Сивота за мене е такво “пензионерско” и јас преферирам такви одмори . Еве предлог за сместување, плажичката напред е ваша дури нема ни музика. https://www.booking.com/Share-wOkW4X
Кефалонија би ти ја препорачала. Ние бевме сместени во Порос, мало местенце е, мирно, баш како за парови и фамилијарни луѓе. Бевме почеток на септември, ич немаше гужви, галама, гласни музики, ништо од тоа. Не е парти дестинација како Крф. Навечер беше многу пријатно за прошетка покрај море, има неколку лабави ресторанчиња за седење, маркет, сувенирници и тоа е тоа од прилика. Градската плажа е океј, чиста е водата за бањање, само имаше малку бранови ама ништо претерано. Лежалките не се наплаќаат. Камени плажи се. За шетање по други места/плажи имаше такси, мислам дека можеш да ренташ и кола. Главниот град на Кефалонија, Аргостоли е на саат време од Порос, така нешто. Ама и таму не беше нешто премногу гласно и хаотично, фино место е за прошетка навечер, и за шопинг, ако ти е тоа битно, има повеќе продавнички од Порос. Убав остров е Кефалонија, барем мене ми се свиѓа, ги има најубавите плажи. Би ти препорачала доколку идеш, да ја посетиш Миртос плажата, иста е како плажите на Лефкада, тиркизна, светло плава боја, а и истото море е, Јонско. Антисамос и Скала се исто убави плажи. Е на Скала се плаќаа лежалките, ама не беа прескапи, мислам дека 12 евра две лежалки со чадор, а на Антисамос има простор и да си ставиш твоја лежалка. Като Лагади е во близина на Порос, таа е дива плажа, нема барови, нема лежалки, ништо. Некои шест, седум километри има пешачење и малце е стрмно, ама вреди, фантазија е плажата. Со такси одма се стига, 15 евра беше правец. Мене ми се допадна многу, зашто и јас барам мирен и релаксиран одмор, без журки и галама, а со убави плажи, а Кефалонија баш тоа го нуди.
Фала ти мнооогу за препораката На тема пензионерски одмор, како е во Сивири? Најдовме некои убави понуди за таму па ме интересира какви се плажите дали е убаво.
Годинава Лефкада, букирано од ноември. Добри диви плажи има, нема да банкротирам. Плус и ќе ослабам некое кило, додека стигнам до плажите.
Здраво препорачајте убави места на прв или втор крак мирни со 2 деца 2.5 год и 9 месеца.Песочна плажа без бранови
На втор крак дефинитивно најубава плажа ми е Кастри, после Никити. Ама нема апартмани на таа плажа, само цели вили се издаваат, и се многу скапи, од 5-10000 евра за цела вила. Тоа може да е исплатливо ако одите повеќе фамилии, 3 или 4, оти вилите се големи, со по пет-шест спални соби, една имаше и со осум, ама плажата е сон, мирна вода, песочна, плитка, милина за деца. И нема гужва, барем немаше лани во јуни кога бевме ние. Инаку ок ти се Ковиу, Лагомандра, Трани Амуда, Вурвуру на втор крак, на прв не сум ни одела досега. Види во Вурвуру, може ќе најдеш нешто на сама плажа.
Здраво, дали имате препорака за добар хотел на втор крак што не е прескап на сама плажа? го гледав хотел Симеон во Метаморфози кажете ми мислење и за местото не знам какво е. фала ви
За Сивири јас бев пред две години, тогаш со бебе од 5 месеци во Септември. Си поминавме прекрасно. Премногу мало градче, веднаш бевме сместени до плажата, мирно е и многу убаво. Плажата е песочна, во сезона не знам како е ние бевме прва/втора недела од почеток на септември, немаше гужва, имаше пристојно да се сместиш на плажа без да се гужваш.
Добро место со убава плажа, шеталиште и ресторанти погодно за со 4год дете? По можност до 2, 3 сати од граница возење. Сакам и хотел доколку има некој да предложи барем доручек да има.
Јас би ти препорачала Иерисос, пред 3крак се наога и е топ погодено местенце за со мало дете. Има убави и чисти плажи и морето е кристал чисто. Патот е толку 2,3 саати. Има и ресторанти, а за хотели има ама се малку по солени. Пошто краците се секогаш нереално поскапи. Имаш и ресторанти кои подготвуваат домашна храна и можеш да зимаш и да си ручаш во собата. Братучедка ми веќе 3 години одат таму од кога се роди внука ми(3).
Фала ти што ми сподели мислење. Се одлучивме за Торони па ако некој бил скоро, ако може да ми пише како било