Пефкохори. Не е многу далеку од граница, убави се плажите, има ресторани и кафе барови, а погодно е и за мали деца. Барем ние кога бевме, имаше доста фамилии со деца на таа возраст. За хотел не би знаела да ти препорачам, ама разгледај ги на инста, фб или на букинг ,,Nioplias Luxury Apartments". Можеш да ги разгледаш и Полихроно, Калитеа и Паљури. Агенциите имаат доста аранжмани за таму, ама апартмани се обично.
Последниве години ептен гужва е таму, како што викаме газ до газ е. Едино само Паљури вреди, друго се е гужва и тоа огромна. Цела Србија преселена е таму. @bookslover Торони преубаво место. Тркнете до Порто Коуфо, блиску е, преубава плажа и многу интересна глетка. Не ти кажувам каква, ќе почекам ако одиш да споделиш импресии.
Знам, страшни гужви беа, не можеш лежалка празна да најдеш, паркинг ни за лек.. Поготово јули, август... Мене Грција на островите најубаво ми е, посебно септември месец. Рај.
Мене искрено ми се краците сите прошетани, нема град, селце, плажа што не сум ја посетила пошто од мала со моите кога сум одела сум одела на различни места, моите се тип на луѓе кои се авантуристи и не посетуваат едно место повеќе пати. До пред 2 години и јас одев сама се додека не видов реално колку се поскапени цените таму и си кажав, веќе на краците не одам, само островите. И се држам на тоа, многу поефтино поминувам и многу поубаво ми е. Нема многу народ и можам да си шетам по плажите каде што нема многу гужва. Така да оваа година дефинитивно пак остров ќе биде.
Сакам да се дружам со твоите. Иста сум и ја, сакам што повеќе места да прошетам и да мењам дестинации, да не биде едно исто место секое лето. Фино е и на крациве, не дека е лошо, ама островите повеќе ме влечат. Бегам од гужви и галами, а богами и од Балканци бегам. На островите повеќе странци има. И сакам да го истражувам островот, да шетам на различни плажи. Ги обожавам тие скриени, диви плажи, кај што нема барови и лежалки. Тоа е за мене прав одмор, мир и тишина. Не сум пензионер, од кај тоа? Исто и ја, годинава остров обавезно. Скијатос, Тасос, Крит и Лефкада ги меркам. Ама на Скијатос посебно му се имам намерачено, нон стоп висам на профили од агенции и го барам. Ако имаш некоја препорака за смештај или ако случајно видиш нешто за таму, обавести ме.
Слободнооо исто и мене не ми се оди два пати на едно исто место... Дефинитивно иста сум и јас!! Не можам да ги поднесам особено србите, многу ми се гласни, викаат, урлаат по плажите. Одам да се одморам, не да слушам викање. Инаку не, никако, не си пензионер, ако е за тоа и јас сум иста. Летото си го гледам како буквален одмор, значи ни телефони, ни мислење на глупости ни ништо, само одмор и мозокот на пасење. Како што велам проблемот(мм) си го носам со мене, ама и на него му наогам решение. И да одиш и сите 4 острови се преубави. Јас одев агенциски т.е само ми со најден смештај од нивна страна и со сопствен превоз. Во животот никогаш не сум платила ниту ќе платам многу пари за смештаи кога во собата седиш само неколку часа, да се избањаш и да спиеш. Агенциски плаќав некои навистина смешни цени за смештај. Не знам тебе колку ти значи смештај, ама пак ќе ти ја понудам Арка, агенцијата што отидов јас со неа на Лефкада, Тасос и Кефалонија. Платив некои смешни цени за смештај навистина, слободно отвори на интернет и види имаат веќе извадено понуди. Значи пак апартманите не се нешто којзнае што, ама чисти и доволни за основните потреби. Мене во душа ми влезе Лефкада. Значи перфекција од остров. Јас бев со кола и преубаво поминав. Топ прво место ми е, искрено! Преубава вода, убави плажи, раат... и да напоменам, цените се нормални. Тасос не би ти го препорачала, премногу оси има, на крај од одморот мм беше каснат баш е алергичен и последните 2 дена трчавме по болници. Плажи нема многу и тие што се најпознати се со огромна гужва. Јас што викам газ до газ. Катастроофа, сега и никад више. За цените нормални се и таму, а за лежалки надуени стандард, 100 евра лежалка на прв ред. Јас на Родос плаќав 100 евра на ден, ама Родос и Тасос не се исто. И тука бев со автомобил со фери брод. Скијатос обавезно, топ 2 место ми е. Тука бев пак со фери брод со автомобил ама не е погоден пошто има многу тесни улички. Многу е сличен како Милос и Санторини, цел е бел и преубаво е. Малку е по солен од вообичаеното ама вреди да се види. Најубави слики си направив тука. Цените се малку поскапи општо ама навистина вреди. Инаку пак бев агенциски ама преку гевгелиска агенција што ми организира смештај, а превозот сама си го платив. Ми излезе малку по скапо, ама подалеку е и островот и не жалам. Крит не сум била, во око ми е убодено од минатата година ама немавме многу денови за одмор, морав да се вратам и затоа не отидов. Планирам да отидам, ама со оглед на тоа дека за некој месец свадба правам па планирам некое егзотично патување да терам, па ако ми остане време во план ми е да го посетам обавезно. Секоја година ако ми останува време одам на два одмори летото, потточно по два острови посетувам. Чувам денови за лето, затоа зимата не користам, не сум човек што ќе оди на зимување, сепак лето си е лето. Исто би ти го препорачала и Милос, многу по солен е ама е сон, цел е во камени бели. Типичен грчки остров, што треба да го посетиш. Нема балканци, жив човек од балканов не сретнав, само имаше Корејци и Американци. Ама грциве се препаметни пошто така си нашле идиоти да им лупат пари и им наплаќаа по 200 евра од лежалка, среќа што знам грчки па не се залажував лесно. Голем пост малееее, можам цел ден да пишувам. Ако треба нешто пиши ми слободно.
