Јас не најдов Бекутан, Аутан, Раид, од таму купував демек грчки и пак бевме искасапени. Ноќеска не се спиеше, шуштат, касаат. Никогаш веќе во било кој месец, инаку ние бевме крајот од јули.
Да, и јас мислам така. Скрос од крајност во крајност се мислењата на тема комарци во Неи Пори. Едни не виделе комарец, други се вратиле решето. Нас веќе ни е резервирано, ситно броиме и ни останува да се надеваме дека ќе бидеме од тие првите ама, во случај да сме од вторите да бидеме спремни и опремени
@Ena05 Ние бевме лани од 18 август. На тераса не можевме да излезиме, во секунда бевме искасани. Дури и на маж ми шо никогаш не го касале. По шеталиште на секој чекор луѓе застануваа се прскаа со спреј. Штом сте резервирале убо да си поминете, па ќе кажиш овде за комарците
Фала вии Ако ме нема до крај на месец значи убаво си поминувам и ќе се пофалам кога ќе се вратиме, ако сме во борба со комарците сигурно и порано ќе се пожалам
Местата под Олимп се познати по комарците. Не знам за Неи Пори, ама Лептокарија беше у ж а с, и тоа при крај на септември. Бев лом, буквално решето, немаше место кај шо не бев испокасана. Инаку имаше на плажа луѓе и шо не беа убодени, се прашувам само како, и со што едни се буквално магнет за комарци, други ги одбиваат.. Ја ги привлекувам комарците, али такво нешто немав доживеано за мои години. Преагресивни, само влагаа у соба, да спиеш никако не можеш, одвратно. Никад више Олимписки регион, кај сака нека е.
Ние па 3 г олимписка одиме Јули август и септември. И ни Лептокарија ни Неи Пори комарец сме виделе на враќање Дојран застанавме пепел не направија. Инаку не знам некој ми спомна да запалиме кафе од тој мирис бегале. И оние спиралите исто помагаат ,за дома ние во двор имаме премногу.
Ние лани бевме од 21 август, еден комарец не не касна никој. Јас од памет бев извадена од муабетите исто, купив Мустикер од кај нас ниеден не не касна. Тоа корне смрди на еукалиптус и чајно дрво, можда бегаа комарците од нас . Е сеа ние бевме сместени на почеток на Неи Пори накај Платамона, тоа е далеку од мочуриштето што е на крајот од Неи Пори, можда и во делов каде што одиме нема толку. Годинава пак резервиравме. За споредба во Скопје, решето не прават комарци.
Лептокарија јуни, комарец за лек не видовме. Истиот период и одмор, Неи Пори пепел бевме. Блиски се сега на Крф, исто се жалат од комарци. Ние пред неколку години, не се сеќавам ама мислам не беше нешто критично. За годинава сме опремени со сите можни средства, па да го дочекаме одморот и ќе видиме.
Јас прв пат слушам за мочуриште дека има, појма немам исто ни од нов ни од стар дел кој каде е. Еве овде ќе сме, далеку ли е ова од мочуриштето што го збориш? Инаку од кај го зема тоа за комарци, може слика?
Не сте блиску до мочуриштето, на почеток на градот сте и вие, ние бевме уште по накај Платамона. Од Зегин е спрејот.
Моите сакаат да идат на одмор во Грција, да ми препорачате некоја дестинација и по можност смештај како за повозрасен брачен пар? Шетање и журки не ги интересираат, битно е само да има убава, чиста и песочна плажа и смештајот да не е многу далеку од плажите. Најбитно им е местото да е поблиску, да нема пример 12+ саати пат до таму.