Вила Кики, лани бевме таму преку агенција escape travel. Локацијата подобра не може да биде, на сама плажа и на шеталиште, се ти е тука. Плус не плативме скапо, 50 евра од вечер од 6ти септември.
Дали некој бил во хотел Џени во Сивири? И каде е подобро за со год ипол дете, Сивири, Ставрос, Никити или Турција? Може и други предлози.
Здраво Бараме сместување за 6 луѓе возрасни На втор крак,Никити,Ормос Панагис,Сикија. Сакаме иста вила со посебни спални и заедничка кујна Ако некој бил во некоја таква,може да ми каже или прати линк По нашиве агенции,крш е изборот И да,не мора до плажа,секако со коли ќе сме,ќе ги шетаме плажите Тенкс
Врахос, моите беа таму преубаво си поминаа, сите смештаи се на самата плажа зошто е мало место, лежалките не се плаќаат и плажата е огромна и долга.
Баш и не се сите смештаи на плажа. Ние бевме пред 2г. Добро е само ако си доле во прв ред а после е боже сачувај нагоре по угорниците. Пишувам пошто се работи претпоставувам за повозрасни луѓе па да не се зезнат, ако одат да бараат стриктно доле одма до улицата, никако нагоре.
Јас имам одено, со двегодишно дете и искрено не би уште еднаш. Не е класичен хотел, туку апартмани со ресторанче (мала кујна од каде што земаш храна и масите се надвор во дворот). Нашиот апартман беше по една угорница, на највисок спрат. Ок чисто беше, ама прилично старо. Ние бевме во јули, храната беше добра, пријатели истата година беа во септември и не беа задоволни од храната. Плажата не е блиску до “хотелот”, за со дете секако ќе треба кола да палиш. Самата плажа е песочна, не е длабоко, водата е океј чиста, ама мене лично плажата ич не ме импресионира, долга а тесна, буквално на глава ти врват тие што поминуваат од тука. Турција и Ставрос не сум била, Никити два пати, еднаш со едногодишно дете, еднаш со тригодишно дете и бебе и јас сум вљубена во Никити, мислам цел живот би одела само таму. Имавме смештај преку грчка инфо, прв ред до плажа, блиску до шеталиште. Иако грев е да одиш на Ситонија и да се стационираш на едно место.
Апсолутно! Секогаш кога одам во Грција одам исклучиво на втор крак со кола. Каде ќе ми биде апартманот ми е најмалку битно, бидејќи секој ден одиме на различна плажа. А плажи има голем избор и според мене се поубави од првиот крак, и во однос на природна поставеност на плажата (сонцето го користиш максимално, бидејќи плажите за разлика од тие на првиот крак, не ги фаќа сенка преку целиот ден и седиме до зајдисонце) и во однос на големината на плажите и чистотата на водата.
Би ви препорачала да си побарате сместување во Псакудија. Пред Никити е местото, блиску е и до него и до Ормос Панагиос. Помало е, нема многу што да се види ама има се што треба. Ормос панагиос е само куќарки, апартмани, градчето под замокот е многу мало. Популарно е заради прекрасната вода, која е тиркизно зелена. Никити е поголемо градче и преубаво е за шетање ама е поскапо и доста полно. Во Псакудија во просек е поефтино сместувањето од Никити и Ормос Панагиос. Мои блиски одат на Ормос Панагиос секоја година ама резервираат уште во февруари и пак плаќаат по 90-100 евра од ноќ. Тешко се наоѓа во сред сезона сместување таму а и да се најде веројатно е уште поскапо. Цените за лежалки во Ормос Панагиос се најскапи од сите три места, имаа три тарифи зависно кој ред земаш. Пр. цените преклани беа од 30-60 евра за две лежалки и чадор и со тоа идеше конзумација за храна. Во Псакудија мислам беше околу 10 евра две лежалки со конзумација за пијалок, не ме фаќај за збор. Видете на https://www.costasvillas.gr/ Сме биле сместени во виливе ама пред 10+ години. Тогаш само што ги отворија и ги доопремуваа со садови и покуќнина, не чувам контакт од човеков ама еве имал веб страна. Ние бевме презадоволни. Имаа такви дуплекси - со повеќе спални соби на два спрата со два тоалети. А имаа и апартмани за тројца/четворица. Широки со нормални тераси, тие на приземје со дворче. На угорица се малку ама се на почетокот на уличката. Престанавме да одиме бидејќи и тој поскапе, а во местово наоѓавме и поефтино (секако поскромно) сместување, не толку комотно.
Здраво на сите. Би одела на одмор на еден ден во Грција. (не можам подолго бидејќи работам сезонска работа) Ве молам предложете ми некое местенце со песочни плажи, убаво ресторанче и да не е предалеку. Инаку живеам во Охрид. Ете и до 4 часа нека има возење, да не е премногу. Знам дека не би се исплатило, но сепак авантура плус.
еве да се цитирам од порано, гледам дека пак агенциите го нудат сега дури и за повисоки суми од кога бев јас.
Зошто да не се исплати, таман е. Според мене најдобра опција е Платамона, со тоа што плажата не е песочна, туку ситни камчиња со песок. Или евентуално, капење во Неи Пори на прекрасна огромна песочна плажа, па ручек во пресимпатичната Платамона, 3км се едно од друго одалечени. Друга опција се местата после Солун, како Переа, Агиа Тријада, па и Неа Каликратија, со тоа што веројатно би се изгубило повеќе време во пат над Солун, посебно ако планираш да одиш за викенд.
Дали некој скоро бил во Сахара резорт на плажа? Треба да одам неколку дена во Солун па се мислам дали еден ден да издвојам за плажирање таму. Или некоја друга плажа да ми предложите во близина на Солун. Важно ми е да има ресторан, бар, тоалети да биде фино разработена затоа што сум бремена.
да има се тоа што бараш сите комодитети има гужва да ама и голема е плажата и ланч барот има и вифи и храна и тоалет само што поубавите позиции на лежалки обично се резервирани однапред
Дали некој бил сега брзо во сума три на прв крак да сподели како е за со дете храната и дали наплаќаат лежалка. Фала