да издвоиш, мене многу ми е убава. од понеделник до петок нема многу гужви, ќе најдите место сигурно, 40€ две лежалки со чадор на првите 5 реда, позади се слободни со пијалок/храна. Ако одлучите да одите за викенд, само со претходна онлајн резервација или рано да одите, хаос е. @Frestonia и јас ти ја препорачувам Каликратија.
Здраво дечки, само да ве известам доколку патувате во Грција, стегнати се многу работите за сообраќајни прекршоци. За неносење на кациги казните се 350евра, без можност за намалување на казната доколку ја платите веднаш или за 7 дена како што е тоа случај за некои други прекршоци. Нас не казнија денес, возачката ни е одземена, ќе мора да платиме и да ни ја вратат потоа. Патувавме до Грција со мотор, а нњ казнија на едно мало уличе во градот буквално, не на автопат.
Сивири, Полихроно.. последниве 5 години сѐ овие две места ги вртиме. Исто Ханиоти, Пефкохори се супер..
Здраво дечки, планираме да одиме со дечко ми на Крф оваа година крајот на август, па ме интересира кое место би го препорачале да се сместиме сакаме секој ден да одиме на различна плажа бидејки сме со кола а вечерта така да си излезиме на вечера не сме многу по журки ама сепак и не сакам да сум сместена некаде кај шо нема ништо(барови, таверни, ресторани, луѓе уопшто) И ве молам кажете ми како се цените дали е например како калитеа лефкада или многу поскапо
Полихроно какво место е? Има ли каде да се прошета навечер со дете? Има ли шеталиште? И каква е плажата и влезот во вода? Лекар, аптеки? Не сме биле, се размислував за Неи Пори, ама никако не ми се оди на тој дел. Сакам на прв крак, Пефкохори се што наоѓам е скапо, а и многу гужви, па се премислувам.
Искрено кај и да отидеш на прв крак,сите плажи се прилично тесни и има многу гужва Ханиоти е ок,поголем за шетање Но,поубав е вториот крак Преубави плажи,не е толку накрцано Никити,Неос Мармарас Ние оваа год во Сикиа ќе одиме,мало селце ама со преубави плажи околу Цел прв крак го имам прошетано Ако можам од таму да одвојам,само Паљури
Ние лани бевме почеток на август, сместувањето ни беше во стариот дел на Неи Пори и комарци во апартманот немаше, но во новиот дел каде што е поубаво за шетање вриеше комарци. Јас зедов Аутан фемили од Лидл и презадоволна бев. Јас пак мустикер не можам да го поднесам, прејако мириса, не комарци, не знам што не ќе избега од тој мирис. Заради тој мирис купивме аутан фемили од Лидл имаше многу нежен мирис, скоро и да не мирисаше.
Не е многу големо место, но мене ми се допадна, има долго шеталиште покрај плажите, полно со кафичи, ресторани, палачинкарници. За деца имаше arcade колку што се сеќавам. Плажите беа фул, ама водата беше плитка и многу чиста. Имаше и аптека и амбуланта со доктор што буквално ми го спаси животот, сестрата зборуваше и српски. Заради здравствениот проблем останавме само 2 дена, па не го искусивме местото. Пред 2 години беше ова. Само би ти препорачала да бараш сместување долу покрај плажа, бидејќи голем дел од смештаите се на угорница, па тој дел е напорен.
Ние бевме сместени во Ипсос, меѓутоа може да се сместите и во Палеокастрица ако ви дозволува буџетот. Ипсос е доста живо место со премногу млади и од таму можете да отидете на милион различни плажи чим сте со кола. Крф е скапичок остров, мислам храната, сладолед, лежалки итн се за нијанса поскапи од други места меѓутоа е преубаво и е предобро искуство.
Години не сум била ама Ипсос има(ше) и барови и ресторани, ноќен клуб. Плус се оди од тука лесно до други плажи. Аквапарк ако сте по такви авантури има, на островот, не во Ипсос. @Yowannty може ќе ти даде повеќе насоки Тесна плажа, гужва, лежалки од 10 евра по лице со консумација, на места 10 евра без ништо, плус да потрошиш 10 евра дополните по лице. Некаде 15 евра, зависи. Влезот во вода со камчиња е и за брзо е длабочко. Не дека дете не може да си игра ама на некои може 10тина метри почнува длабоко. Простор за чадори и лежалки да ставаш има, ама не е преголем. На моменти личи ко еден на друг да се сите, да си дишат во врат што се вика. Аптека има, доктор има. Храна оброк од 5 евра нагоре. Маркети има неколку, не се нешто прескапи. Овошје/зеленчук цени како кај нас, нешто дури и поевтино. За деца колички и такви работи со жетони има поприлично. Еден како мини парк, со лизгалка, неколку лулашки.
Со сопругот планираме првпат да одиме на вториот крак. Би сакале препорака за најубаво место за двајца млади со убави песочни плажи, добри таверни и пријатна атмосфера за вечерни прошетки. Кое место би ни го препорачале?
Јас би ви го препорачал Никити, како место со добар избор на таверни и песочни плажи во околината, но и добра и едноставна конекција со едни од најубавите плажи на вториот крак кои се наоѓаат во југо-источниот дел на полуостровот. Алтернативна опција ви е Сарти. Е сега, изминатите години, цените на сместувањата во овие места, но и во повеќето на вториот крак се во вис, но сепак тие зависат од периодот кога сакате да одите и времтраењето на престојот. Освен Букинг, побарајте и преку Nikana.gr
Дали бил некој сместен т.е. дали ќе оди летово во Вила Елени Лептокарија , пишува 2026 реновирана комплет, а нема коментари од некој што бил да најдам. Еве слики во прилог, некои од агенциив3 нудат.
За плажи би ти рекла да се движите во околината на Вурвуру: Fava, Karydi, Armenistis, Orange, Sartis.