Околу Олимпијада имаш убави плажички, Proti Ammoudia, таа ти е многу убава плажа, таму немаш толку многу камени. Инаку во близина на тој предел можеш да одиш Ставрос, убаво големо градче, рамно и погодно за со тодлери. Близу ти е и Асправалта и Неа Врасна каде што не ти ги препорачувам пошто не е убава водата. Има бранови и треви. Види и на краците, обично 2 крак ти е најубав за избор на места за со тодлери.
Дечки ве молам предлог за смештај, агенција контакт,сајт и сл. за краците. Пар сме,сум била само на прв крак и си ги знам плажите и знам што да очекувам. Меѓутоа препорачајте ми било кое место блиску што вас ви се допаѓа. Ми се здосади, букинг го превртев 100 пати. Не бараме нешто посебно,секако сме со кола, ама да е убаво и не прескапо.
Дефинитивно втор крак, сместете се во Сарти или ако сте за камп тогаш Арменистис. Букинг е скап, nikana.gr и тие кренаа цени, но користете ги за да најдете вила или хотел и после пишете им директно на сопствениците на вилата.
Иерисос пред 3крак е многу убаво и водата е многу чиста. Можете и еден ден да одите со кола до островот Амолиани, блиску е ептен и не е скап фери бродот, некои 18евра за 2јца со автомобил во еден правец. Можете и да прошетате до Оранополи, таму е исто многу убаво. Само општо Иерисос е малку подалеку т.е малку патот не е убав, кривини има, ама вреди да се види.
Да, мало место само што е погодено за повозрасни парови. Мирно место е, чиста вода и плажа. Сите градови што се на 2 крак имаат чиста плажа и вода. Близу ти е Геракини, Никити, Метаморфози и Неа Мармарас. Ако сте млад пар не би ти препорачала таму.
За последниве две, зш не? сум бил ко ептен помлад, ама не ми делуваат ко да не се за млад пар, освен што е удолница и чоек може да рикне таму скроз.
Не, не грешка се изразив. Моја грешка! Псакудија не е за млади, овие другиве се, особено Неа Мармарас, погодено.
Млади сме.. ама со две деца 2 годишно и другото неколку месеци. Барам да е нешто складно со цена ама и на плажа, за мајката бар од прозор да може да гледа море
Јас резервирав во кампот во Арменистис, mobile house. Исто со бебе и мало дете. Кампот е преубав, снабден со се, плажата е совршена.
Па уште ми е во стомак а резервирав од 1ви Јуни Ризична бременост носам, не се знае кога ќе се породам, но ајде пошо сме Февруари а Април ми е термин, да речеме 2-3 месеца ќе има. Ноо кампов е цел со дрвја и сенки, куќичката што ја букирав е со спална и купатило и уште еден простор со кревети на спрат, има убаво дворче и маж ми праи добра скара *плаќам 820 евра за 9 ноќи
Може ли некоја убава препорака за хотели апартмани во Грција?место од каде сте задоволни за со мали деца од почеток на јули 10 до кај 20ти бараме за две фамилии и 4 деца 2г и 10г. Искрено досега нр сум била таму па со време сакам да добијам инфо. И да најдеме она што најмногу ни одговара. Фала ви
Вила Попи Иерисос, Грција. Топ местенце за со деца. Чиста вода, чисти плажи. Вилата е одма до морето, преблиску е, т.е пеш да си одиш на плажа. Ја има на Фејзбук, ја нема на Букинг, не ја става. Слободно пиши и, додади ја.