Фала за инфо, некое место да ми предложите, не ја познавам Грција баш, еднаш сум била во фурка само убаво беше таму ама сакам сега на друго место
Аспровалта за со деца? знам дека местото е супер за шетање, ама брановите ме замислуваат дали да уплатам за таму .. 5 и 2 год се моите деца Најдов еден апартман 20м од плажа и од шеталиште... планираме од 09,08-16,08
Ќе ти бидат на мисла, цело време треба да ги гледаш. Што се вика, на штрек ќе си. Инаку водата е супер и во август (освен ако малку заврне, тек тогаш е поладна), ама бранови некогаш знае да има ептен дури и во плиткото.
Не. Особено во август, еднаш бевме пред многу години и имаше бранови од 2 метра, еден локалец ни кажа дека во август има некои струи и затоа има толку големи бранови. После 2 дена заминавме. Со деца мали бирајте Полихроно, Ханиоти, Криопиги, Пефкохори. Таму е мирна водата.
Ние идеме средина на август. Избравме да се сместиме во Бенитсес (село одма под Керкира) од причина да сме блиску до главниот град за шетање. Иначе исто и ние со кола планираме да го свртиме островот особено Маратиас, Глифада, Палеокастрица.. Е сеа маж вика нашево било село без кучиња ама ми беше важно да сме во близина на Керкира но е и во нејзе па затоа го одбравме. Иначе за Крф едвај најдов смештај а да не е ѓавол ипол скапо, втора година по ред изборот е оскуден и на букинг и по агенцииве.
Подобра опција би било Ставрос (градов не е многу далеку од Аспровалта), таму има неколку плажи од кои би ја издвоила Платани дека е стварно преубава, нема многу бранови и водата е постепена, не е веднаш длабоко
Дали некој бил во Офринио, каква е плажата, дали е погодно за мали деца, и дали водата би била топла во септември, почеток или средина на септември? Некое искуство?
Не е лошо Беницес. Многу го бираат дека блиску, тој период сигурно ќе биде и преполно туристи. Само плажата не е убава, каменеста е и е баш на патот. И секогаш е многу гужва. Ич не ми текнува кога беше панаѓурот, многу е убаво ако се погодите.
Ние пред три години бевме, супер е и градчето и плажата, од осум дена колку што бевме ниеден ден немаше бранови, можеби наша среќа, незнам.
Ние секако не одиме на градските плажи, ептен малата ако ја мрзи дента да шета по други места па може локално да останеме. Не знаев дека има панаѓур сигурно е интересен, ние секако го одбравме пошо е блиску до главниот град а и маж бил како дете таму сместен па као ај познато ни е. Моето искуство е во Кавос ама таму не би одела со 5 годишно дете.
Наутро водата е многу чиста и мирна. Поручек после 17 ч. знае да направи некој бран, но никогаш 2 метри бранови не сум видела во последните 2-3 години. Инаку водата кон излезот накај Серес е со ознака 3 ѕвезди (највисоко), заради влевање на реката Струма.
Ние бевме крајот на јуни, комарец не видовме нигде. Единствено една вечер кога шетавме кај црквата ме укаса мене еден, ако се брои тоа