Зашто водата да не е топла во Јонско море? Па јонското е едно од најјужните мориња во Европа, едно од најсолените а велат и едно од потоплите. Парга не е ич далеку инаку. Со кола за 6 саати, со автобус саат - два повеќе. Ако се оди преку Битола од Скопје има точно 506 километри. A и патот е нов, што се оди накај Крф, Парга, Лефкада, Кефалонија... така да тоа не е многу воошто. Зависи каде одиш, така и цените. Банана мислам од 10 до 20 евра беше. А падобранот кај што гледав пред некоја година дал 70 дал 80 евра беше. Многу сакам и јас да летам, ама и страв ми е
Зашто водата да не е топла во Јонско море? Па јонското е едно од најјужните мориња во Европа, едно од најсолените а велат и едно од потоплите. Парга не е ич далеку инаку. Со кола за 6 саати, со автобус саат - два повеќе. Ако се оди преку Битола од Скопје има точно 506 километри. A и патот е нов, што се оди накај Крф, Парга, Лефкада, Кефалонија... така да тоа не е многу воошто. Нема врска што е јужно кога има претежно ладни струи. Затоа ден може да е топло, ден да е грч ладно, утредента пак топло итн. А и зависи од човек до човек, ама ако некој е научен на Егејско тогаш тешко дека Јонско ќе му биде топло. Од Скопје до Тасос кој е одалечен 400 и нешто км со автобус патував точно 10 часа и пола час на траект, тоа беше со стариот автопат. Со новиот нека е пократко и 2 часа, значи остануваат 8. А ако е Парга 506 км одалечена тогаш е повеќе од 8 до таму. Нормално, зборуваме за патување со автобус како што напомена девојката дека ќе одат преку агенција. На крај краева, нека пишат тие БИЛЕ за точни информации, џабе е јас и ти да се правиме паметни
Парга и не е многу далеку, сега зависи од кој дел на Мкд тргнуваш , зошто друго е да тргнеш од Битола а друго е од Скопје , каде што имаш +2 саати возење. Ако сте оделе до Крф , и не ви било многу далеку тогаш нема ни Парга да биде. А за водата во Парга , во средина на Август месец имам отидено и само 2 дена останавме таму бидејќи водата беше камен ладна . Јонското море е поубаво и почисто и посолено а за тоа дека е потопло , е различно на сите места . На пр. на Крф не е иста водата ,во Дасиа , Гувиа каде што е понечиста ама потопла отколку во Палеокастрица каде што е проѕирна водата ама исто камен ладна. А сепак и двете места се на Јонско море.
Може ли за 400 е да се најде пристојно сместување, со појадок,ручек и вечера,за 7 дена во Грција? Предлози?
Zа тие што биле кој Kрак е најдобар и зошто? ( во смисла на водата каква е ,плажите,медузите и ежињата колку се застапени итн..) гледав слики и вториот крак ми изгледаше интересен таму кај островите ... Kе ми доаѓаат гости и сакаат да прошетаат на краците.некој предлог каде е најубаво?
стар е постот читав мислењето и не си во право.. бар јас така мислам аспровалта и неа врасна се многу слични и се оддалечени половина час пешки одење дури и помалку во аспровалта плажата е песок и да има камчиња ама преовладува песокта и не можи водата во ставрос ( 90 % сигурна сум ) да е почиста кога тоа е пристаниште имам и ставрос одено ноќен живот има нешто подобар неа врасна позз
Јас вчера се вратив од Метаморфози , Грција и сега на 20ти ќе одам во Полихроно. Убаво беше во Метаморфози, фамилијарно место е повеќе. Плажите беа супер, бев и во Никити и таму се уште поубави.
Различно е во врска со јонското море ,јас лани кога бев на Лефкада и во Ксамил 12 дена водата беше топла преубава за бањање ,а другарка ми прехлани беше на Крв и рече дека имало денови кога била топла ама и денови кога заради струите била грч ладна
Вака сега...според мене секој од краците си има своја убавина. Првиот мене лично ми е омилен, затоа што е некако најраздвижен, градчињата се доста живи, има места за излегување, убав провод и слично. Такви места се на пример Ханиоти, Калитеа (дискотеките се некаде еден км оддалечени од Калитеа), Пефкохори, а има и фамилијарни места како Полихроно на пример, идеални за фамилијарен, мирен одмор. Водата е убава, топла и чиста, на плажите можеш да најдеш и песок и камчиња, плажите се доста тесни ама долги. Вториот крак е исто така убав, природата е прекрасна, шумите, плажите и сето тоа. Но тука има повеќе хотели, доста помирно е во однос на првиот крак, идеално за опуштен одмор, без галама, журки и слично. На третиот крак не сум била за да ти кажам, ама сум слушала дека има едно место, мислам Ouranopolis се вика...доста го фалат. И за медузите и остататите животинки па зависи како ќе ти се погоди, во Август медузите се најзастапени, ама не е нешто загрижувачко. Јас барем кога одам ретко ги гледам.
Грција е супер место вреди да се оди јас еднаш одам во јуни(и секогаш е супер времето)а потоа во август повторно или во грција или во Турција
Tи благодарам на одговорот ,веке резервиравме хотел на првиот крак Kриопиги се вика местото најверојатно направивме добар избор ,имаше исто така убави хотели и Oуранополис и Nеос Mармарас ама незнаев како е таму а гостите ми се странци (не се заинтересирани за нокен зивот) ама сепак нај сигурен ми беше првиот крак. E сега имам уште едно прашање освен плазите има ли нешто интересно што треба да се види некакви туристички атракции и знаменитости на било кој крак и околината?
Јас скоро секоја година одам во Грција 4-5 год. имам одено оваа година пак бев во Ханиоти прекрасно е водата е многу бистра оваа година најубаво си поминав
Еве една добра вест со оглед на тоа што железничките врски од и кон Грција со сите нејзини соседни земји беа во прекин од јануари 2011. Сезонски воз за Солун Повратна карта: 20€ тргнување од Скопје само за викенди: 05:05 тргнување од Солун: 20:11 Возот на оваа линија (сега - засега) ќе сообраќа од денес 14.07. до 30.09. 2012
Едно прашање ако може некој да ми одговори.. дали некој знае колку е смештај во Грција во сопствена режија, значи не преку агенции, онака одиш и бараш смештај на лице место? И за кое место која цена е? Ако има некој такво искуство ве молам нека пише. Инаку прашувам за период од 22-23 јули до 30-31 јули.
Пишано е 100 пати за ова. Дел под Олимп - Паралија, Неи Пори и остали - 10-15 евра по човек на ден. Краците зависи кое место точно, ама отприлика 15-25 евра, исто по човек на ден. Или наједноставно отвори страна од било која агенција и симни на таа цена едно 5 евра и ќе добиеш приближна цена.