше отколку да се сместевме во апартман и да готвев. Појадокот стандард по хотелите како што е, за ручек и вечера имаше избор на 3-4 главни јадења плус сезонска салата во изобилие..така да ми одговараше ептен. Мислам дека под закуп им беше на Атлантис и цената беше ептен ок.
Нее.. Сите до еден што се таму се со мали дечиња, нема струи воопшто и скроз е соодветна за мали дечиња
Плитка е и песочна? Видов по слики едно како канал со мост. Тоа со плажата ли се спојува? И баш ради тоа како е со комарци?
Плитка е да, песочна е. Каналот е скроз од другата страна каде што бевме ние сместени. Инаку кога шетавме, од тоа што забележав станува збор за многу мал канал. Ние бевме во Септември, немаше комарци.
@Ena05 Метаморфози е на втор и има дел песочна плажа, дел со камчиња. Комарци во Грција има секаде на тони. Ама секаде. Нема место што ги нема, прашањето е дали те касаат или не. Мене ме касаат и детето исто. Маж помалку го касаат, ама нема место каде што немало комарци (и Халкидики и островите имаат многу повеќе од тука и почудни пликови се прават).
здраво, дали некоја од вас била на одмор во Грција почеток на октомври и дали времето е пријатно тој период за бањање?
Јас бев лани почеток на Октомври во Паралија и Платамона водата беше топла ама надвор дуваше ветар и не беше баш пријатно бев со мало детенце од година и пол нејзе ладно и беше и не сакаше да се капи само со ноџињата влегвеше.
Здраво, дали може да предложите некое место во Грција за девојки каде би имало за забава и повеќе млади луѓе Може да биде и на втор крак. Благодарам.
Забава и млади луѓе на краците нема, само фамилијарни луѓе. Порано Калитеа имаше доста млади, некое диско и кафиќи ама тоа пред 10тина години, за сега не сум сигурна. Ама пошто рече било каде во Грција, забава и млади има Крф и Закинтос.
Од краците најмногу забава има во Калитеа, на друго место штама, особено на вториот крак. Од острови: Закинтос, Кавос(на Крф), Иос итн.
Predlog za odmor so dete 2 godini grcija po kracive? I dali e pogodno da se odi 8, 14 juni ili pokasno da ne e epten pa zesko
Има некој одено на Скијатос во мај, да ми каже искуство? И општо, ако некој сака да сподели за Скијатос, добредојдено е сѐ =)