1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кој ќе оди на одмор во Грција?

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од viki44e, 19 мај 2010.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.922
    Допаѓања:
    42.848
    Пол:
    Машки
    Скијатос е прекрасен и ако одите со автобус мислам најдобра опција за пар затоа што е добро поврзан со јавен превоз. И на Лефкада би си поминале убаво.

    Ако одите со кола и Кефалонија е прекрасна, Крф исто така. Зависи што сакате. Макар што, и да не одите до автобус, секогаш може и препорачувам да рентате мотор, така секој остров ви се отвора целосно.

    Закинтос не, таму е за сингл одење или воопшто не одење :D, Тасос е многу убав ама според мене е повеќе фамилијарен остров, за со деца.

    Е сега ако сте за подалеку, Кикладските острови се многу убави, за во лето конкретно Наксос, Парос, Тинос се топ, Миконос и Милос исто ама се многу поскапи.
     
    На Panda00 и veris им се допаѓа ова.
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.544
    Допаѓања:
    49.862
    Пол:
    Женски
    Се зависи што сакате и дали имате кола.
    Крф, Лефкада, Кефалониа се многу убави острови и има доста за шетање на нив ако сте по шетањето. Меѓу другото и плажите им се едни од најубавите. Тасос е фамилијарен остров, мене лично не ме возбудува многу.
    Ако ви се патува повеќе Киклакдските острови, само има многу возење со брод од Атина/Волос. Исто така за подалеку со авион, на Крит е преубаво и има убави плажи.

    На тема Балканфан, понудите им се ефтини бидејки во главно со нив одат млади до 25 год максимум, смештај што нудат е третокласен и парите ги вадат од екскурзиите што ги продаваат.
    Сум била еднаш или два пати со нив на одмор не се лошо организирани ама како што кажав работат со деца, така да ако одите со нив рачунај смештај ќе ви биде полн со 20 годишњаци кои секоја вечер од град ќе се враќаат пијани и ќе галамат.
     
    На Panda00 и bookslover им се допаѓа ова.
  3. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    3.288
    Пол:
    Женски
    Сѐ што ти кажаа членовите, потпишувам. Скијатос и Кефалонија ги препорачувам. Што се однесува до Балкан Фан, генерално работат со помлада клиентела, многу ретко ќе сретнеш повозрасни да патуваат со нив. Затоа и цените се прилагодени за помлади, смештајот просечен а факултативите прилично скапи.

    Евентуално ако одите за Кефалонија во септември, има шанси да нема толку многу тинејџери и да биде полабаво. Кефалонија е мислам единствена дестинација која ја нудат а да не е party дестинација, не е на пример како Закинтос и Кавос со журките. Ние лани кога бевме, почеток на септември автобусот беше буквално полупразен така да супер ни се погоди.
     
  4. Mila0000

    Mila0000 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Некој што е бил во Аспровалта, Врасна или Неи Пори во апартман близу плажа да ми даде контакт ако има?
    По можност апартман на приземје, бидејќи сме со бебе.
     
  5. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    8.562
    Пол:
    Женски
    Неа пори на гоогле мапс шетај ги во прв ред апартманите, ама сите што ги гледав беа на високо приземје, како на втори спрат му доаѓа, а доле скоро 99% беа продавници( храна, сувенири). Аспровалта и Врасна ти е подлабоко и стално знае бранови да има. Ако веќе одиш на таа крај моја препорака ти е ставрос.
    За смештај ти препорачувам да разгледаш низ гоогле мапс и да им пишиш дирекно на вибер ичи емаил ако имаат оставено. Јас така ги наоѓам.
     
    На Mila0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    956
    Допаѓања:
    2.858
    Пол:
    Женски
    Бев за прв пат во Неа Флогита. За 4 дена само и искрено презадоволна сум. Лежалки 20 евра од кои мораш за 20 евра да испиеш, изедеш. Бевме сместени во апартман кај Македонци одма на шеталиште со поглед на море. Апартманот 150 евра. Без поглед на море 130.
    Плажата сосем ок.
     
    На emche05 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GjS

    GjS Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2025
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали ќе може да ми пратиш контакт или линк од смештајот?
     
  8. Milica TR

    Milica TR Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2025
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Женски
    Во Неа Муданија