Амуљани сум била и плажите се преубави, песочни и плитки, за со деца ќе ви биде супер. А Никити е најразвиен од втор крак, плажите се исто убави, на некои места се со песок, на некои се со мали камчиња, ама не се длабоки одма. Навечер има доста за шетање, таверни, кафичи, за деца знам имаше доста за играње како флипери. И Лидл и Масутис има во градот, има и амбуланта, аптеки ако ви е тоа важно за со деца.
Би сакале некаде каде што е ситен песок и да не е одма длабоко ради малиот, а и ние не сме кој знае какви пливачи за големи бранови и да дува често ветер, ме разбираш секако....нормално да има каде да се прошета, да излезеш...па недај боже да притреба аптека...сакаме втор не сме биле, ни се допадна торони ама некои викаат одма длабоко некои не..и сега никако не е....сакавме и до каламитци, тиганиа, сикиа да отидеме...
Резервиравме во Dion Palace resort. Дали некој бил, каква е водата, плитко-длабоко. Ми спомнаа дека негде во тој дел е поладна водата. Хотелот каков е, храната или било кое инфо Исто може да препорачате некој хотел алл инклузив, поблиску да е, не можам да патувам 10 часа.
Торони е веднаш длабоко. Син ми плива, но таму со мускули и еден од нас влегуваше. Буквално на трет чекор е над мене. Плус е една улица, за шетање нема ништо. Неос Мармарас или Никити според тоа што бараш. Во Н. Мармарас водата е поубава. Никити има поубава плажа. Никити е многу поскапо, под 100-120 евра нема за во сезона. Предност е што има два огромни маркети - Мацутис и Лидл. Неос Мармарас барај кај фудбалското игралиште, се наоѓа за 70-80 во сезона. Има само Мацутис но надвор од градот, мора со кола. Аптеки и таму и таму. Навечер за шетање и таму и таму. Метаморфози е во шума. Плажата ништо посебно, во споредба со останатите на втор крак.
Да. Блиску се местата едно до друго место, а исто така и источната со западната страна. Од кај Неа Фокеа е споено со добар пат до Сани. Не е многу возење, а и гужвите се помали на западната страна.
Амулијани беше еден од најмирните острови. Минатата година беше катастрофа, дали од премногу гужва навечер цел остров мирисаше на канализација. Пренатрупан е. Олимпијада е многу со ситни камени, не ти ја препорачувам, а Никити е убаво. Баш за со деца е. Блиску е плажата, немаш потреба од кола. Плажите се долги, а тесни, ама чисто е. Исто втор крак е најубав од сите, најубави плажички имаш, Оранж, Лагомандра. Само имај на ум дека е поскап и лежалките се скапи. @Munchmallow20 Мола Калива на 1 крак близу до Фурка. Цел комплекс е тој како град направен и сите апартмани се на самата плажа. Имаш таверни и продавници. Немаш лежалки, ти треба опрема, ама многу е убаво. Исто и Кривопиги на прв крак плажичка како во дупка од сите страни со дрвја е.
за наредната недела сакам да резервирам некаде на прв крак, дали бил некој крај на мај да кажи дали времето е добро или уште е рано? фала ви
Јас ќе одам последниот викенд на Мај на прв крак и ќе ти кажам. Во глобала ран период е тоа, уште немаат отворено сите кафичи и свежо е.
Парга, јонско море, западна Грција. Имаш многу зеленило, природа, на пола саат со кола има река, извори, Springs of Acheron. А и самата Парга е убава, не е класично грчко село со две улички, како мал Охрид е, има многу знаменитости. Spoiler
Еј ми се свиѓа местово Имаш ли предлог за агенција што ја работат или подобро сами да одиме? Гледам карши Крф е, лани бев таму, така да познат би ми бил патот пошо вика близу Игуменица е. А и смештаи ок вака гледам, не се прескапи.
Мислам дека повеќето агенции ја работат, провери Мартин травел, велешка е. Да, по тој пат, Крф, Парга, Врахос, Превеза, цел тој дел е убав. Spoiler https://martintravel.com.mk//patuvanja/ПАРГА
Зошто не за одмор Афитос? Дајте препорака за друго место. Забави не не интересираат. Да е мирно, чисто, да има што да се прошета и блиску за со кола.
Зошто за плажа ти треба со кола да се симнуваш секој ден, за прошетка е преубаво навечер, но тоа е мој личен вкус. Каде те интересира конкретно прв крак?
За било каде. Сум била Паралиа, Флогита, Калитеа и сл. Сега сакам за мини одмор 5 дена. Да не е многу гужва, да има што да се прошета и плажите да се чисти. Неа Каликратија можеби или Никити?