Најмирно место ако сакаш Неа Врасна оди.. гарантирам мирно е многу.. и нема баш многу македонци.. повеќе срби.. инаку Мармарас ние ќе одиме можеби.. велат и таму било убаво
Јас, јас, јас, јас, јас! Оваа година нешто подоцна кон 28/29 август, но сепак ќе се оди. И тоа на моето омилено место Паралија, и меѓучовечките односи воопшто не ме загрижуваат, сум била многу пати во Грција и никогаш не сме имале проблеми, напротив сме биле топло пречекани. Немирите стојат подалеку од туристичките места. Спојлер На крај, ем проблеми ни прават со името, ем од нас заработуваат, мора да се фини !
Може да ми кажете нешто за Полихроно или Ханиоти.Какви се плажите ,водата дали е длабоку многу,има ли место за шетање навечер и сл.Благодарам однапред
имаш неколку страни поназад објаснето убаво, па види. Плажите не се многу големи, водата е многу чиста, од места за шетање у Ханиоти имаш многу коктел барови, во Полихроно помалку. Најблиски дискотеки ви со во Калитеа.Не е ич лошо. И така
Во Неи Пори бевме полани и беше мн убаво . Чиста плажа многу места за шетање ... Во целост прекрасно место !
Јас бев во ханиоти, и ми се допадна, мислам дека е најевтино од сите други места во околината.. Плажите се чисти, навечер има коктел барови, и ептен е забавно пошто имаш ептен интересни гооооолеми т.е Огромни коктели .. за јадење исто така не е скапо, ние преубаво си поминавме, така да го препорачувам.. имаше мноооогу туристи, а пола од нив се македонци ..
Ние ќе одиме со другарките Крф од 22ри јули, а со моите лефкада ке одам со нив малку да се релаксирам септември изгледа
Ако може совет, мислење кој бил, за Полихроно, Пефкохори или Тасос? Кое би било најубаво место, со убави плажи, и места за излегување?
Епа ниедно од овие го нема баш се тоа во едно што го наброја. Полихроно има поубава плажа од Пефкохори ама е мало и помирно место. Пефкохори нема убава плажа ама е пораздвижено. На неколку км и од двете има некои поубави плажи, плажа Ксенија, плажите во Калитеа итн за кои ви треба превоз, пешки не се стига. Тасос е остров, без кола не се оди. За провод мислам дека баш и нема многу, ама има поубави плажи од Полихроно и Пефкохори, ама нагласувам пак АКО СТЕ СО КОЛА или планирате да изнајмите, или ако планирате да одвоите пари за автобуси/бродчиња.
Ми треба предлог за место и хотел во Грција преку некоја агенција. Една соба со голем брачен кревет. Да има појадок,ручек,вечера затоа што тешко дека ќе се снајдеме за готвење. Во некое средно мирно гратче, да има убави плажички и по некое место за излегување. И да има пристапна цена. Сакаме да одиме некаде крај на август почеток на септември. Какво е времето тогаш во Грција? Има медузи? Ако некој бил , добредојден ми е секаков предлог, за нешто веќе испробано.Некако не ми се ризикува. Фала
Ќе одиме прегу агенција... ама немаме одлучено сеуште Последната или претпоследната недела од август,на 7 дена. Каде е подобро за семеен одмор,и не толку бучно и полно со гужва? Лептокарија или Парга? Јас ги убедувам моиве за Парга... ќе видиме што ќе испадне Читав по темиве за местата... и за Парга има подобри впечатоци..
Јас од Лептокарија имам убави впечатоци, во другото место не сум била, но би ја препорачала Лептокарија за семеен одмор. Баш е тивко навечер доколку не сте сместени по главната улица, а има премногу споредни улички кои се доста мирни. Нормално ќе помине по некој мотор сега, ама јас секоја година таму добро се одмарам. А, за гужва, во секое туристичко место има гужва. Убаво да си поминеш каде и да одиш.
Од слики мислам дека Парга е преубаво место, само не сум сигурна колку е топла водата затоа што сепак е Јонско Море. И некако ми се чини 7 дена за Парга се малце, не дека е местото многу големо туку патот е дупло подолг него до Лептокарија, а и некако ми се чини само што си дошол веќе се пакуваш и идеш на пат од 10-12 саати што според мене не е малце... Но ако тоа не ви смета тогаш мислам да ја одберете Парга. Лептокарија е типично место како и сите други, ништо посебно.
Јас ќе одам во Грција, во Скиатос. Едвај чекам, многу интересно ми изгледа островот. Само како да го надминам стравот од бродови? Има 2 ипол саати со траект до таму, а мене ми се лоши од самата помисла...