jaс бев за Грција на одмор на третиот крак во Ouranoupoli и си поминав убаво искрено убаво ми е таму и не се занимавам со политиката
јас бев во Ставрос преубаво онака искулирано место една улица со продавници и паркче за шетање преубава плажа а уште преубаво море...сакам пааак ама со дечко мииии самииии хехе
Девојчиња била некоја од вас во Парга на одмор? Какво е местото? Дали сте задоволни? Сега се мислиме со дечко ми за тоа место.... Убава понуда имаат од Савана а и вака како што гледам од сликите за сместувањето и местенцето какво е, убаво ми стои. Ајде пишете
Јас најверојатно годинава нема ни до Охрид да одам на одмор, а не па Грција. Инаку, немам проблем со лошососедските ( ) односи, грчките плажи се прекрасни - имам финансиски проблем.
Јас уште малку тргнувам на одмор во Грција. И не ми е гајле за политичките односи, јас одам на одмор. Грција си е убава земја, има убави места а и морето е убаво. Инаку оваа година па и не е баш скапо, симнати се цените.
Ако немам некои поголеми финансиски проблеми најверојатно ќе одам оваа година. Нема да ми биде првпат, а Грција е навистина преубава земја, оставете ги на страна политичките односи, ама според мене е една од најубавите земји за летен одмор.
Кога веќе ќе одите до Парга продолжете до јонските острови. мене Парга ми личи на мало рибарско место...а и невидов некои плажи убави (на нет) Спојлер моите денес стигнаа на Закинтос и првичните впечатоци се екстра позитивни
Точно, се е поскапено , јас бев на одмор на првиот крак , при крајот на мај ,и беше се изгор , на пример хигиенски влошки што кај нас се 80 ден , таму беа 3.00 еур.
Офф, извинете за грешката. Другарка ми беше, ми вика поефтиниле. Yeah, right. Фала што ме известивте.
Јас планирам да одам Грција на одмор..аа ако случајно не одам тоа ќе биди од друга причина..нема шанса политиката да ме запре..не ме интересира политика
Da ne bil nekoj na Krf na Kavos da mi kaze kako se dvizat cenite za iznajmuvanje motor, za hrana i sl?
Јас бев на Крф минатата година само во St.George.Изнајмивме скутер,ама имавме попуст зш газдата на апартманите кај што бевме сместени имаше скутери за рентање и плативме 12 евра за еден ден. Во St.George беше геријатрија, просек на плажа 68 години, јас имав комплекс да се соблечам во купаќи, ама кога ги видов бабите топлес, бев една од позгодните на плажа А Кавооооссс, приказна за себе!!! Жив разврат!!! Вриеше од Англичани, не се трезнеа, а хомосексуалци имаше на сите страни. Дечки се шетаа во танга купаќи и оној пуфнат тул од костим на балерини- се продаваа во секој дуќан таму и ги имаше во сите бои.Малку се задржавме, има луд ноќен живот, а некои кажуваа дека забавата одела до тие граници што имале организирано и орален секс на плажа. Плажите се песочни иначе, за разлика од другите места каде се ситен камен. Сега не знам цените какви се, можеби е поскапо, меѓутоа уште тогаш споредувавме со некои другарки што беа на краците и на Крф беше поефтино за разлика од Халкидики. Најисплатливо за храна пазарење е во Лидл. Ипсос е најдобро место за млади на Крф,па не е лошо да ја разгледаш и таа варијанта. Инаку оваа година пак ќе одиме во Грција, само сега на краците. И ако изнајмуватге автомобил-обавезно извадете меѓународна дозвола.
Ние бевме прво кола да изнајмиме и кога гркот виде македонска возачка, абе запречи краци и не му беше битно што ќе испушти 40 евра, нејќеше да слушне да ни изнајми.Сопругот почна да се расправа, а мене инат ме фати, кажав се и сешто и револтирано го напуштив „местото на злосторството“, зависи на каков ќе налеташ!
Дали има некоја агенција што организира само превоз за грција?Без смештај значи.Лани бевем 10 дена со сместување,ама сега сакаме на 5 дена а ние да си бараме смесување,т.е. го имаме најдено преку пријатели ама ни фали превоз Незнам ни дали организираат на 5 дена само превоз,минимум да не е за 7 дена?