Во новиот дел има комарци на крајот каде што се лулашките таму имаше многу кога бев јас средината на јуни а ваму према Платамона скоро ич немаше.
Водата е совршена. најубава боја на море од цел прв крак би рекла, плажата е песочна, само што е 70% приватизирана, и малку останува за со сопствени лежалки. Селцето е горе, а плажата долу, морате со кола да слегувате, или пешки. Инаку Афитос е селце со душа, потсетува на некое италјанско градче. Не е кичерај како калитеа, полихроно и сосесдните селца.
Mislenje za Xenios Theoxenia vo Uranopolis, gledam stari sobite no cisti , dali vo Uranopolis ima tavarni neshto za navecer za shetkanje
Препорака за некое тивко селце, не ми требаат ниту таверни, ниту шеталишта, кафичи, бич барови… ништо. Плажите да се исклучиво песочни. Се што ми треба е климатизиран апартман со кујничка одалечен 0-100м од плажа. Да не е повеќе од 2-3 саати од граница.
Викендите се секогаш критични. Има една група на Вибер - Put do Grčke и во живо луѓе пишуваат каква е состојбата.
Пак најави за штрајк на 3те гранични премини со Грција во понеделник од 06 до 10 ч. @sani99 Напиши само Grc во пребарувачот и најдолу барај.
Споделете ми искуства за Тасос и плажи. Јас немам одено досега поради дете одложувам, мм е запнат за ова лето се изначитав многу коментари за оси и пчели, вистина е така? Какви се плажите, водата, одма да не е длабоко, како е со бранови? Треба за ден, два да се одлучам а некако ич не ми се оди натаму
Дали стварно на грчка граница барале пп апарат за гаснење пожар (со сервисно картонче) и некаков сертифициран сет за прва помош?