Ne znam koi agencii go nudat Tasos.Jas samo sto se vrativ od Tasos i sum voodusevena.Na sopstvena rezija bevme vo hotelce na sama plaza.So sopstven avtomobil bevme i bese preubavo.Go preporacuvam
Mala pomos od vas. Na sredina na avgust planirame da posetime uste eden ostrov,se mislam pomegu Lefkada i Zakintos (ne sum bila i na dvata do sega). Ve molam preporacajte mi od vase iskustvo
Лефкада бев пред 3 години и беше доста пристапна со цени за разлика од Тасос каде бев минатата година. Сеа може да е малце сменето, цените покачени но мислам дека не така драстично како во Тасос. Другарчево што беше со мене во Лефкада, бил во Закинтос и вика дека вториов остров е повеќе за ептен млада генерација (зборам од тинејџ до 20 и кусур - без семејни обврски), додека Лефкада има и „пензиски“ одмаралишта. Источниот брег е така помирен, плажите не се нешто нај нај, ние бевме во Никиана, плажа преко пута буквално и онака солидно средена, ала Градиште. Оние другине дивите се нешто сосем поразлично, но за нив ќе ви треба да рентате автомобил најдобро. Ние користевме јавен транспорт и беше малку глупо јер доаѓаа во 10 часот на терен што е доста доцна да се фатат убавите места под сенка. Закинтос ги има исто таквите но пошто е полно со „дечурлана“ под утицај на алкохол, некако не ми е ќеф да седам таму. Другарчево вика подобро е Лефкада затоа што е поразноврсна.
Здраво. Ќе ве замолам за било каков совет доколку сте имале ваква ситуација. Како е постапката ако мораш да си заминеш порано од хотел во Грција? Дали ќе ти ги рефундираат парите? Ние имаме резервирано хорел во Грција, дојдовме во Понеделникот но вчера моравме да си замениме поради константно висока тепература как дете, бевме во Гевгелија на преглед и не советуваа да се вратиме во Скопје
Си пишува во договорот што го потпишавте со агенцијата кога сте го уплатиле аранжманот. Најчесто нема рефундација, ама прашајте си дали здравствени проблеми се исклучок.
А дали осигурителната компанија може да ни покрие, бидејќи си извадивме патничко здравствено осигурување
Ако немате ставка во договорот со агенцијата за рефундација во случај на прекинување на одморот заради одредена причина ,во случајов болест на дете ,тогаш немате право на рефундација ни преку осигурителната компанија . Со помин. Како е синко ? Вчера бевте на преглед? Маж ми да не ве прими? Он беше дежурен вчера цел ден
Дали бил некој Лефкада, лани или оваа година да сподели како се движат цените за лежалки Конкретно ме интересира за Егремни и Порто Катсики, бидејќи се тешко достапни, дали да носиме наши столчиња или има барови со лежалки, и ако има какви се цените
Јас лани бев со семејство на Закинтос и скроз спротивен впечаток добив, тон фамилии со мали деца, мирно, супер поминав, веројатно зависи каде, кои плажи...
Скапи се лежалките на „дивите плажи“. Ко што ме служи меморијата добро, пред 3 години кога бев, лежалки изнајмивме по поскромниве беа 15 евра за 2ва комада + 5 евра за онакво табуретче да се испружиш. Кога отидовме на Порто кацики таму беа 30 евра минимум. А имаше и прва линија каде беа и до 40 евра. За дивите плажи во лефкада најдобро е да фатиш добра позиција со лични реквизити. Мал дел е приватизиран, повеќе простор има за „обичната“ раја како нас.
Утре сум натака. По она што ми имаат споменато, не е нешто посебно. Едино го вади што е доста блиску до главниот град. Ако идеш во Крф, Ипсос ти е добра појдовна точка со Рент-а-кар. Убавите плажи се на северозападниот, западниот и југозападниот дел.
Јас со мајка ми ќе одам ,не можам да возам , пишува апартманот 20 м од плажа,па ме интересираше таа плажа тука каква е и местото ?