Ние бевме минатата година таму,искрено преубаво.Одете на голден бич преубава плажа ,ќе се изнауживате нема бранови
Сигурна си дека е од 1 Септември? Бидејќи на веб порталиве пишува дека ова е веќе задолжително во Грција. Ама не проверувале на граница, туку ако те фати полиција само
Досадно ,добро место само ако сакаш да го шеташ првиот крак.. навечер е утепано за шетање нема ништо, тивко претивко.
Некаде прочитав дека прашувале и на граница, инаку во Грција е задолжителен ваков пп апарат - S-2 веќе со години. Многумина немаат но, казните за непоседување на задолжителна опрема се над 750€.
Плажа песочна,водата чиста за со мало дете рај.Меѓутоа ако мене ме прашуваш водата е поубава на 2 риот крак
Здраво Некој да сподели мислење Се мислеме со другарките помеѓу Калитеа, Криопиги, ханиоти и полихроно. За калитеа добивме многу препораки, дека има ноќен живот и супер плажи.. А и криопиги ми стои на убаво местенце.. Сакаме се да ни е близу идостапно, бидејќи не сме со автомобил. Повеќе сме за онака лабаво чил местенце, нормално и да има што да се види, да прошеташ навечер.
Ако не сте со автомобил Криопиги отпаѓа прво. Нема што да правите таму. Местото е практично рид на кои се комотно распространети вили и хотели, прекрасно за фамилии и вистински одмор. За шетање има неколку продавнички и брза храна буквално на самиот главен пат кој ги поврзува Калитеа и Полихроно и е многу фреквентен. Исто така многу малку од смештаите де блиску до плажа, а и оние кои се на 500-600м сметајте дека се нагоре-надолу. Дел од плажите се со карпи таму, дел се прекрасни песочни со кристално чисто и тиркизно море. Меѓу другиве три, горе долу сите се слични. Калитеа е исто така сместена на рид, плажата е долу, имате стотина скали долу до плажа или кратко асфалтирано нагорно патче. Местото е многу живо, центар за млади на првиот крак, нема да ви биде досадно. Морето е можеби со најубава боја од сите места на кракот, плажата е убава, со тоа што ако користите лежалки сметајте дека цените се повисоки од другите места. Полихроно и Ханиоти се пофамилијарни места, но убави и има каде да се прошета, со убаво чисто море. Плажата во Полихроно е многу тесна, тоа е единствена позначителна замерка. Ханиоти лично не ми се допаѓа многу за навечер, иако има сѐ, ама некако не ми остави впечаток, пак тоа велам мене. Ѕирнете го и Пефкохори, мене ми е најсимпатично од сите на прв крак, со Афитос секако, ама Афитос веќе е и друга категорија, отстапува.
Супер место за со мало дете, песочна плажа тек тук некое камче, имаш месара, аптека, 2 маркети со се снабдени, некое ресторанче, гиро, пица, неа флогита ти е на 10 мин пешки поврзани со кеј, убаво поминавме почеток на јуни бевме.
Дали бил некој сместен т.е. дали ќе оди летово во Вила Елени Лептокарија , пишува 2026 реновирана комплет, а нема коментари од некој што бил да најдам. Еве слики во прилог, некои од агенциив3 нудат.