Јас од пред 2г. реков не давам веќе пари за лежалки! Цените за лежалки станаа апсурдни, буквално за 8 дена ќе купиш лежалки колку една плажа да опремиш. Освен во исклучителни ситуации, си носам лежалки, столчиња, чадор од дома. Парите дадени за лежалки или ги трошам на друго или ги заштедувам.
Годинава не бевме ниту еднаш на лежалки. Цениве одеа и до 80/100 евра. 20 ми е многу (лежалки во 8-ми ред до тоалетот), не па 80, конзумирам 2-3 пива на плажа сигурно, не можам со едно кафе цел ден, јадам понекогаш, значи 50 евра у ден како ништо ќе ми летнат. Со чадори, столици, лежалки, фрижидерче со пива, сендвичи, портабл звучник, следна година и плинско со ѓезве ако треба ќе носам, кафе ќе варам, на портали нека ме има како оние што прават ајвар, претераа со цениве. А читам дека и Албанија и Црна Гора било слично. Спојлер