Топ е кампот за со бебе. Не си погрешила . Ќе уживате. Се ви е тука околу. Не е галама. И навечер јуни е баш свеж. Значи носи се обавезно. Со лесно.
Негативното е што морето може да биде често со бранови, али ние кога бевме имаше доста со деца, се шлапаа у брановите.
Дополнително, ние кога бевме имаше многу морски струи што буквално ти го носат телото така да не знам колку е добар избор за со дете.
А околу сместување, позитивното е што сите апартмани се преку улица, ептен блиску. Е сеа нашиве агенции нудат шупи, така да не очекувај нешто woow. Ние најдовме last minute понуда, немавме некој избор, али секако бевме цел ден на плажа и излезени, вечерта само на балкон што седевме, толку ни беше престојот у шупа-смештајот.
Врахос е прекрасно место. Има голема песочна плажа. Се е блиску, ја преминуваш улицата и си на плажа. За со дете морето знае многу да се разбранува, но во зависност во кој период ќе одите. Една година на почеток на јули морето беше прекрасно, а минатата година имаше огромни бранови. Предлог за смештај: Sigma Hotel и Vrachos beach hotel. Никана ги имаат во понуда. Има базен во склоп на хотелот. Се беше чисто и ново. Случајно ја посетивме Амудиа. Децата на пријателите уживаа таму.
Лани бевме, имам детално опишано во темата за Врахос што е. Нас многу ни се допадна Јонско, ова лето здравје се мислиме Амoудиа да бидеме сместени, бидејќи плажата за со деца е рај, и навечер да шеткаме Парга, пошто е на некој си 17 km.
Резервирав минатиот месец за прва половина на Јуни. Во Сивири е супер само што има дождовен канал кој знае да се излее и со денови водата да биде лом (сопругот инфекција на уво доби). Доколку ви се излее каналот, добра опција за плажа е Калитеа, на 10тина минути возење од Сивири.
Лелее се разочарав сега... А толку читав,барав, се мислев каде и се да е погодено... Со мало дете сме, резервирав во Зефирос за да може за дневна дремка да се вратиме во соба а не да шетаме со кола по плажи Ова со излевањето на каналот често ли се случува? Или ја имавте таа "среќа" еднаш да одите таму и тоа да ви се случи?
И ние бевме во Зефирос сместени, супер смештај сте нашле. Две години одевме по ред. Каналот е одма лево од Зефирос на 100 метри под едно мало мостче. Ако не ви се вози до Калитеа, тогаш поминувате преку мостчето и одете на плажа на обратната страна накај ресторанчињата затоа што кога се излева дождовникот обично према десната страна се валкаше водата. Интересно место е, сигурно ќе ви се допадне.
Значи често се излева штом вака викаш? Не те разбрав баш,на лево да одиме после каналот? И уште нешто пак да те прашам, камења има ли во водата?