Во 2025 година да прашуваш дали Кавала има лекар значи дека не знаеш да го користиш Интернет правилно. Нормално дека има лекар, голем град е, пристаниште е. Сум бил и знам, а и да не знам кога ќе укуцам Doctors in Kavala ќе се појават куп. Сигурно нема на рандом форум да прашувам дали има доктори, некои ствари се подразбираат. Ете да не биде дека ти јадам бубрези, од мене гратис совет: Кавала и Драма има многу локал-патриоти, пази околу терминот “Македонија“, не навлегувај во конфликти со нив околу тоа.
И немаше да биде контра напад, ако не се испонашаше како надмено Македонче со пуста желба да спушти некој на земја, затоа затоа што запази.. ти повеќе знаеш дали Кавала била со толку многу народ или не. Ама, не. Желбата да се истакне, егото, е сето тоа е многу поголемо и секогаш сака да надвладее за да се докаже, посебно еве вака за глупави прашања како што ги поставив јас. Нели ? Наместо да се даде соодветен одговор. Не знам кој е хирот, ама океј. Можеби оправдано од твоја страна твоето однесување.
Форумов е создаден за прашања, одговори и совети. Ама, фала ти, со Google ќе почнам да се консултирам. Можеш и сите останати уназад да ги опоменеш дека се што им треба може таму да си најдат,а не овде некој лично искуство да сподели. Зошто 2025...
Епа тогаш тоа значи дека всушност бараш “лична препорака за добар доктор во Кавала“, а не “дали се наоѓа доктор во Кавала“ и игнорантното “Од кај да знам јас дека Кавала е град над 100 000 жители“. Тоа веќе го менува скроз контекстот. Ако сум јас надмено Македонче и сум се правел паметен, и ти си, пошто одма удри со контра-напад за да не останеш покусо. Убав помин во Кавала - кој знае добар доктор нека ти препорача. Ако не, секад ти е Google на располагање со својата reviews секција.
Па пример, во местото Месонги беа 5 евра од лежалка, ама ова во септември зборам. Малку погоре имаше еден Emerald Beach Bar во склоп на хотел со 5* и таму 2 лежалки беа 50 евра. Палеокастрица и Агиос Гордиос имаше слободни плажи, таму не плаќав. Генерално мислам дека не се прескапи освен во тие фенси баровите.
Преклани храната не била баш нај, но лани го зеле други газди и било многу подобро се останато па дури и храната.
Бевме лани и баш храната не ми се допадна, останатото ок. Децата сакаа во базенот, јас воопшто не ни влегов. Можеби и јас претерувам во врска со храната, ама и децата не јадеа нешто многу, само маж ми
Ние лани бевме во Xenios Teoxenia hotel во Уранополи, буџет хотел е,нее нешто вау со5 *,ама беше мн убава храната,плажата беше убава,базените со солена вода, истеравме баш убав одмор таму.
Женски кажете ми нешто повеќе за Крв, кај да се сместам, кај да идам, што, како, зошто. Секав сум го одбегнувала ради тоа шо е преплавен со срби и наши, ама за у септември ми изгледа како добра опција
Јас не знам од каде таа информација дека е преплавен со Срби и Македонци. Тоа може да се речи за Халкидики, ама за Крф, не би рекол. Инаку има посебна тема за Крф, ама и во оваа пребарај има доста пишувано, особено од членката Yowannty.
Оди во август, преплавен е од италјанци. Иначе не е толку приметливо дека има наши и срби, во споредба со Халкидики и Тасос присуството е незабележително.
Фала женски, тоа е мое субјективно мислење од тоа што сум го слушала и муабети. Сепак фала ви на мислењата