Местото има се што е потребно и плажа, за шетање, јадење и купување. Имате автобуски линии ве носат директ до било која друга плажа и до градот Крф. Ако идете сега или август многу е раздвижено, плажата мене на почеток ме разочара зошто тесна ама беше уствари добра, водата беше супер во Ипсос за пливање.
Да, баш така постепено. За пливање ми беше топ. Јас имам одено неколку пати и имам шетано по плажи ама сега ако се одлучам баш би одела во таа вила на 20м од плажа што ја нудат и би одела на таа плажа во Ипсос. Евентуално на 1 станица од Ипсос е Бербати плажата и таа е убава. Ако сакаш подетално да читаш оди во темата за Крф има пишувано.
Ќе одиме на Лефкада па сакав да ве прашам до толку ли се страшни брановите на западните плажи? Не знам што да очекувам и ме фаќа страв. На план ми се Милос, Порто Кацики, Егремни, Каваликефта+Мегали Петра
Дали некој бил во Едипсос во хотел Hydra и вила Themis? Дали се блиску до плажите ? И општо местото какво е ,морето плажата ?
Со дете си? Кога ќе фатат брановите огромни се. Некогаш има и оредупредување да не се влегува во вода. Јас сум била со маж ми ама без деца. Со деца не се осмелувам. Јас едвај жива глава извлеков , детенце една година го влечевме сите од вода , хорор ми беше сликата и ден денес пред очи. Порто Кацики и Катизма начекавме баш вакви бранови. Милос идевме два пати супер беше. Егремни. Мегали Петра немаа
Многу претпазливо, еден куп луѓе беа соблечени од брановите останаа голи, неколку деца и стари ги струполи во песокот и помагаа луѓе да станат, страшно знае да биде. Ова ти го кажувам за да бидете спремни.
Одете до пристаништето во Трипити и од таму со траект се оди до островот, видете само кои им се термините на онлајн страната и одете порано, лани имаше доста гужва. После тоа со колата можете до било која плажа, јас бев на Аликес, ама како што гледав на google maps сите им се убави.
Мислев ќе загинам Огромен бран ме затрупа на излегување , неможев да излезам , почнав да се гушам маж ми се преплаши едвај ме извлече буквално ме влечеше по песокот Изгледа наивно , но не е
Дали некој има искуство од местото Ierissos? Какво е местото, дали има што да се види? И на плажите Ierissos а и Kakoudia дали е плитко/длабоко? Местово ептен ми се допадна, па ако имате искуства пишете.
Блиску до Солун, ептен средено место, широка плажа, убави ресторани. Во близина Сахара beach. Доколку ви е потребно сместување, пишете ми порака.
ја сум полнолетна, ќе одам со родителите. страв ми е да не ми се сјебе одморот од брановиве пошо како шо читам…
Ве молам мислење за Атина, во септември на три дена? Повеќе ми е за шетање, барав искуства но не најдов многу. Гледам смештај 300+ еур за 3 ноќи, не знам дали е скапо за таму? И исто, дали е безбедно оставање кола на паркинг на улица? Фала
Од трипити има траект. Ние кога бевме беше на пола или на 1час не се сеќавам точно. На аликес плажата одевме. Кога ќе се вратите од јерисос ако може да споделиш каква е плажата( дали е одма длабоко или не) и дали има нешто за деца ( лулашки и Сл). Во план ми е за сл година. Кога се враќавме од амуљани знам застанавме таму на пауза ама ич не се сеќавам како беше.