Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.024
    Допаѓања:
    203.656
    Пол:
    Женски
    Градската плажа не е добра, ама во близина е Амолофи, една од најубавите плажи во Грција според мене. Ако има сместување на таа плажа, таму одете. И после Неа Перамос плажите се убави, ама во селцето не баш.
     
    На Dust и Dikinzi им се допаѓа ова.
  2. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    8.872
    Пол:
    Женски
    Предлог за убава плажа во Грција на прв или втор крак? Да е чиста и тиркизна водата. :sun:

    Планираме да одиме со кола на 2-3 дена па се мислиме каде. Првично идејата ни е Сарти, тука е Portokali Beach за таа знам дека е преубава, но ако имате други предлози секако дека се добредојдени. Исто и местото/градчето да биде убаво за шетање.
    Исто и за Торони размислувам… Освен Скијатос нигде на друго место не сум била во Грција, па затоа појма немам и барам мислење. :)
     
    Последна измена: 28 август 2025
  3. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    2.749
    Пол:
    Женски
    Зависно од тоа кога ќе одите, Сарти е супер избор, баш сега бевме во Арменистис ние, ептен е убаво. Ако успеете да најдете и местенце во Арменистис ако одите септември уште поубаво, имаат преубави бунгалови во кампот и водата е прекрасна.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.296
    Допаѓања:
    12.928
    Пол:
    Женски
    Портокали, Торони, на втор крак.
    Калитеа, Паљури, на прв крак.
     
    На Marley и rainbowec им се допаѓа ова.
  5. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.100
    Допаѓања:
    1.160
    Пол:
    Машки
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.493
    Допаѓања:
    25.431
    На Armenistis се плаќа за на плажа ако не си во кампот?
     
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.823
    Допаѓања:
    145.501
    Да, се плаќа . За цена не знам точно 5-7е . Види на нивниот веб.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил во Олимпијада оваа лето, се мислам да одиме натака сега почеток на септември, како се со цени, дали е правилен избор за со деца во септември и да не имате некој контакт од сместување.
     
  9. Зак од Андромеда

    Зак од Андромеда Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    Лани бевме, песочна плажа, нормални цени само градот е на една страна плажата на друга, ние бевме во апартман прва линија до плажа ама не би препорачала, многу старо и не одржувано.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.667
    Допаѓања:
    13.253
    Пол:
    Женски
    Ова лето бевме Никити, единствено место каде што би се вратила пак. Малку цените се поскапи во однос на прв крак ама водата е милина. Чиста и топла, нема бранови, медузи, ежови. Ние дури не ги видовме сите плажи дека со деца, па не ни се местеше многу, гледавме најблизу до смештајот ама сепак е убаво за со мали деца. Последните години сме постојано на различни места во Грција, најмногу ни одговара водата дека е топла за синче ама дека одамна немам одено на Јадран, според тоа што моите ми кажаа од оваа година не знам дали во скоро време би одела на Јадран иако мене ми е омилен, поради ладната вода.
    И најважно освен што плажата ми беше супер за дете и чиста вода, немаше бранови. Во Фурка посебно има големи бранови, убаво, мирно место ама поради брановите не би сакала пак.
    Во Никити убаво е што има многу простор за сопствени лежалки иако ние не носевме, имаше многу место каде да се стават. И ми беше криво не толку за парите, колку што кога си со сопствена лежалка имаш повеке приватност, барем овде има доволно место да не мораш во врат да дишеш на тој пред тебе. Ама мм тешко да го убедам на ваква опција |(
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.667
    Допаѓања:
    13.253
    Пол:
    Женски
    Веројатно си била веќе, за со деца не е баш. Има често големи бранови, и на повеќе места има ежови во водата. Инаку е мирно место, таман за со деца. За 10 мин прошеташ и се враќаш. Нема многу ресторани, се на се мало местенце. Ако не ти сметаат брановите, водата е чиста.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.013
    Допаѓања:
    12.391
    Пол:
    Женски
    Дечки, некој од вас бил во Xenios Anastasia resort во Неа Скиони?
     
    На tessi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. salat43

    salat43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    18
    Dali bevte vo Hotelot Jenny Siviri?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. salat43

    salat43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    18
    Tret krak, Xenios Theoxenia. Avgustot bevme. Hotelot e postar, no e mnogu cist. Pominuvate niz tunel i ste na plaza. Imate pesok so sitni kamcinja, familijarni lugje, polno decinja ☺️
     
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.977
    Допаѓања:
    174.409
    Пол:
    Женски
    Никити мене ме бендиса многу како појдовна точка за сите плажи, ма да таа плажа на Никити ми имаше многу камчиња..јас сакам повеќе ситен песок па водата не мора да е како на Лефкада тиркизна (знаеме од што е тиркизна, не може да е тиркизна од сив песок) :D
    Барем во тој дел ние кај што бевме беше со камчиња ..
    Има ли така поситен песок на некој дел?

    Ма да оваа година многу скапо ми се виде во Никити, на Кипар поефтино поминавме со се лежалки, авион трансфер итн итн..
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.667
    Допаѓања:
    13.253
    Пол:
    Женски
    Плажата кај што бевме беше со песок, ние не ги шетавме плажите, со мали деца уште тоа ни фалеше:D. Е сега на таа плажа што бевме беше песок ама едниот дел во водата на почеток беше со камчиња натаму песок а истата плажа подолу на 300 м во вода беше секаде песок. Мене не ми смета многу затоа што носам на нозете од тие за во вода.
    Инаку цените ми беа и мене соленки. Се беше поскапо, плус денот кога им беше државен празник магично за еден ден поскапеа лежалките за 5 евра.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  17. g.o.c.a

    g.o.c.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    37
    Дали може да ми кажите како е во Калитеа во септември, сакам да одам наредната недела на 3-4 дена, дали се исплаќа за малку дена, како се движат цените и да ми предложите каде е најдобро да барам смештај?
    Сакам да одам фамилијарно и повеќе сме за шетање но доколку е убаво времето би искористиле и капење :D

    Исто може да ми предложите и друго место на првиот крак. Одам прв пат на прв крак па не ги знам какви се местата.
     
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.977
    Допаѓања:
    174.409
    Пол:
    Женски
    Фала за инфо
    Не знам, јас не најдов околу нас тогаш плажа со песок, а сакам плажи со мек песок, макар и да е А Ла Паралија стајл ама да е мек песок, да нема камчиња :D
    За нас подебелите е мизерија влегувањето и излегувањето од вода кога те бодат камења:lol: :D

    Лежалките оваа година во Грција скапи ми се видоа, а студио не најдов пристојно под 100 евра..а не па апартман..
    На Кипар 7.5 евра беа секаде комплет 2 лежалки и чадор:D
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.667
    Допаѓања:
    13.253
    Пол:
    Женски
    Ние плаќавме 20 и 30 евра без консумација, само на едно место имаше 10 евра ама и тешко се зафаќаше таму уште рано беа зафатени.
     
  20. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    1.495
    Да, таму бевме веќе 3 пати