@Panda00 ако знаете некој хотел накај втор крак или на самиот крак со јадење, да ми предложите или апартмани нека се и поскапи со јадење или од кои сте задоволни ако сте биле, пишете ми препораки
@Cherry blossom89 Neos Marmaras- Hotel Papagalos Овој хотел е доста убав со поглед на море. Само доручок се доплаќа некои 10/12 евра на ден од човек. Исто и Porto Carras ама цел комплекс е и прескап е, а многу е убав. По некои 250 евра ти е од вечер. Nikiti- Студио Мавридис, ептен убав и чист апартман ептен близу до морето е. Да ми текне уште нешто па да ти додадам.
Фалаа ако, баш пиши ми ако се сетиш на нешто плус...некои ми се познати, можам сите на букинг да ги најдам?
Дали Никити има каде се шета или е само за плажа преку дента убаво па навечер да се оди до друго место.
Има да, има шеталиште ама не е многу големо ама пак интересно е. Обично немаш голем избор за кафичи, по фамилијарно местенце е. Околу Никити сите градови се слични, единствено Неа Мармарис е некои 20км и е така по убаво за шетање со кафичи и повеќе млади има(ако бараш кафичи да излезеш на пијачка). Околу се ти се убави плажи за преку ден да шеташ. Дефинитивно 2 крак ти е најубав и најбогат со плажи.
Пред неколку години (2021година) бев во симеон и презадоволна бев од хотелот. Не е на сама плажа но на два чекори е плажата. Во хотелот имаш и базен ако тоа ти значи и јадењето беше одлично. Имаше и вечерни занимации за деца и грчки вечери. Не знам дали нешто од ова се сменило. Плажата е градска на градот ние одевме на таа најбилсу што е и ни беше супер. Има и некои со барови. Плус, блсику е до втор крак па можете мн да шетате
@Cherry blossom89 Малку покасно ти одговарам, извини. Јас немам искуство со хотели во Грција, само со апартмани. Ама сега гледав по агенцииве што нудат, ќе ти ги постирам тука, може нешто ќе ти фати око. Некои од овие можно е и на букинг да се најдат. Овие ги нуди Ескејп, а види ја и Вила Џина - Неос Мармарас, пишуваше дека е блиску до плажа и климата беше вклучена во цена, не се доплаќа. Таа Стаф ја нуди, а ако не се лажам и Савана и Магелан Травел ја имаат во понуда. Ако најдам уште нешто, ќе ти пратам.
Кажете ми нешто повеќе за Ханиоти? Океј е местото за одмор со двајца тодлери? Ние бевме лани во септември. Јас лично не сум многу импресионирана од самото место, мало место е, нема многу кај да се шетка, фамилијасно место, мислам дека сите беа семејства со деца. Бонус се балканци, шо би рекол мм, нон стоп слушаш Немањааа, Пеџаа Плажата е песочна, огромна што е огромен плус, водата чиста, ама искрено ништо посебно во споредба со други плажи на втор крак. Се надевам дека ќе сте со сопствен превоз и волни за шетање на други плажи. Видов претходно си прашувала за Сивири, мене ми е многу слично со Торони, помирно место е за разлика од Торони, водата е почиста, плажата песочна, ама претесна, буквално на глава ти поминуваат тие што врват тука.
А сте биле ли во олимпијада? И дали може искуство да споселиш за местото и плажата? Со бебе сме па мн ми е битна плажата да е ок и да нема веѕрови и бранови
Па да, гужва е само ама сите што одат генерално одат со мали деца. Рамно е и убава е плажата. Сум била, убава е Олимпијада само има камени малечки по водата и плажата. Бранови нема и убаво е морето, чиста е водата.