Да, ако се излее само преминете го мостчето и одете на лево. А ако ви се вози одете и до Калитеа (се вози само право, 10тина минути е и имате лидл по пат). Инече песокот и плажата се супер, и самото место е многу симпатично. Го има најубавото гиро од сите краци
Од лично искуство немам, 3-4 вили приметив дека се вртат по агенцииве, просечни се онака. Edit сега ми текна дека лани шетавме по улиците, и сликавме таблички со инфо пред вилите, треба да побарам во телефонов.
Здраво сретнав интересна понуда за во хотел AKTI со појадок и вечера на третиот крак во Грција. Има ли некој одено тука и кој период е убав за одмор на овој дел од кракот? Дали крај на јуни би можело да е ладно, се разбира се зависи и од времето ама одпрлика тој период дали е убав за одмор тука или да одам август?
Здраво Барам препорака за убаво и мирно место во Грција за одмор со мало дете (4 години). Воедно сум и бремена, па би сакала дестинацијата да биде безбедна, со мирни плажи и добра пристапност до лекари или болница.
Може ли препорака за некое убаво место на првиот крак? Сакаме да одиме со кола. Дали има можност ако сме сместени на едно место, да посетиме и друго на едне ден?
Ние лани бевме во Неа Потидеа сместени,па шетавме еден ден Калитеа,Сани,Афитос,Сивири,Неа Мудања... така да кај и да се сместите сите овие ќе ви се блиску за шетање дали за плажа или како за на вечер
Здраво, може да ми каже некоја за искуство во Торони...дали е одма длабоко или плитко е за деца? Сакаме и до поблиските места да шетнеме... Крај на август, и какво е времето тогаш...не сме биле до сега тој период...од 25ти август...
Не е за деца, одма е длабокото и мене не ми се свиѓа како место многу е пусто. Подобро ви е Никити ако сте за втор крак.
Да за втор сме повеќе, гледав нешто и Амулијани или Атос-Олимпијада ...Како е Никити? Таму повеќе е за со деца? До сега не сме биле втор крак...