Резервирано во Паљури срцки, ништо од Турција, хотелите со понормални цени ми се Шула Мина фазон, поховани лебарки за појадок, доста е поскапено годинава. Мојот задник повторно ќе се сонча на краците.
Лефкада ако сакаш да видиш извонредно убави плажи но немаш смештај блиску до истите. Тасос ако сакаш да видиш убави плажи и имаш смештај блиску до истите. Бев и на Лефкада и на Тасос во пост-ковид периодот (откако цените почнаа вртоглаво да растат на глобално ниво) и ќе кажам дека Лефкада е за нијанса поевтина. Ако сте само пар, можете топ да си поминете. Ако имате дечиња, дефинитивно Тасос. Нема да го истрпат патот до плажите во Лефкада. А таму се оди исклучително заради нив.
Може ли да се функционира на Лефкада без кола? Младо друштво сме и сакаме да одиме, ама сите сме неискусни возачи.
Искрено не. Ќе бидете мн стационирани на едно место или до негде поблиску со автобусче. Ама не е тоа тоа - искрено ти кажувам како човек што бил без и со кола. Ако ништо друго, бар да изнајмите таму или ако не е кола нека е моторче
Мало е гранчето класично како сите во грчка. Плажата е стварно убава и голема, башка има и наоколу мн убави плажи кои можете да ги посетите. Само во ек на сезона има мн голема гужва и тешко е за паркинг и сл (ако нема смештајот свој). Исто има премногу срби и македонци, малтене ко у врање
Ние одиме почеток на Јуни, малку ми е страв да не е ладно. Среќа нема да сме во сезона нема да има многу народ.
Ауу искрено каква дрскост од грците оваа година. Контактирав неколку смештаи и никако не можам да добијам термини за датумите кои ги барам. Т.е можам, но да си доплатам плус ден-два, за да немаат празни термини. Контактирам за 15-22 јули, викам ден-два околу тие датуми е ок. Првиот враќа иам слободно од 13-22. Ок викам значи може од 15? Не, мора од 13. Вториот ми враќа имал од 15-25. Ок викам до 23ти. Не, мора до 25ти. Окк. Цените до плафон, за исти пари лани бевме Шпанија и Португалија. Апартманите исти, нереновирани 20 години. Значи стварно сакам да одам ама ептен ме одвраќаат со вакво понашање.
Ама претераа со цените, се е околу 150евра за едно никакво студио, набутано со никакви кревети и некое ако може да се каже кујниче во објект што децении не е пипнат да се реновира. Ем да потрошам еден куп пари ем нема да уживам, тоа не е одмор.
Ужас, со години одам и со години се истите апартмани, ретко некој да е реновиран, а цените од пред 20 години до сеа им скокнаа за 300%. Разбирам и понуда и побарувачка, ама ова е веќе безобразие.
Минатата година бев во смештај ( цела куќа ), дневно 180 еур. Сеа тука ми бара 140 за една соба ( апартман ). Лагомандра.
Дали некој бил во хотел Bellagio во Фурка? Имаат интересна понуда, дури за децата и бесплатно ми нудат, ако има некој искуство би ми значело да сподели? @Гладиоли те прочитав дека оддамна ди прашала, дали беше?